Одбегнувам луѓе кои цело време зборуваат само за дечкото. Дечкото вака со дечкото така, јас и дечкото ова Во ред и други имаат дечко, ама не мора секој муабет, секогаш цело време да се зборува за дечкото, има и други теми.
Комплексите се многу лоша работа и баш денес увидов зошто избегнувам блиска другарка. Никогаш претходно сум немала негативно мислење, но сум имала чувство на држи се на дистанца. Да, звучи контрадикторно вака, иако сум се борела сама со себе да не формирам мислење предвреме. И еве, нејзе сите ја одбегнуваат и уште не ѝ е јасно. Имај си ги, ама не ги проектирај на други. Патем, ми се згади и од коментарите под едно мислење во групата ждм (која многу ретко ја следам) и си прашува анонимно девојка/жена дека не носи шминка и која категорија на мажи таа би привлекла..Еј, првпат ми падна срам што сум женско. Зошто никоја не ја охрабри таа девојка да се носи себеси смело? Зошто паднавме како народ волку ниско и кога станавме вакви? Или бевме вакви како народ, па сега само полесно се откриваме..!? Ај добра ноќ.
Не ми се верува дека дојде време да се радувам на нови тенџериња, завеси, покривки, прибор за јадење Времееее, кај леташ? Чекааај, уште мислам дека треба на барбики да се радувам, на нови шнолки, јас сум пораснала Да ме праша некој дали сум мислела пред 2 години дека ќе сум среќно мажена и дека ќе запознам човек кој што стварно се грижи за мене, немаше да верувам во никој случај, дури се смеев со моите дома дека ќе си одам вечно стара мома, мхм да Како се менува сѐ за краток период дури чудно ми е.. и 2022 помина веќе, некој си игра со нас, намерно го врти времето побрзо бе.
Денес времето не е како што треба, или луѓето? Вечна мистерија е, исто како она "што е постаро јајцето или кокошката"
Сакам да имам свој дом и да си го декорирам како сакам. Дома никогаш сме немале многу финансии за голема елка, за декорации, не биле толку битни. 15 години истата елка ја имаме и годинава нема пак да се купи нова зошто има поголеми трошоци отколку декорации за еден месец во година да се купуваат. Живот. Некогаш ми е мака кога гледам како некаде е украсено..
Си ја средив собата, си запалив свеќа и чипсот до мене секако. Штета што фудбал нема од 10ч уште некоја утакмица
Во 4 дена завршив со гледање на цела крими серија како да следна недела на испит ќе ме прашуваат за тајните на мафијата. Ваква посветеност да имав за учење, магистер ќе станев до сега.
Најмал проблем е што од затворените улици не можеме на време да стигнеме на работа, школо, факултет. Најмногу е проблем за луѓето на кои им треба итно здравствена помош и секунди и минути се во прашање за живот.
Она кога ќе кажеш нешто на луѓе кои не те познаваат и не ти ја разбираат поентата, а си вртат по нивно. Па, кога ѝ кажуваш на личност која те познава цел живот што си кажала и веднаш те разбира оти сте поминале низ сито и решето.Па, двете реагирате исто.
Една од подобрите одлуки за оваа година ми е што не приклучив телевизија. Не дека ќе гледав нешто, освен што ќе слушав музика, ама колку помалку сум изложена на медија, толку подобро.
Со online работава се чувствувам како да студент. Секој понеделник и вторник останувам до касно . Во среда ми укажуваат на евентуалните грешки при проверка од четврток натака се чувствувам free и психички и физички , како камен да ми паднал од душа