Дедо ми ми раскажуваше за војни во негово детство, јас ќе раскажувам на внуците како сум била своеглав во младоста и жива сила не ме натерала ни една доза да примам вакцина против корона. Сите ги заборавија вакцините, најпаметни излеговме ние "антиваксерите".
Колку беше убаво сабајле за спиење. Си легнав рано, a денов ми е слободен, немам никакви обврски, си спиев без аларм колку сакам. Прекрасно е за спиење вака дождливо кога е, па плус покриен со топло меко јорганче, рај. Mornings like this . Многу е убаво кога ќе се разбудиш квалитетно наспиен.
Дали ни е украсен плоштадот? Навистина немаме место за шетање,еве утре сакаме да идеме некаде со децава нема кај По молови веќе ни здосади а и времево па ладно, сакав до Брезовица барем но и таму нема снег
Последниве два месеци ги поминав сите можни вируси и настинки без ниту еден антибиотик, уште ковид фали да биди додаден во листата(се надевам дека нема) доволно беше мислам за зимава
Во странство само 4 работни дена се воведоа во неделата, кај нас уште се размислува дали само недела да е неработен ден. Поуназадена земја, здравје. Само што за жал нема да се иселам и ќе си седам тука зошто не можам родителите да ги напуштам и целиот живот што си го имам изградено тука.
Во Кам маркет каде што одам секој ден, гледам денеска нови две продавачки. Ново отворена лихварска продавница, не забележав која беше дали М-Кеш, нз многу се. Муабетотот ми беше дека никакде нема оглас. Гледаш нововработени, ново место отворено за работа, ама оглас нема, за една обична работа, да не речам за друго. Чудеси.
Некогаш човек не треба да има и преголема самодоверба, туку треба да ја прифати реалноста таква каква што е
Колку повеќе си фин и добар со човек, толку тој си зема сила да ти коментира и префрла. Признавам, можеби сум сензитивен, но страшно колку некулутра и простотилок има кај некои луѓе, шо себе си се претставуваат како остварени личности на секаков план. На таквите, последно да е, нема да им завидам.
Си готвам и повторно ми се навраќаат спомени. Од малото девојче кое се врткаше околу шпоретот дур баба ѝ и вујко ѝ готвеа.Убавите мириси за секунда ја транспортираа во кујната.Се чудеше што готват и мислеше дека е многу тешко. Слатка мала наивка. Дваесетина години подоцно како возрасна девојка се врткам во кујната и ги правам истите јадења трудејќи се да бидат исто вкусни.Храна за утеха и потсетник на едно безгрижно време. Малку љубов и малку труд даваат совршенство. Само ми е жал што тие не се тука да ги јадат моите јадења.
Под итно со закон да им се забрани пристап до социјалните мрежи на лица постари од 55г. Срам ме фаќа кај што читам што споделуваат од секојдневието
Некоја девојка објавила дека по загубата на бебето едвај има волја за живот, во коментарите подолу една баба и пишала “Не си го сакала,ти си крива,предвреме си го родила”. Одличен одговор за злобна душа. Како спиете од кога ќе му изнакажете се на човек-а? Нели се плашите малку од Горниов? Немам коментар, се повеќе и повеќе ми се гадат луѓето. Не една, 100 психијатриски установи нема да ве излечат од злобештијата.
Јас: нема шо да одам по антидепресив за сезонската ( ист муабет ко лани и оломнани), и покрај се можам да речам дека сум среќна. *Ми текнува на годинава само делчиња* Исто така јас:
Морам да се надоврзам на ова @theowndemon. Сорииии Јас си сфатив дека немам сезонска депресија туку целогодишна, а некогаш ја нема(сезонски)