Најјаки ми се овие простиве луѓе наводно искрени "па не е нешто убав дечково, можеш и подобро да си најдеш". Извини? До кога по пари и изглед луѓе ќе проценувате, мизерија светска. Мене душата на човекот ми е убава, за друго не ми е гајле. Некој ќе те цени, почитува, прекрасна личност ќе е и ќе се дрзне некоја Стојанка да коментира дека не ти бил убав дечкото. Марш во пичку матер. Мене ми е најубав.
Од ко ми стигна планерот и напрајв 2023 резолуции, мене денес на пример, ми е католички Божиќ. За некој ден Нова Година. И од таму си прам рефлексија на изминатата 2022. 2022 за мене беше rollercoaster. Со многу удолници. Некоја угорница. Не целосно балансирано ама како одеа едно по едно, вау. Ко ќе се сетам на првата половина од годината и споредам со вторава, како два различни животи, две различни години. Можи и зато веќе некој месец мислам дека сум и година постара, пошто како две различни години доживувам. И ми влијае(ше) емотивно и ментално. Многу помалку толерантна сум. И ако можам да се фатам како се иритирам за ситници, неќам да замислам како е за нешто покрупно. Или шо се смејме со другарките: petty bitch. И во 2023 ( ) сакам да се вратам "назад" со способноста да искомуницирам полека се, без да експлодирам само во моментот ко ќе е споделена информацијата со мене. Оти од апсолутна контрола на емоционална реакција сега сум a fucking volcanic mess. Дур и терапевтката забележа ( нормално де). Не знам дали ради муабетот или оти дур зборавме го раскинав стрес топчето на 3 дела. Дали мислам дека и ова има одредени придобивки? Искрено да. Напрајв одредени селекции оти поќе емоционално се движам низ животов. Фрлив товар шо се вели. Ама пак сакам да ја имам та контрола. I might keep the pettiness tho. 2022 ми засили одредени стравови шо ги имав од претходно ама исто така успеав да надминам и некои во неа. You win some. You lose some. Ама овие шо ми ги засили ме прат параноична ама јбг, нека е тој товар разрешен 2023. Дур и тема за есеј одбрав едната мака. Гордо ќе презентирам пред групата шо ме мачи во есеј форма пошто зошто да не. И така. Тоето. П.С. фани е ко ќе субјективното чувство на време ќе ми се поклопи со точното.
Се понашам како да не е денеска Black Friday зошто на сметка ми се останати само 80 денари. Студентски живот.
Има луѓе што колку и добра слика да објавиш, никогаш нема да ти стават лајк зошто од некоја причина те нејќат или ти се љубоморни. Повеќе лајкови со непознати си ставаме него со овие со кои секој ден сме приморани да сме заедно. Не дека толку се замарам за лајкови колку што знаеш дека некој со кого сте во ист клас не ти става НИКОГАШ лајк од вакви причини, кажува многу за човекот дека не може да те поднесе.
Она величење и воспевање на првата љубов Првата љубов вреди само ако е и последна, инаку што ќе ти вреди нешто пропало.
Едно од најзаебаните чувства ко ќе си overthinker with anxiety е кога некој ќе ти пиши "поинаку" од обично и/или ќе те остави на seen, те одбива да излезите ради други работи, и тебе мозокот ти оди во full panic mode иако свесна си дека претеруваш не можеш да престаниш да мислиш на црни сценарија како намерно те избегнува иако немало причина ама живееш во страв дека луѓето можат во секој момент да се премислат за тебе.. Особено па ко ќе има човекот "поинаков" карактер, а го знаеш добро, ама сепак те обзема overthinking па пречитуваш стопати, анализираш ситници.. Сѐ поради стравот да не го оддалечиш/изгубиш, оти толку ти значи. Барем не сум таква што опсесивно праќа пораки. Спојлер I need a therapist I know.
Сакам да кажам дека по полноќ ги имам најреалните размислувања, може и затоа имам навика да си легнувам уште во 11, со цел да ги избегнам. И изминатава недела кога ќе се разбудев рандом во 3 саат со најголемата анксиозност, чувствував огромна потреба да се искажам некаде(најверојатно на форумов)како навистина се чувствувам во последно време, меѓутоа никогаш не го направив тоа, знаејќи дека следниот ќе се каам за истото. Заклучок, имам проблем со валидација на сопствените чувства и емоции.
Форумов има лошо влијание на мене. А видам нешто во што последно си купивте што ми се свиѓа, одма ми се трошат пари.
Значи стварно некои не ги оставаат децата да бидат деца, на три години го запишала на курс по англиски..
Доста г**на јадев на форумов и навредив членки/ови од истиот.Се надевам ќе се поправам, а времето ќе покаже.
Само мене ли овие адвент календари за шминка не ми се допаѓаат од ниеден бренд? Не се баш евтини, а внатре ништо посебно не ставаат. Мали и непотребни производи. Поевтино доаѓа посебно да си купи човек тоа што му е потребно во моментот. Подобро една убава квалитетна поскапа палета ќе подарам на некого отколку да му фаќаат простор пола мали подароци од тоа. Можеби вака размислувам дека немам одвишок пари за глупости и парите ми се пребројани...
Дедо Мраз здраво Цвета овде, знаеш онаа што квичи цело време на форумот и во животот. Е да, таа сум. Hello Абе види вака, малку незгодно ми е , ама мора да си кажам. Ќе може ли бе оваа година малку да го искараш Марфи Абе ич не е другар. Запнал само со мене да се дружи. Па не бива така, па сакам и други другари да имам. Мир не ми дава. Се тој па тој кај мене Пакетче дај му, ама однеси го во некој друг град. Да не се гледаме некое време. За после кога ќе се видиме, да се израдуваме ептен И да, за мене пакетче не мора оваа година. Ја барам секоја година, а ти упорно правиш грешки. Наместо пакетче чоколади , ти ми пушташ пакетче лекови. Затоа оваа година не мора ништо П.С. Ако ептен сакаш толку многу и си упорен да ме честиш нешто, ете може нешто скромно - 10 кила помалку
Конечно дојде време да си ја носам парката што ми е како ќебе да си имам на мене. Сега треба да си најдам мотивација да ги кренам летните алишта.
Денес открив дека категоријава слободно време имала најубави теми и штета што не се активни многу. Што убаво може места за излегување да си споделуваме, но ете...
Секогаш ми се смешни личности кои бараат повисоки плати, а не си ја извршуваат работата правилно. Силна волја да се бараат илјадарки повеќе, а труд 0. А, им смета кога прав трудољубив човек си бара платата која му следува. Аман... Ниту сите можат да бидат директори, ниту сите директори заслужуваат толкави плати.