Толку нешта ме прогонуваат... се трудам да останам силна, морам да останам силна, но само глумам, јас всушност треперам и сакам да си излезам од кожа, да најдам некоја полесна. Сенки во мене во секое ќоше.
Не се сложувам дека од грешките учиме. Не научивме, и не научивме. Проклетството на преголемата желба за моќ, доминација и алчноста за власт убива. Во тоа име милиони настрадаа. И пак истото ќе се случи... до кога историјата ќе се повторува?....
Не се плашете од зомби апокалипсата која нема да дојде. Плашете се од апокалипсата на идиоти која веќе е тука.
Форумов ќе биде подобар кога неистомислениците ќе се почитуваат меѓу себе, а не додека не мислиш дека размислува како тебе ќе му вршиш психичка тортура.
Јас од иднината http://www.femina.mk/новости/занимл...-тргна-на-авантура-низ-светот-со-малата-ќерка Читав повеќе за луѓево и од една страна им се восхитувам, а од друга страна имам неколку неодговорени прашања што ме мачат Пример, гледам сега откако ја исполниле целта со шетање одма купиле нова куќа. Од кои пари? Зар од имотот што го продале имале толку многу пари за да можат невработени да шетаат цела година низ цел свет и плус да купат нова куќа? Имат сигурно и јака финансиска позадина инаку не знам како функционираат. Но сепак авантурава преубаво звучи. Наместо да седиш затворен во некоја монотона фабрика или канцеларија, даваш отказ, продаваш се што имаш и заминуваш да шеташ Всушност постојат многу луѓе кои немаат постојано место за живеење...Луѓе на кои професијата им дозволува да работат преку интернет. Го земаш лаптопот со тебе за да работиш, на сметка имаш пари и работиш од каде сакаш. Еден месец си во Франицја, па низ Африка, па во Хрватска, па Турција. Ај сега да си се потапкам по рамо и еден ладен туш да си манам за да се вратам во моменталната реалност
Раснети сме во земја каде амбициозноста оди под рака со анксиозност. Многу анксиознст. Немаме никаков safety net, ни од држава, ни од фамилија, за да оставиш се', и да шеташ. Различни карти ни се поделени. Ми беше во средно филм, колку кул, да оставам се' и да патувам низ светот. Дојдов на север, запознав многу такви луѓе, сега ми се пријатели. Едно лето, две работи наизменично, било што, од маркет до келнер, зема месечно 3000е минимум. За едно лето работа, има доволно да шета свет една година. И има каде да се врати. И да најде работа, и по струка и без, без никој да го замара, ни да го прашува кај си бил. Низ муабет со дечко ми, му викам нели е страшно, да не знаеш дали ќе се снајдеш кога ќе се вратиш после такво патување, после толку време? Ме гледа чудно, не сфаќа што му зборам. Од што да се плашиш ми вика, најлош случај - завршуваш на социјално, ако ептен сакаш, и пак живееш и повеќе од пристојно. Си подголтнувам. Како да му објасниш? Замислувам со наша плата, од маркет, рецимо КАМ, да си планираш да шеташ по свет. Смешки. Или тазе вработен. после првата година да си земеш неплатен одмор од многу добра позиција, на три месеци, за да шеташ со моторче низ Виетнам, и да знаеш позицијата те чека. Или па си плаѓаат дебели пари, па ајде цело лето на пракса во Јужна Америка и Мозамбик. Си плаѓаат за пракса бе, по 2000 евра, бизнис, дур ти р'мбаш ко коњ на две работи за да можеш воопшто да си дозволиш пракса после факултет, ако е неплатена нели. А веројатно ќе е, кога народ очигледно си плаќа за да го земат. 99% од младите од западен свет, што тргаат да се наоѓаат себеси по Индии и Виентнами, имаат страшен safty net, а не се ни свесни, зашто не почувствувале живот од другата страна на паричката, а нема ни да почувствуваат, џабе колку и да објаснуваш. Не дека не боли, ама тоа е што е.
Многу се чувствувам поубаво и исполнето,очигледно единствената работа која сум се чувствувала лошо си бил ти,токсична будала.И не,нема да ме направиш љубоморна со други девојки кога знам мене ме сакаш и ќе трчаш повторно по мене но сега тоа ништо нема да смени
Одам јас фино лепо да си го земам здравственото осигурување. Фино лепо си ги имам сите документи, и си велам конечно ќе ги средам раните во ушите и ќе ги исперам. Ама тоа летање кратко ми трае. Од ушите краток фитиљ ми излезе. Да не беше татко ми да ме спречи, ќе го натепав будалата од човек. Знаеме дека здравјето е скапо ама и кармата е кучка. Освен тоа, одам на портирница и велам културно на бабата "Дајте ми обрасци за здравствено и некој формулар." И таа што седеше до неа и вика на бабата "Што бара бе оваа?" "Оваа?" И за едно две три прсти да кликне на компјутерот треба да чекам до Понеделник. Не е битно, народов нека пати, нека сања за болници, друг нека полни усни со силикони и нека дреме 8 часа со сите 4 у вис "работејќи". Ние обичните смртници може и ќе си умреме. Е*ате администрација.
