И ова фриленсинг не било толку лесно како што е идеализирано претставено. Друго е кога ќе го искусиш од своја перспектива. Нормални луѓе во петок вечер шетаат, јас до сега работев со странци зошто кај нив е ден и работно време. Очи оќорев на лаптопот ама се надевам ќе им се допадне работата и дека уште повеќе работа ќе добијам. Сепак и сам свој газда да си и да си работиш од дома е поубаво од расправање за уште помали пари кај македонски газда, бонус на се и арогантни муштерии.
Еве ме, не дека некој ме барал, хммм.. му фалев, ама да си се јавам по навика Последниве две-три години ми се измести целиот животен тек. Многу случки, малку смеа, радост и по некоја солза. Не би сакала да се враќам на тие моменти во мојот живот. Добив многу удари, мислам дека паднав во дупка. Сфатив дека во животов ќе те повредат оние на кого најмногу сум им вервувал. Мислев дека во животот ќе имам поддршка, ќе имам некого, ама сум се излажала повторно и повторно. Како во круг ми се врти се одново. Сега одново си ги враќам оние моменти, животни избори што сум ги имала, „што ако“, тоа што можело да значи не тука, туку можеби далеку некаде, бел свет да видам, да значело далеку од оваа мизерија, ова секојдневие, лажни пријатели, врски. Можеби и сама си сум виновна длабоко во себе, што верував дека ќе се промени нешто, ќе биде подобро. Не ризикував, оттсекогаш сакав мирен, тивок живот. Сакав моја комфорна зона, се затворив едноставно во тој облак, тоа ѕвоно и се изгубив. Низ стаклото ги слушав сите гласови, отчукувања, немири, низ очите ми прелетуваа сите настани, а јас бев нем набљудувач. Се плашев да преземам ризик, да излезам од таа зона, се плашев да не згрешам, се срамев, не се сакав, не се прифатив, не се слушав јас и се повредив. Доаѓа период на себесоздавање, на градење и учење од оние грешки од минатото. Ќе мине се` и ќе се обидам да се изградам. Сама.
За кого сум се трескала од земја , сум немала а сум пречекувала гости од срце, сум кратела од обврските за да посветам внимание , сум прекутувала на потценување а во иста секунда сум ги издигала истите кога требало и не требало за да се покрај мене позитивни и да им намамам насмевка ... За кого сум го правела ова ќе покаже времето , доколку издржат ...
Не биди од оние кои плачат, биди од оние за кои плачат. Не молчи, врескај најсилно што можеш. Не виткај кичма, исправи се со гордост. И душманите ќе пукнат.
На фб морализира како не биле битни брендовите, не била битна облеката дали е бренд или не, ама затоа купува гаќи за 2000 кои исто ќе ги помоча како и оние од пазар, успат и 46959 други скапо брендирани алишта, нормално, тоа да се документира со слика е обавезително, ама сепак не е битно дали е марка или не. Оди па сфати ја. Ми се од вакви хипокрити.
Колку малку ми е потребно за среќа... Господ секогаш да ги чува луѓето што беа вечерва на масата и уште неколку надвор од неа.
Секој си има свој пат во животот и не е одредено кога нешто мора да се случи. Како ме иритираат луѓе што глумат паметњаковичи и дека се нешто подобри од тебе зошто нешто направиле пред ти да го направиш. Смањете доживљај.
Интересни профили на луѓе ми се оние кои тебе те "силат" за нешто да направиш, јер нели поддршка ти се, а притоа во фаца ти велат дека тие не би го направиле тоа
Од рано сабајле ходајуча дијагноза луѓе треба да трпам со нивните нерешени комплекси и желби за надмоќ. Ма преку глава ми е веќе од се и од сите. Посебно од луѓево што се само и само од корист и од овие што не си ја земале терапијата.
Доволно се уништив себеси верувајќи им на некои. Сега знам подобро.Повнимателна сум. Кој еднаш се изгорел ќе дува и на ладно млеко.
Го знаете чувството кога сте најлоши за себе, а најдобри за другите? Јас да, и нема ништо поочајно од тоа свесно да си штетиш себе, а на другите да им бидеш магаре и самар, и за психички потреби и за физички, и на крај секогаш да те фрлат во некоја провалија, без најмала грижа на совест.
Ова се однесува за чување мисленици ама можи да биди и општо. Зошто би чекале fuck around and find out? Зошто ако сите прат, тогаш МОРА да е исправно? За милениците мои, јас имам целосна контрола на нивната исхрана. То значеше да се "борам" против татко ми и "еми ене и онај така прај шомуфали на кучето", "е како не му имам даено ова и ништо не му било" итн. За жал, другар негов го изгуби кучето денојве. Не го судам. Не секој знај шо е штетно. Иако сметам дека треба да се потруди да праша ветеринар во најмала рака. Татко ми знај. Оти јас му кажав. И ветеринарот мој му кажа. И пак сметаше дека се глупости. За сега, од кога другаров изгуби кучето да речи: "па, во право сте биле... Кој знаел". No shit. Јас знаев. Ветеринарот знаеше. Со тебе беше споделена та информација од таму и ти знаеше. Ова низ годините мал милион пати се има случено. Да не ме слуша, да се случи точно то шо велам. Па после да биди ко: "којзнаел". Башка шо, јас не велам "оти така треба" и не оставам само на "не смеј". Давам детално објаснување шо ќе се случи. Ве молам, зборајте со вашите ветеринари, чак и читајте ветеринари шо велат за исхрана онлајн. Пр. Готвени коски не за куче, покрај то шо не се нутритивно вредни, се дехидрирани и лесно се кршат остро, шо е опасно. Одредени храни се токсични за животни ( пр. Кромид за куче), шо за нас се океј. Количина на лекови за болка и стрес можи многу лесно да се утни, ова е покарактеристично за мачки. Колку искуства сум слушнала шо утнале оти мислеле дека е "океј" да се напие аналгин мачето. Не само шо не е океј, туку е и опасно. Некогаш и ситница да е, подобро да прашаме. Better safe than sorry. И не е ова рант за другаров на татко ми. Не се раѓаме со знаење. И можам само да замислам колкава болка има и искрено ми е жал дека вака заврши. Се нервирам со мојов дома шо мораше буквално да се "борам" за да ми поживеат моите пред да преземам контрола во исхраната.
Не ги разбирам луѓево некогаш, начукале 25 и кусуро години, се дружиш, шали на своја сметка сметам дека секој би примал... Го сликале и беше објавен на мотика пријател наш, случајно, пошто кај нас во казино и забави прават, и ај на групен чат рековме че се позафркаваме. И по два три дена братов се изналутил и ми се јавува ми вели од Тој и тој чоек што го сподели линкот нека го избриши, оти јас че покренам судски да се заштитам ако не го стори то. (втф си викам, шо му стана на овој) Му велам добро зборни со чоекот што го сподели линков и разберете се... не не ми вели ти кажи му и упорно ми заповедува. xD Слушај му викам, не ме масирај многу многу, во гужви сум и ме замараш со глупости за мали деца, еве ти број јави му се зборнете. Се прашувам себе си, толкави токмаци зарем си земаат при срце глупости?