Шо ти значи безобразен народ. Имено, жена бара помош за млада девојка која е сама со детето и има потреба од работа бидејќи е во лоша ситуација. И сега нормално, добри луѓе даваат добри понуди, амааа пошо нели сме Македонија.Како први тако други, мора и другиве да ѝ ја џапнат приликата. Не викам дека треба да е забрането, ама сеа постов е за тоа девојче, и треба да ѝ се помогне да најде работа. Овие шо не си постираат оглас во ЖДМ, или сами да си побараат работа?? Нели не е океј да трчате по други прилики? Не ви е грев онака да сакате нешто за друг што треба да е наменето? Млада девојка, со бифш насилник и мало бебе Па толку осет да се немало Не дај Боже да праша некој нешто. Да може народов, на другому последната трошка леб ќе му ја земе.Особењаци едни, за вас било интернет, мрш
Голем инает сум била. Па, што? Така ширум ми се отворија очите. Верував и верувам во она што го чувствувам.Знам како да постапувам. Не сум од камен, ама ни мека не сум. Најубаво ми се покажува она секому третман според заслуга. Ми стана многу полесно да правам пиши-бриши на листата.
Не знам што е со модата во последно време ама речиси ништо убаво не може да се најде. Одам во мол, толку продавници ќе поминам и на крај со 2-3 работи се враќам дома, едвај и тоа купено. Повеќе работи може да се најдат по локални дуќанчиња отколку од продавнициве во моловите што толку се рекламираат и форсираат. Што е со толку тенки кратки маички што не држат ич топло за на ладново време? Не планирам бубрези да оболам на минусни температури . Нема нормална и пристојна облека за секојдневни обврски. Обична нормална блуза да си најде човек не може. Да не зборам за цените што се до плафон, а и што некои продавници 3 години истата облека ја продаваат, само сега дупло поскапа.
Знаеш дека си пораснал кога се радуваш на ситници како нов сунѓер за миење садови и успешно направен нов рецепт што го испробуваш и од првпат ќе излезе вкусно.
Не за џабе лупаше срцево за тебе..... Сега кога го направивме тој муабет.... Ама доцна е за се. Некои љубови можеби е подобро да не се остварат никогаш...
Знам да си се шегувам на своја сметка пред други за insecurities кои ги имам, а во реалност стварно ме болат и ми изгледа сѐ побезнадежно..
Секогаш истата приказна, секогаш истото се повторува. Влечење внимание кон себе доведува до сожалување.
Се вадам од такт кога некој ќе ми рече зошто на инстаграм не сум ставала повеќе слики од ќерка ми, баш била слатка, па сум можела и инста блог да водам. Зошто сум одлучила дека така е најдобро, имаме две слики и доста е за сега. Не сум за објавување слики од деца толку на интернет, барем не додека се толку мали. Сигурно нема од неа да заработувам. Ако не за секоја прдешка да објавувам. Веќе стана срамота и приватноста да сакаш да си ја сочуваш, па чудење. Што е до мене ни профили нема да имам на интернет, туку да не сум толку отсечена од светот.
На некои луѓе им смета кога човек е позитивен и исполнет... толку се несреќни и мрачни што дури те игнорираат...
Утрово ми почна со солзи. Машки. Солзи за душа на личност со која пораснав, ме научи да читам и пишувам кирилица и латиница пред школска возраст и бон тон. А јас не бев дома да ја гушнам кога почина. F*ck
Пред 10 години ми рекоа појди кај човек дома и погледни дали и колку пенкала има.По тоа ќе знаеш колку им обрнува внимание на другите луѓе и нештата.Тогаш како тинејџерка ми беше чудно, ама како возрасна многу добро сфатив колку има вистина во ова. Малите детали многу откриваат.
Се радувам ко мало дете, пристигнаа кај нас Есенц календарите со слатки пакувања. Вчера нарачав денес си го земав моето Радостиии А и одма се распродадоа.
Се плашам , многу се плашам. Сега кога стои пред мене шанса што со години ја посакував. Зошто бе зошто еднаш во животот не може да бидам среќна и да се израдувам искрено без да ми висат над глава уште 10 проблеми кои ми ја матат среќата. И секогаш е така .