Боже не можам да верувам дека ми се случи токму тоа чудо. Каква радост Верувајќи си на сопствената интиуција, пресреќна сум.
Млад човек што го гледам првпат излезе на кафе со друштвово наше, другар на другар. Толку денес ме напна и замараше со муабети за религииве, за политика, за пензии, за овие политичариве, подосаден човек не сум запознал. Имате ли друга работа попаметна на 23 години да зборите? Сите си правиме муабет за фудбалов како нормални млади луѓе, за девојки, лаганица нешто, човеков се избацува со "видовте статусот на овој политичаров, видовте овие сега се караат". После дознав дека бил член во некоја партија, јасно ми стана се. Некои луѓе се толку напорни, не се ни свесни. Со политика ќе се замарам во најубавите години од живот, немој да ме заебаваш.
Сакам да кажам дека јас зборам многу, ама не кажвам многу. И ко ќе се отворам малку поќе се осеќам разголено. Ај ќе ми помини.
Неделава ми е презафатена со обврски и нема да стигнам да си ја украсам елката и собава, а баш сакав. Едвај чекам да сум послободна наредните денови и да си средам се како што сакам. Ме релаксира китењето елка и знам со часови да губам време средувајќи се до детаљ. Годинава најкасно до сега ми е ова во последниве години што не сум украсила уште, одма осеќам дека ми фали дури некако нешто во ентериерот по дома. Си викам декември е, а не е таа атмосфера вака.
мора да признаам дека некад, коа ќе си препрочитам некое мислење и ќе видам шо израз сум употребила, сама се газам од смеење ко ненормална као тетка некоја
Внимавајте на кого му помогнувате , на кого му отворате врата од својот дом , за кого се трудите да го пречекате како нешто вредно , за кого ќе земате слободен ден , за кого ќе планирате викенди, внимавајте бидејќи тие истите во еден момент на се ќе заборават и ќе ве шутнат . Но акo има некој кој гледа се, можеби и со причина се случува.
Сакам да кажам без некој да ме цитира бидејки нема да ми го смени мислењето. Колку човек треба да е несреќен за да си дозволи да коментира нечиј живот , нечија смрт, со денови да пишува и анализира кој како живеел и умрел . Страшно. Полесно ли ви е така , еве незнам, неможам да разберам .Премногу си дозволувате. Секој си живее како сака, не е ваша грижа тоа. Толку
Хороскоп: Реагирајте смирено, склони сте на непромислени постапки кои ги комплицираат односите. Не го наметнувајте вашето мислење, бидејќи вашето мислење нема да биде слушнато. Во исто време, не коментирајте за луѓе кои не се присутни за да не се извините подоцна. за тоа со болд се слагам, за другото не баш
Понекогаш сум многу глупава, тотално многу. Верувам дека луѓето се добри,искрени и разбирливи, верувам дека ме ценат ми мислат добро и на крајот нож во грб. Се најлошо ми посакуваат, како спиете мирно дај и мене подучете ме. Како не се чувствувате лошо, како можете да глумите другарство само. Страв ми е веќе да се отворам, да верувам… Голем е Бог се гледа. Страшно,немам зборови повеќе. А богами ова ми е последно да се давам со душа и срце за некого.
Кој ги врати овие сјаеви во мода и гомно боја кармини + изглед на уста како после јадење бурек да му забранат да се бави веќе со мода. Поубаво од мат кармин нема, таков елегантен и дамски изглед даваат.
Мило ми е за среќата на другите.И ќе ми биде. Ама, не можам секогаш да покажам вау и супер реакции. И јас сум човек.Си имам маки кои ми го окупираат времето. Па, и други не покажуваат секогаш интерес за мене.Ама, ги разбирам. Секој има свои тежини во умот и срцето.
Не знам како да се спречам да не трошам пари по продавници на тон новогодишни украси кои и не ми се баш најпотребни ама ќејф ми е да ги купам. Друг со ваков проблем?
Оваа недела ништо не е исто, можноста да имаш некоја сериозна дијагноза и мислата дека тебе нешто може да ти се случи ме убива..... како да е ова некој грд сон од кој што не можам да се разбудам
Чувството кога по напорен период во кој почнуваш да се губиш себеси, ќе се избориш и повторно почнуваш да се чувствуваш како себе и притоа подобрена верзија на себе... а при тоа да владее и новогодишна еуфорија паралелно... е тоа чувство... Импресии од 2022 во една реченица.
Досадни се со серијата Wednesday. Уште од фрижидер што не ми излегло нешто за неа. Нешто веќе видено, оригиналот никој не може да го замени. Предосадно. Исто не ми се јасни како Netflix се толку популарни и кои будали плаќаат пари за претплата кога со 2 клика се ни е достапно бесплатно на интернетов. Фрлени пари за глупост.
Владо Ј. објавил видео, последен поздрав до Маја Ј. и отвараш коментари: нека почива во мир нека почива во мир нека почива во мир TI SI PEDER ZOSTO SE PRAVIS SO ZENSKI DEKA IDES
Недела вечер, долг туш, облечени најкомотните пижами, пуштена омилената серија на лаптоп и уживање по дома. Поубаво нема. Порано некако како ден недела ми беше напорен, но последниве години си го резервирам вака за уживање и релаксација, никакви обврски не си давам во недела вечер, па некако си го засакав денот.