Таман си мислиш дека помина уште една година во која ништо посебно не се случи, животот ти приредува изненадување ама зошто баш мене
Сакам да се врати времето кога мајка ми чистеше секоја недела и го мразев денот само ради тоа Сега се би направила да има некој на мое место да ми ги заврши обврските а јас пак само да си го мразам недела и да си лежам
Поголема мизерија од луѓе што ќе те заследат први на инстаграм и ќе те отследат кога ќе ги заследиш назад, а оставаат да ги следиш ти нив нема. Мизерно. Уште пишал во био дека работел таму и таму, таква титула имал. Џабе титулите другар, помизерен од тебе здравје. За памет, другпат непознати не ни прифаќам. Да си билдаат следачи само ќе да им е .
Пред многу скоро време ми се случи една тотално непредвидлива случка што остави длабока лузна на мене. Случката сама по себе не беше лоша, но ситуацијата во која ме доведе е ептен комплицирана. Се става во прашање иден однос со блиска личност што придонесе повторно да ми се зголеми анксиозноста и црните мисли. Поради тоа мислам дека иако не беше негативна случка, ќе почнам да ја доживувам како траума, или веќе почнав.. Морам да побарам помош, морам и да разговарам отворено со таа личност. Во најмала рака за мене да ми олесни. Бидејќи вака само се навраќам на моментот и ми се плачи, збирам во себе, сто илјади прашања ми се вртат во глава, сѐ ми станува too much to bear.. Аман, заман од оваа 2022, колку што ме издигна толку посилно ме тресна од земја. Доста ми беа лекции, сакам да одморам, сакам убави работи да почнат да се случуваат..
И 2023-та се приближува до аголот и ѕирка.Чека да ја истурка 2022-ра во заборав. Ама, бумерското „ ти си крив/а за сè “ нема намера да си оди.Се всади и во помладите генерации. Се собрала група да впери прст во еден човек наместо да го впери во себе. Како може тој еден човек да биде во ред кога групата или општеството не е во ред? Не може.
Додека оној што треба да ми биде безрезервна поддршка ја покажа себичноста, ти повторно оваа вечер го покажа твоето човечно лице, додека сум жива не можам да ти се оддолжам. Пак ќе кажам жртва за сите нас си, човек со големо срце... Благодарам
Нема ништо послатко од подарување подароци на дечиња. Колку само се радуваат и се весели и за ситници. Убаво ќе беше и како возрасни да сме така радосни во животот и за мали нешта.
Цел ден избегавам леб и благо, за на крај да легнам да спијам, затворам очи и доживеам една таква спектакуларна криза за нешо џанк… Станувам, отварам фиока под кревет, вадам стоен со месеци чипс и останати два ипол реда милка, душа на место, конечно. Нишо немаше вкус како шо би требало, чипсот јебена гума, милката-прашина ама се излачи серотонин шо да ви кажувам… Се повикувам на тој еден саат шо извежбав и се молам да ми отиде све ова у цицки… само таму има доволно простор за ова зло шо си го нанесов. Добра ноќ на сите гладни шо покажуваат карактер и вртат глава на фрижидерот после 7 вечер
Откако си ја украсив собава ептен ми е убаво. Мерак ми е да си ги гледам сијаличкиве како светкаат, а и елката некоја посебна убавина дава. Стварно е it's the most wonderful time of the year.
Кога ти е убаво исполнет животот, немаш многу време за социјални мрежи. Таква токсичност биле социјалните мрежи, не сум била свесна колку ми влијаат се додека не ги поднамалив несвесно. Сакам целосно да ги исфрлам од употреба, полека полека. Ни форум, ни фб, ни инста. Што помалку ќе се пуштам и ќе се трудам да ги одвикнам целосно. Само вибер и меил ќе користам. Како зависник што откажува зависност.
Унапредена сум наработа Најверојатно ќе имам и прилика да препорачувам Имам долг период пред мене за нови обуки, но овој пат без многу замарање. Само со позитива и насмевка на лице
Leave a note на инстаграм е најглупиот апдејт во историјата, а уште поглупи се овие што мислат дека се "интересни" со некои глупи досетки.
Денес разбрав дека имало причина што токму на твојот ден доживеав болка.За мене неочекувана, но,ти веројатно ќе ме гушнеше само и ќе ме потсетеше на минатите приказни, кои признавам не сакав да ги слушам....колку само си бил во право, колку е всушност се исто и познато. Те гушкам во мислите, благодарна што те имав....
Се осеќам издишано, преморено. Од се ми е смачено. Се прашувам каде во животот згрешив толку. Ме болат многу ствари. Се осеќам како да не можам да земам воздух.
Колку гомна изедов да не се цитира у СДК, па уше и посебна тема отворија, за на крај да неам шо битно да кажам... Може и боље чоек коа нема шо да каже... Си кажал се шо има, и сеа си е раат...