Ќе завиткат, ќе шугркотнат, ќе исмеват и ќе се возвишат во една реченица пасивно агресивно. Бести извај агресијата од тебе. Можи конечно ќе ти олесни.
она коа се либерални и све прифаќаат се додека некој не го дели истото мислење со нив. во демократија се крстат а не дај боже некој да каже нешто спротивно нивните убедувања. сакам да се **** нејќам да ми влезе работава.
Порано не можев ни да се погледнам во огледало.Хаос во движење си се нарекував. Сега се гледам и сум задоволна од себе.Гледам една посилна девојка која умее да се бори. Доста се тресев.На ред се другите да се тресат.
Гледаме во кино што филмови има за да одиме деновиве и многу слаб избор на филмови што се прикажуваат. Се разочарав. А картите прескапи. Да нема на понуда никаков криминалистички, мистерија филм. Романтични само 3-4 филмови. Дали годинава многу слабо филмови излегоа или изборов за гледање кај нас е ужасен?
Колку пати сум се зезнал да почнам да пишувам за да честитам веридба преку стори на некој познаник, кога гледам тагнале други што се вериле и со таа слика од прстенот им честитаат. Од каде излезе ова честитање вака, прашање на време е кога на погрешен пар ќе им честитам.
Уште малку и ќе почнат со прашањето каде за Нова Година па оди докажувај се дека ќе бидеш сама, јер сите кои си ги дружела низ годините, сега слават со маж, дете, дечко. Тажничко е што секогаш јас бев матицата која правеше разни отстапки, комбинирав дружења за никој да не биде сам, и одеднаш се најдов сама, ама нема врска ајде
Сакав да копам биткоини, ама не го сфатив концептот. И така у двор си ја откопав патиката шо ја закопав ко имав 5 години. #КакоЈаОткривАрхеологијата
Со закон да се забрани пишување од страна на колеги по завршување на работно време, посебно пак за време на викенд. Напаст и луѓе без осет.
Колку пати луѓе што ви глумеле пријатели ве отфрлиле и замениле во прва прилика кога веќе немале корист од вас? 2022, пожална не можеше да си. Ме искрши веќе, ме сруши, немам сила за нови разочарувања, навистина немам, уморна сум. Поосамена, потажна и поразочарана не сум била. Годинава полоша и од 2020 излезе. Убаво викаа 2020 two
Најсмешни ми се луѓе во стил ти кажувам сине, најди се зету. Ако имаш нешто директно да ми кажеш што ти смета, кажи. Вака да вртиш индиректно како киша око крагујевца, извини сериозно нема да те сфатам.
Е па јас кога ви кажувам да не ми правите лошо бидејќи истото ќе ви се врати дури и полошо, вие не ме слушате. Ете видовте сега што се случи. Пак така правете. Ех така на сите во светот да им се враќаше веднаш како на вас, ќе цветаше земјата. Да можев да го вратам времето ни секунда не би минела со вас.
1 месец и нешто порано почнав да им порачувам новогодишни подароци на блиските. Официјално ја прогласувам новогодишната еуфорија за отворена.
Многу мразам што светски настани се одржуваат во затуцани држави како Катар, и да има безброј прекршоци на основни човекови права, притоа простачиштата од цел свет да го поздравуваат тоа и да се ситат. Е па не можам!