Идеална сабота вечер во зима кога е вакво ладно и загадено ми е седење дома на топло и гледање филмови или серија на лаптоп со чајче во рака.
Спојлер: дневна доза кукање и разговори со себе Од неделни мисли, ако досега не ги сакав празниците, сега буквално не ми се постои дури не завршат. Не сакам да се гледам со луѓе, не сакам да славам, не сакам да чекам Нови Години, не сакам предновогодишни забави, во меѓувреме немам ни мир, сите ми се над глава, а буквално збор не ми се проговорува. Ни желби имам, ни цели имам, се трудам да навигирам некако низ животов, ама ни знам што сакам, ни знам што не сакам, тотално сум изгубена. Ниту ми се плаче, ниту ми се смее. Како и многу пати досега останувам сама со своите демони, стравови, мисли. Без многу надеж за убава година што следи.
Креми за лице што си ги купил, а не ти одговараат на кожата или си ги добил на подарок и не се баш за твојата кожа на лице, стануваат одлични креми за нега и хидратација на стапалата.
Не ми е јасно зошто има толкава фама во последно време за сјајчиња за уста. Купив едно да видам што толку ги фалат по интернет пред некој месец, никако да го потрошам. Грдо на уста, мрсно, лепливо, никакво, безбојно, само убав мирис има, не личи убаво ни на слика. Мирисот ли да го плаќам? Не мора фала.
Цела недела и повеќе сум многу поспана, посебно кога ќе се затемни, толку ми се спие, енергија нула, како отепана. И ми текна ај притисок да мерам знам дека ми е низок, ама не до толку 90 со 50 паднат, прекрасно. Тоа ми прави декември коа се понаша како пролет. Дојди зимо аман се ти е простено.
"Се претвори во нешто што најмногу го мразиш", ми кажа другар што ме познава многу добро. Јебига, подобро ми е вака.
Самотијата те учи да бидеш силен. Кога ќе видиш колку можеш сам да си бидеш најдобар пријател и поддршка, никогаш веќе нема да се задоволиш со трошките на луѓето за да не си сам. Признавам, страв имав да бидам сама порано. Трпев се од луѓето иако знаев дека е погрешно за да не бидам сама. Се плашев да седам сама во школо, на факултет, на кафе, да седам дома за нова година, да сум сингл и да немам со кого каде да одам. Сега за првпат прекинав да се трудам со сила да сум некаде и со некого што не ми одговара, што ме растажува и ги направив работите што ме плашеа. Седнав сама на кафе, на факултет, не пробував да сум само некаде со некого физички, а психички празна. Сфатив дека и сама можам, сум се потценувала себеси. Убаво е меѓу луѓе, но не по цена да ти прават чувство на осаменост, недоволност, пониженост, потценетост. Трпев да ме понижуваат и потценуваат само за да не сум сама. Одев на кафе со луѓе што ме потценуваа кроз муабети за да не сум сама. Сега кога ќе размислам убаво тогаш сум била очајна, а не сега. Кој ќе ме прифати целосно како што сум, со сите маани и неуспеси, така искрено тоа што сум, добредојден е во животот како пријател, партнер итн. Кој не, не ми треба ич. Подобро сама отколку со лажни луѓе што ме прават несреќна. Никогаш не ми бил попразен инбоксот на социјални мрежи, никогаш не сум била физички поосамена од сега, но исто така и никогаш не сум била свесна како сега колку можам сама и колку не ми биле потребни ни тие лажни луѓе. Годината ќе ја започнам така што на сите сум го видела вистинското лице, исчистени се веќе токсичните луѓе од животот, исчистено е се. Има место за нови и искрени луѓе. Ќе ми биде мило ако ги запознаам, ако не тоа е тоа. Спремна сум за нови и убави нешта во животот.
Зошто ни е дозволено на нас мажите да отвориме профил на форумов? Наместо да храбрите полова дискриминација преку константно пријавување на секој коментар, едноставно забранете ни пристап
Седам во тема за мајки вс немајки читам, а и во други. Шознам, ко ќе видам дел од работите набројани ете таму конкретно, кои не сте можеле да ги замислите ми се ... Чудни. Пошто се очекувани. Не знам дали би можела така на слепо и идеализирано да станам мајка. But to each their own. Јас би се мрднала така да влезам без разбирање и емпатија и да удрам во ѕид. Исто и во други теми читам "не можиш да знајш", и после шо не можам да знам е нешто шо е очекувано дека ќе се случи. Или во љубовни проблеми кога се збора за "мојот сакан", "љубовта", "ме обожава", ама така само на збор речено а тој внимание давање не нула, во минус влегол и не го дава ни the bare minimum. И то ме тера да се прашам, дали идеализираме голем дел од животот и кога стигаме на отпор ни е предизвик и проблем? П.С. мачорот не го идеализирам, сите сме свесни дека мачките се суштества даени од универзумот како плод на планетава и треба да им сме потчинети.
Се кочам.Ми треба време да се рестартирам. Порано бегаа од мојата срамежливост и си мислев дека не вредам. Денес знам дека вредам.Оној кој ќе го сфати тоа ќе остане.
Ја да фрлев нечие нешто ќе избиеше војна, масакар ќе се напраеше. А за нив тоа не важи нели. Со кого си играат курот .... Згора на сѐ ја сум на крај кривиот. Уште криват друг за зборови кои они сами си ги кажале и признале. Па врати чат мајку му стара... Твои зборови се или... не им се допаѓа како е кога тоа што они го праат на некому ќе им се врати... епа не ти ќутам бе, како ти се понашаш така и ја. Човек со тебе што живее треба седативи и хипнотици у кафе да ти дроби иначе не искача на крај. Језиво
Кај доставата на храна ме нервира што додека ти ја донесат нарачаната храна до дома веќе ти е оладена храната. Сфаќам дека се и гужви и се, но еден час и повеќе да чекаш за достава е премногу, а услугата се плаќа...