Како може човек да се успие за испит? Па, ја цела ноќ едвај око склопив знаејќи дека за неколку саата треба да полагам, не па да се успијам.
Баба ми пред 4-5 години си најде куче на улица. Не беше мало, ама беше диво, бегаше од сите, се криеше...Било малтретирано и немаше доверба во луѓе. Буквално се тресеше ако отидеш до него. Со многу трпение, упорност и вежби, денес се најдобри другари со баба ми. Каде оди таа, тоа по неа. Буквално секој чекор и го следи. Ја чува и со лаење и дава знак ако има некој во двор. Не напаѓа. Единствено само со неа е среќно, ја мрда опашката, скока од радост околу неа и само таа смее да го погали, а од други уште се плаши. И од луѓе секојдневно што ги гледа (комшии или пријателки на баба ми) се плаши. Само тоа кутрото си знае низ какви трауми поминало во минатото. Прееска се слушнавме со баба ми и ми вика: - Денес низ дома си седам. Врне и нема кај да одам. Среќа го имам кучево па со него си зборувам и си се смеам. Ова ми е најубавото нешто што ми се случило откога почина дедо ти. Најдобро другарче. Верно, питомо, срце на баба ми е тоа...Како детенце си го сакам Душа моја камо порано да го најдев. Па ми стигнаа и слики како си се гушкаат и си гледаат телевизија. Позитив не на денот, туку на цела недела ми се
Порано ми беше чудно како луѓето се замараат толку со животот на другите луѓе, а сега ми е жал за нив. НЕмаат време да го погледнат својот живот, од критикување и оговарање Жално
Темата е сакам да кажам, а јас сакам да прашам. Дали е нормално да нема пренос од ракометот на ниедна македонска телевозија и зошто не?
НАЈМНОГУ што ме нервира е тешење од типот "ее, да знаеш на X како му беше, ти па за ова се жалиш". Како не сфаќате дека секој различно ги доживува и реагира на ситуациите? Никогаш луѓето од страна не можат да ни влезат во кожа и да осетат што всушност чувствуваме и колкав е товарот што го носиме. Никогаш не треба нашите проблеми да бидат споредувани со туѓите и тоа да ни е утеха. Проблем си е проблем. Нема мал или голем. Пазете што и пред кого споделувате. Некои дополнително можат да ви отежнат во закрепнувањето.
Ова ми излезе неколку пати споделно на фб... "На плоштадот се пее песна „нека разберат клетите шиптари“ и се извикува „чиста Македонија“. Зошто бе луѓе? Зошто ја партизирате победата на Вардар? Зошто го користите овој момент за сеење национална омраза? Што добивате со тоа? Цел Свет ни симнува капа за успешната игра, само македончето бедно мора да се избрука со национализам, омраза, повици за убиства. На што личи ова? Згрозени сме од вечерашнава сцена на плоштад. Наместо радост за спортскиот успех, се случува омраза по партиска и национална линија. Јадно и бедно!'' И после читаш: Македонијо радувај се! Како да се радуваат жити се? Така што им посакуваат смрт на цела друга нација? Тоа е славење? Ќе беше вистинско чудо да не се спомнеше патриотизам и политика при славењето И да сакаш да излезеш на плоштад ако си нормален Македонец ќе се засрамиш од омразата и ќе се вратиш, а ако си од друга нација ќе се згорзиш дека ти посакуваат смрт. Секоја чест за ракометарите од кои патем 95% не се Македонци. Срцето го оставија на терен и заслужуваат да бидат достојно пречекани. А останатите по цел ден што дремете по кафани и едвај чекате нешто да се случи за да пиете и сеете омраза, мизерни сте. Ама баш мизерни.
Вардар шампион,па шампион..... Но,до кога? Кога-тогаш ќе биде поразен и ќе биде после скинат лампион. Значи,луѓе,осет немате. Тоа ваше пиење, урлање и дивеење не е славење,тоа е вознемирување на ваши сограѓани и прекршување на јавен ред и мир. Вистинско славење е само да кажеш браво за момците,да наздравиш со чаша сок и да му се помолиш на Бога да продолжат да редат успеси. Со дивеењето само се резилите пред светот.Срам да ви е!