- Што правиш тука? Не ти е местото во темава. - Пфф ти најде да објаснуваш во темава. Дериште! Иди дружи се со некои на твоја возраст. - Секаде се плеткате. Го читате насловов?! Ајде гитла од тука. - Се оќореа децава со нетов. (*седи и го пишува ова на нет) - Најголемо достигнување на 20 годишниве им се 5465762 мислења на форум. Причини за минување време на форум: - Анксиозност при излегување надвор проследена со панични напади; - Немање друштво со слични интереси; - Раскинување на долгогодишна врска; - Осаменост; - Смрт на блиска личност; - Здравствен проблем поради кој минува време во болница па си бара занимација за да оттргне мисли; - Негативни и суицидални мисли и фаќање за сламка барајќи утеха на форум; - Емоционална криза поради оставање сѐ зад себе и селење во друга земја додека сите што ги сакаш се во местото кое си го напуштила; - Интерес за себенадоградување и растење како личност преку дискусија; - Криза во врска, брак, семејни проблеми, оттуѓеност. ... Сте имале разбирање за помладите од вас. Јас да ви кажам, поим си немате. И ако „Порасни па зборувај!“ значи да станеш игнорантна личност за сите освен за себе, тогаш не фала не сакам да пораснам.
Исто така, имам забележано, дека некои личност си го мерат искуството во животот и зрелоста со годините. Епа ок. So znais ti na 20 godini, mlada si, nisto ne znajs.
Сакам да им кажам на сите колку и да сте напредни во вашите мислења,поточно либерални треба да знаете дека живеете во Северна Македонија,можеби ке ме сметате за примитивна со заостанати сфаќања,но секогаш сум за традицијата и семејните вредности.
Сакам да кажам колку убаво би било секој да можи да ги бира вредностите кои ќе ги прати, а да не е „само дома како шо си сакате, за надвор ко гротото“.
СДК... Моментот кога барам детско плико во книжарница, а на прашањето добивам прашање од вработената, За машко или за женско... Фала за услугата. Не сакам одредена боја по тие извикани стереотипи со шаблонски изглед... Избирам варијанта handmade.
Раната од куршум е милост и спас за разлика од раната од тешки навреди.Поради првата може да умреш веднаш,а втората те убива безброј пати.
Доволно е да видиш нечија фаца на слика само еден миг...Доволно е да слушнеш само еден стих од некоја песна...Доволно е да осетиш познат парфем од минатото на случаен минувач, за да ти поминат илјадници чувства и слики низ глава и да сфатиш колку сега си посреќна. Минатото не е за џабе минато.
СДК, страшно ме вади од кожа ова потценување само заради географската локација на мапата. Ама страшно. Јасно ми е дека нема ништо лично со мене и да, јасно ми е дека западниот свет е со светлосни години пред нас ама не можам, а да не се почуствувам обесправено. Секој можен ден. Да не се лажеме, факт е дека никогаш нема да ме почитуваат и третираат исто како што третираат Американец, Британец, Канаѓанец... само заради тоа од кај сум. Јбг. Можда е полесно кога ќе се помириш со ова ама не верувам дека некогаш ќе се случи тоа. Па така, секој ден, како Сизиф и каменот, ти буткаш, тој се тркала и така... помина денот, неделата, месецот. Од друга страна, се' повеќе се запознавам со дечки и девојки од Србија и Босна што работат во истава каша како и јас... и им се воодушевувам на тоа колку се борбени, колку тераат бизниси и стартапи и колку се со претприемачки дух и колкав пазар имаат само на регионов. Помирени се дека нема лесен начин да „пребегаат“ некаде и од ништо, прават нешто и најбитно - се држат заедно. Веројатно не е за овде постов ама ете така, ми дојде да си кажам.
Никогаш не вели никогаш, ама дефинитивно НИКОГАШ нема да се собујам боса на свадба/забава. Понекултурно и посељачко нешто не верувам дека ќе видам. Ако не си способна да носиш толку високи и незгодни штикли, земи нешто покомотно и полесно за носење. Ако немаш полесни резерва обувки со тебе, тогаш седни малку одмори ги нозете. Музиката не бега. И јас неколку пати имам носено нови незгодни штикли, па седев се одмарав, правев паузи, а во никој случај не помислив да станам боса Не, најсериозно...едно од погадните нешта ми е боса девојка/жена на свечена пригода. На плажа сме или на свадба? Ако не па и фустанот соблечи го да се излуфтираш малку Фризура убава, шминка перфектна, фустан како од бајка и гледаш долу БОСА Цел изглед и труд паѓа во вода па каква сакаш биди.
Ова не чини,она не чини на форумов... Ништо нема да постигнете само со зборување и пишување. Акција треба!
Сакам да му се заблагодарам на господ за све во животот што ми донесе,лошото го сфаќам како лекција,а доброто како награда.
Онаа ќе бега од форум,оваа,овој,оној..... ОК,бегајте! Ама,ништо нема да се смени со кукање. Треба да се повиши гласот!
Често читам коментари дека на луѓето ги нервирало кога мајки збореле за дечињата колку месеци се и покрај тоа што имаат годинка-две или пак дека збореле во множина дека прават нешто. Но, мене ме нервира нешто повеќе. Дури ова погоре ми делува океј и помила верзија, не ми е толку страшна лично мене. Многу ме нервира кога мајка на детето му се обраќа со погрдни зборови или го опишува така, од типот “колку почна да јаде моево, како свиња ќе стане“ или ќе почне да му вика „како се утепа и толкава модрица направи, глупаво ниедно“ или па и уште некое шамарче ќе му влепи и ќе му вика “глупаво, слеп да не си, кај глеаш, кај одиш, нозе немаш, сакат ли си?!“. Е, мене ова ме нервира. Или од него ќе направи да врши булинг на децата во градинка/школо, благодарение на тој “богат“ вокабулар научен од дома кажуван со нервозен тон, како свињо, глупаво, идиот, слепец и тоа само поради ситница дека некаде паднало, а е само дете или пак ќе биде исфрустрирано и полно со комплекси. Мене ова не ми делува добро родителство, можеби не сум мајка ама вака да се обраќаш кон детето од 2-3годинки ми е тотално бесмислено и може само контра ефект да има.
Дете од 8, 9, 10 години само да си прави јадење, активно да работи низ дома и скоро скроз да е задолжено за чување на помало братче или сестриче, па тука некаде после некоја година уште и некоја работа да бара (и тоа имам прочитано) - не е и не треба да биде нормално во ниедна надморска височина и димензија. Фино за вашите вештини вака од сегашна гледна точка, но за вашите родители ова во никој случај не оддава некоја ласкава слика. Нека ве направиле поснаодливи и посилни условиве, океј, но престанете да создавате идеали од вакви работи и демек да наметнувате некому вина што во денешно време не е така. Детство треба да е детство... најистакнатите луѓе од генерациите на наши дедовци се бореле и вложувале за нам да ни е поудобно, а сега и тие сами се жалат од времињава, ама па и овие помладиве што се приклучуваат на овие ставови за да не бидат како останатите млади - се „најинтересни“.