Ја накитив елката, прозорците се. Се надевам дека ќе ми се врати новогодишната еуфорија како до минатата година.
Значи време е да престанеш да бидеш размазена и да носиш брзи,исхитрени одлуки,а после на сите што те сакаме да ни ја јадеш душата.Мачно е веќе. Кога ти зборевме зачекај,научи прво добро јазик,никој нема да те бапне да работиш ко доктор без јазик,не ,во Германија не било така. Сега само кмечиш и бараш друго место.Ако. Ама послушај еднаш со таа твоја тврдоглава глава и научи јазик прво,сега не си сама,три деца носиш.. Не си сакала да живееш во држава каде нема основен лек за температура. Гнасни биле германците,истите тие кои беа многу љубезни пред година и се беше многу убаво.Сакаш во друга држава,каде да те пратиме да ти биде се ок од почеток.Во секоја твоја одлука сме зад тебе да те подржиме но некогаш послушај не.Полека. И се ќе биде добро до следниот повик,кога пак ке почнат плачки.
Денес Св. Варвара, слава на баба и дедо, 20 години како не се со нас, а јас ги паметам како вчера да беа тука , многу ми фалите , премногу многу рано не напуштивте, брат ми ,вашето најмало внуче не ве ни памети .
Отидов јас на фејк слава зашто се мора, иначе домаќините иако се полни со љубов и разбирање утре нема да ми зборат на улица. Македонија вечна
Колку језиво што годинава завршува на ист начин како и кога почна... Буквално истите работи се случија. Како да сум се вратил 11 месеци наназад. Ептен кул и крипи во исто време. Само нова војна да не избие, е тек тогаш комплетна копија ќе биде...
Во животот ми требаше многу време да сфатам и да прифатам дека без секој може да се живее. Си вршев себе си психички тортури, поради некои другарки и партнер во животот. Често се случуваше и од овие личности што ги сметав за "блиски", да бидам заменета. Поради нив мислев дека ништо не вредам, се срамев самата од себе... Кога почнав да ги одбегнувам и кога почнав да избирам да седам дома наместо да излегувам со нив, се пронајдов себе си. Тогаш сфатив што се си дозволив, што се премолчив и за колку работи се направив дека не сум ги ни знаела. Мислевте дека вие ќе ме победите мене ама јас ве победив вас, а најважното од се е што се победив самата себе и сфатив колку вредам. Мило ми е што никогаш не бев на вашето ниво и што апсолутно никогаш нема ни да бидам, а вие останете такви мизерни и продолжете со понижување други околу себе и мислете дека така ќе постигнете нешто во животот...
Како помала ич не сакав џемпери, ролки, шалови, марами, капа, ракавици, а сега не излегувам од дома доцна есен и зима ако не сум така наоблечена. Ова ли е тоа созревање и растење?
Добив понуда за брак после три години врска, и плус после пола година раскид, у порака, само оти му се слушнало дека иам дечко. Нарцисоиден поремечај who?! Дечко, ја од такви, море и бетер од тебе, од ДНКата им се испилив, нишо не ми моеш... Да умираш пред мене, нема око да ми трепне. Као викаше, не сум била таква ко шо изглеам?! Well, guess what? Се фати со грешна за орото...
Тажна сум. Многу разочарана во луѓето. И преку глава ми е од тоа што слепо верувам. Сакам да се сменам. Константно ми се случива ова. Толку ли сум глупа да не научам лекција.
Во групни проекти најмногу ми се одмилуваат луѓе што сакаат на готово друг да им сработи и што се 5 до 12. Сум имала поразлично мислење за некои. Се претставуваат многу вредни и работливи, а први биле да префрлат нешто друг да работи, со туѓи перја да се китат.
Човек да не знае дали подобро е годината да му биде исполнета со многу настани, многу позитивни и многу негативни у едно или година која е исполнета со една монотонија, без драми без возбуда и без плачки. Сѐ си доаѓа со предности и слабости ама којзнае кое е подобро. Колку повеќе мислам толку повеќе се губам...
Во 2023 освен добро здравје и сите да сме си живи на број, сакам да си најдам убава работа да ми се исполни желбата на професионален план и да се омажам. Ќе пишам во 2024 дали ми се остварило. Ова за потсетник
Borbata vo mene momentalno: Crvenoto gjavolche: Ne se raspravaj so provokatorka, pod nivo ti e Crnoto gjavolche: Napravi ja od gjubre podolu
Степен полошо од очекувањата на некои родители за нивните деца да бидат чувани од дедовците и бабите е јавно лице да го истресе тоа пред камери како да е нешто задолжително. Не, не е. Секој е должен да ги чува само децата кои ги направил.Не на друг, дури и да му се крв. Кога човек оди во пензија треба да му се намалат обврските, не да му се трупаат. Друга ствар... Преиритира воспевање на човек кој трча по топка, а немање ни едно благодарам на човек кој спасува животи.