СДК добрата вест е што конечно почнувам да умеам да кажам по некој збор во самоодбрана, место кукавички да се тргам, лошата вест е што не умеам да зборувам без дткање и тегнење, јер не ми делиле за карање, ама и тоа ќе го усовршам
Еј , се отвори ли конечно ваква тема? Супер. Сакам да кажам баш ми е ќеиф вака сеа. Раат ! Топ. Ми се оди некаде на плажа..тоа сакав да кажам Yeah baby !!!
Во последно време имам недоумици околу една од најдобрите особини кои мислам дека ме красат, а тоа е упорноста. Недоумицата ми е, дали се работи за упорност или едноставно тврдоглавост. Некако имам чувство дека повеќе тежнеам кон второто. Упорниот работи разумно, полека но сигурно го пробива својот пат кон целта, додека вториов нерационално дава све од себе за да стигне таму, често и со главата во sид знае да удри и мисли дека вреди, јер тоа е цената за крајната цел. Да, дефинитивно станав вториот тип.
Продукт на македонскиот вакуум мозок е ограниченоста. Неверувањето во постоење машко-женско пријателство ослободено од физички контакт и интимност по дифолт продуцира етикета хомосексуалец.
Претходната недела, во рок од три дена, се возев шест пати со автобус. Значи, од шест автобуси, во три наидов на залепени гуми за џвакање по седиштата. Зошто? Лепење гуми за џвакање кај ќе се стигне, фрлање ѓубре исто така. И, кој не чини? Државата? Народот ја прави државата. Чуден некој менталитет овде, чудни навики, нарав. Нема никогаш да се искорени. Божем новите генерации паметни, надежта во нив се полага ама... Најавија во Скопје ќе правеле улични библиотеки. Уште од сега ми е жал за книгите.
Ново ниско е да посакаш на човек да се разболи. Ниско, најниско. Прениско и за најдолниот човек на планетата.
Деца без поддршка од родителите прераснуваат во возрасни личности со скршени идеали и неостварени соништа. Затоа родители верувајте во вашите деца за утре тие да бидат остварени и храбри!
Се будам некако нерасположена со тмурни мисли,како и времево надвор,за на крај да испадне се како што треба,не секогаш испаѓа дека денот по утрото се познава,кај мене е обратно,сабајле тмурно,но попладневно сончево.
Сакам да те запознаам а не ми даваш шанса, се плашиш а не сум личност од која треба да се плашиш.. дај ми шанса, нема да зажалиш ветувам..
Сакам да кажам дека темава е баш погодена.Полесно можеш да се искажеш кога знаеш дека не можат да те нападнат за изразен став.
Мислам дека ќе полудам.Ама стварно. Нецели 4 недели сум во зградава и веќе се мрднувам. Некој во станот над мене денски буши, а навечер ваљда децата или животните со топка си играат. Бам бам бам епа доста е.Сакам да им се качам со убаво да им кажам ама не знам колку ќе сфатат.Да имале осет немало да трескаат по цел ден.Четири дена како немам мрднато од дома 4 дена слушам тропање и трескање.Во Охрид сум јас најгоре па никому не му скокам врз глава.Тие таму до мене ме реметат цело лето со играње фудбал, дерење, трескање врати и плачење. Добро. Дојдов овде, прв пат има некој над мене и се што слушам е трескање и буткање предмети.Од фудбалсково доле исто цело време слушам бам-бам.Се чувствувам како во ратна зона да сум и надвор бомби паѓаат. Првите денови сите тројца се штрекнувавме, на секое лупање станувавме да не паднало нешто да не има нешто.Сега буди се со трескање легни со трескање..тежок бил животот во зграда, гледам јас ќе си се вратам во мојата златна куќичка.Си имам дворче,своја терасичка, и што е најбитно имам МИР И ТИШИНА. Нервно ќе попуштам веќе.Од кога сме дојдени толку гледам коректно да се однесувам, да не рокам музика до даска, да не трескам врати и да не се дерам по дома поготово ова време кога обично сите одмараме ама не..некој очигледно нема совест и чувство за останатите. Се качувам еден ден во лифтот.Отидов до најгорниот спрат притоа застанувајќи на секој нареден, и на симнување застанував на сите, погодете зашто?Некој ги испокликал сите можни катови.Се изнашетав.Во лифтот се собравме 5 души и ете така си се возикавме низ зградата, настрана што бевме со ќеси ѓубре и корнеше на депонија. Што е најтрагично, во зградава нема толку големи деца кои ќе успеат и најгорниот кат да го кликнат.Има бебиња и луѓе постари од мене.Бебињата не се сигурно што значи?Возрасните, многу убав пример даваат. Ех така, си се искажав ми олесна.Очекувајте за некој ден да пишам пост кај што ќе пцујам се живо и диво. Само во сабота и недела сабајле да не ми трескаат, бидејќи ќе им рокам секој можен ден музика до даска да сфатат дека не се сами овде и дека треба да имаат осет. И кај нас се бушеше да, ама моите намерно гледаа да е во период на работно време кога претежно луѓето се на работа и становите се празни.Култура малку култура.
Сакам да кажам дека во последно време се чувствувам како магнет за негативци.Каде и да се појавам се некој ми се жали како му е тешко на работа,некој немал пари, некоја се карала со свекрва или со незнам кој, некој бил во депресија ...... Сигурно е погрешно што се трудам никого да не го замарам со моите проблеми па си мислат дека мене ми цветаат рози секој ден.Барем некој да ме прашаше :"како си"?
Од „мудростите“ на оној ендемски вид сограѓани, кои уште ја сметаат за real thing поделбата на родени скопјани и провинцијалци, па ги вреѓаат и потценуваат вторите дури и во цели кринџ колумни - за момент срам ме фаќа што и јас сум родена во Скопје. И ми иде потреба да се извинам во нивно име за сета таа глупоќа и снобизам.
Не знаев дека кога човек кој во моментот не е во врска/брак смешно било и глупо да купува миризливи свеќи и продукти за миризливи купки. Пошто нели ако си сам зошто да се релаксираш? Да си се разгалиш? Да си уживаш по напорниот ден? Мора да имаш некој со тебе за да уживаш во ситници, а ако си сам не заслужуваш никаков луксуз. Чувај ги парите под перница и после кога ќе бидеш во врска ќе ги трошиш. Или ако не споделил/а со јавноста за интимниот живот автоматски значи дека не се гледа со никој, дека е сингл и зошто му/ѝ се купките по ѓаволите. Значи вакви ниски и глупи коментари не се свесни колку ме нервираат, ама после си викам уживај, тоа е менталитет и домашно воспитување кое не може да се искорени, што се замараш
Имам само 20 години, не сакам сериозна врска Ок, сфатив, не ми треба некој 24/7...Сакам да се забавувам, и да играм, и да пеам, и да бакнам барем 2-3 (кои ми се допаѓаат ). Boys here I come Хронична несоница Bad Ок, не сум
Станав во 8 за да одам да полагам, се спремив, се дотерав... и на вратата I just thought naaaah... Еве сега дома сум, гледам Devious Maids. Life can be sooo funny sometimes.
Најлош и најголем непријател ти е оној со кој ја делиш крвта.Треба да го држиш поблиску до тебе за да знаеш кога ќе те нападне. Ете,јас не сум будала повеќе. На никој од фамилија и од другите кои ми се познати не верувам. Верувам само во Господ. Силна сум. Кој и да ме нападне,десет пати пожестоко и поостро ќе му вратам. Јас сум таа која сум и нема да попуштам !