Ми излезе статија дека состојбата на Боки 13 е животозагрозувачка, коментари милион, саде ситење. Кога стана мнозинството од народов психопати? Зло колку сакаш. Страшно
Што ве спречува да не се туширате често? Значи и да не работиш ништо, се чувствува и смрди. Антипреспирантите и дезодорансите не штитат 48ч.
Колку ме нервира кога ќе кажам нешто и соговорникот, како? Ок, еднаш да повториш, после пак, како? Па не сум папагал!!!!
Вечераме со маж, останал случајно пуштен ТВ на некој наш канал. Во позадина оди наша македонска серија, си викам да видам што се случува, наша серија, ме заинтересира. Мутави ликови, серија без поента, се се одвива во една соба, на една сцена седат 3 лика и рчат, дремат, се расправаат. Тоа е сцената и серијата. Изгасивме за 10 минути. После ќе речат зошто не гледате македонски серии и филмови. Вакви мутави ли да гледаме серии или наши филмови што се како евтин порнич. Се хејтаат турски серии и како биле уназадени ама од нас поуназадени нема. Во турски серии најнова мода, локали со светски изглед, убави куќи, сцени, високобуџетна снимка, драми, убави глумци, одлично обработени приказни, кај нас ни тоа. Од нас подоле нема. Истото би го рекла и за музиката. Што да слушам наше? Не е дека само се плука по нашето, стварно за ништо не не бива. Народ само за крадење пари, расправање за политика и лежи лебу да те јадам. Баш би сакала да има наши добри серии, филмови и музика, штета што ништо нема.
Во врска со видеово со тепање на бабичкава, сдк дека и кај нас треба да се прочешла по тие објекти. Големи се шансите и во државава да има насилство во домови за стари лица, оти не се прави никава контрола врз нив. Народот кога ќе почне да оди со стапови два метра никој нека не се чуди оти тоа се случува.Овие проблеми само со стап ќе се решат,џабе е пријава кога мнолгу животи се уништиле.Со насилници само со насилство се враќа, да видат како е.
^ Да се надоврзам на муабетов. Не го изгледав видеото затоа тшо знаев дека ќе ме вознемери, но сред вечера го пуштија на вестите, па го видов. Луѓе, се потресов. Прежално е за бабичката. Се гледа дека е дементна, не знае која е, каде е, а таа идиотка ја удира.. Не би можела да поднесам да видам такво нешто да се случи на некој од моја фамилија. Лично би ги запалила без око да ми треба. Се надевам дек ќе добијат повеќе од месец дена затвор. За жал, и во Македонија е истата приказна. Одбиваат да ја завршат работата, луѓе страдаат затоа што они кафе си пијат.. Жалосно...
Ќе се правам дека не се случило и дека се е во ред, инаку нема да можам да продолжам. А не дека ќе заборавам.
Си ги читам мислењата, некои искуства што споделував и ми доаѓа да се отрујам Најтрагично е што неколку души што сум пораснала со нив знаат дека сум овде и никот ми го знаат. Friends, доколку ме читате, знајте дека приказните дека сум имала дечко се ЛАЖНИ како фалсификати жити сѐ! Само за тоа имам лажено овде.
Најомилен дел од денот ми е првото утринско кафе, листањето на моите омилени теми на форумов. Дефинитивно релакс табиет.
Кога ќе стане конечно општо прифатливо дека ако си млад не мора да одиш во дискотеки, да пиеш, да се курваш, да се облекуваш провокативно. Не, не е тоа живеење живот, не сметам дека нешто пропуштам, си имам други планови за себе развивање и живеење живот. Сакам мирен живот, сакам многу да патувам и сакам да сум среќна во својот мир, со мал круг на луѓе што се искрени и ми значат и да сум заљубена. Толку сакам. Патувањата ги отвораат видиците во животот, а не акањето и пијанчењето по дискотеки. Ме замараат луѓе што ме тераат да правам нешто што не сакам и упорно ме убедуваат.
Некои денови како овој денес само сакам да си седам и одмарам дома, да си бинџам серии и да си се релаксирам. Ден за пижами и правење ништо. На вакво време и толку ми е енергијата.
Новинариве кога ќе престанат да фалат спортисти? Аман, не ги бива. Само отказ заслужуваат.И онака повеќе се во кафеана отколку на тренинг. И не секој сака спорт. Иновации, мерки и проекти сè оние нешта што повеќето луѓе сакаат да ги видат и слушнат. Зошто? Затоа што државава има многу побитни проблеми од бранење гол.Глад, жед, сиромаштија, скапа струја, продавање терен на соседите и така натаму.На ова треба да посветат внимание, не на некој кој не знае топка да фрли или да брани.
Чувството кога се собираш сам себе, ги детализираш своите мисли и продолжуваш да живееш, да се бориш во неправедниов живот.