Бранење на некој кој додава сол на нечија рана и притоа без да се има доволно знаење за ситуацијата и се прави патетичен обид да се изврти истата, многу кажува за луѓето. Има нешто тажно, труло и злобно во нив.
Мудроста доаѓа од обрнувањето внимание на мудрите луѓе. Љубовта доаѓа од залагањето за доброто на другите и ставање на другите пред себеси. Храброста се развива со одлучноста да паднеш пред било која пречка и со истaта да се соочиш без оглед на околностите.
Веќе со денови да не речам месеци се трудам се да организирам подобро и се брзам, се басам, паралелно работам на повеќе места не ми останува време за ништо. А немам квалитетен сон. Овој ли е тој свет на возрасни со брзо темпо на животот
Едноставно колку и да се труди човек не може да му погоди никому луѓето бараат влакно во јајце. Морам да се трудам да држам растојание од сите но, се плашам да не изгубам некои што ми се значајни. Сепак животот оди напред се надевам дека следната година ќе бидам по добра и ќе се најдам на подобро место со по добри луѓе околу мене.
2022, прекрасна беше. Благодарам за сите моменти оваа година, вредат и ќе се паметат! За 2023 си посакувам да ми биде убава барем колку оваа година што денес си оди. Ќе бидам задоволен
Си мислев дека ако животот е толку прекрасен немало да има песна за тоа да го констатира, едноставно ќе го живееш без да мислиш, и дека сигурно таквите песни се смислени за да се охрабриш кога ти е тешко. Но, можеби и грешам... Како и да е, ви посакувам на сите, да имате барем малку попрекрасен живот од тој што го имате во сѐ уште тековната година. Да бидете здрави и живи кога ќе дојдете овде, а животот да ви е толку исполнет со моменти што вредат, што ќе бидете помалку пред екраните, и нема да сте тука за да компензирате, а кога ќе бидете на овој форум, ќе биде за да констатирате дека има помалку бесмислени дебати, докажување, а многу повеќе сочувство, разбирање, и поддршка. И да ви се погоди филмот за нова година, кифличките, или забавата и луѓето, каде и да одите.
Уффф… прилично тешка година. После се што преживеав, истрпев добро е што уште имам сила за сѐ. Ранливи месеци, тивка депресија,борба,страв. Не секој би ми го разбирал бремето што го носев, не секој би ме гушнал и покрај лоши зборови да каже “се ќе биде во ред”. Доживеав корист,љубомора,очај. Тешки,претешки месеци поминати во страв,очај. Да не паднам во длабок сон ко мала принцеза,да не се разбудам никогаш повеќе. После секое добиено писмо се плашев што ќе прочитам, се плашев од сето дејствие. Премногу на срце ми легна сѐ. Сама, во туѓа земја, без моите родители. Еднаш ако имаш обележје, цел живот ќе го носиш. Седиш во болнички оддел сам,имаш само еден прозорец од кој надѕира една минимална светлина, неможеш да го видиш дворецот од зелени тревници,ниту дрвљата, всушност го гледаш другиот оддел од големата зграда и можеби таму те гледа некој друг со исти мисли. “Оздрави”. “Оздрави и оди си побрзо,да не се вратиш повеќе”. Имав илјада планови а сите се срушија тој ден. Од тој ден ништо не е исто. Сите си заминаа,сите ги пуштив. Да видам кому му значам,кому му вредам. Престанав да се докажувам која сум и што сум,престанав да се борам за сите, престанав да бидам формулирано потрчко кое се плаши да згреши да не се скара, се да биде идилично. Престанав да се обвинувам себе си дека секогаш е до мене,а другите се во право,престанав да дозволувам секој да ме повредува и да биде среќен, а јас да плачам зошто тој некој ме повредил. Престанав едноставно. Здравиот човек има илјада желби,а болниот само една. Една и многу скапа желба. Имав голема среќа и Господ ме штити, Господ ми го знае срцето,ми ја знае душата и затоа сеуште живеам и дишам. Во Новата година не очекувам ниту посакувам нешто,нека биде така како што е пишано, нека биде така како што сака Бог. Среќни празници на сите.
Каде бев пред 365 дена... Ко ќе ми текне на кое дно бев, денот кога сите славеа, јас кај бев.. Сега дури и ми е смешно ама тогаш не се смеев. Како и да е, станав од калта и се издигнав многу повеќе и од тоа што бев . Научив многу, од луѓето и за луѓето. Оваа година ќе ја паметам како една од најуспешните во животот. Себично, ама се најдобро ќе им посакам само на оние што нешто ми значат... и на сам себе, нормално. Бидете спокојни и среќни. Среќна Нова година
Ете и 2022 си оди. Но, моите тешки и ужасни спомени не. Како пред 4 години ми почнаа болки, а не ни знаев дека е нешто опасно. Седев така дур не сфатив дека морам во болница.Од една ме натераа во друга. Таму водев една битка.Ја добив. После се случија нешта кои направија да се прашам зошто сум тука уште. Некако се држам.Имам надеж дека 2023 ќе биде подобра. Тоа е...
Да имаш фамилија до себе, жена, деца... и да седиш на нет да бркаш пи*иња на празник, нг или било што значајно место да го гушнеш она што ти е дадено... дефинитивно е посебна дијагноза. Посебно на тие години... некои луѓе заслужуваат да изгубат се што мислат дека им е гратис дадено. За грев. Патем.. среќна нова на оние малку нормални останати
Навистина оваа година посакувам да ја започнам позитивно и да биде продуктивна година. Најпрво здравје и среќа па се останато. Во новава влегувам со нови мисли... Не враќам веќе стари лица доста сум искористувана, исмевана и изиграна. Оваа година фокус на себе , правење повеќе работи кои полнат душа. И се ќе си дојде во право време. Јануар да биде месец за спакуван куфер во еден правец без страв само храбро. Среќна нова
Еднаш и јас да си поминам убаво за НГ. Се зезам, секогаш убаво поминувам, ама вчера беше магично. Кога си со луѓе што ги сакаш супер ќе си поминеш без разлика кај одиш.
Не ми се верува дека некој ја гледал новогодишната музичка програма на македонските телевизии. Подобро да си легне човек да спие, отколку тoa.
Медиумиве отекоа со „првото бебе е машко“. Зошто упорно се потенцира полот? Годините си одат, но не и некои заостанати мислења. Доволно е да се каже нека им е живо и здраво. Ало, во 21-ви век сме.
Во животов не сум се сретнал со толку шовинизам, како ова што го претрпев за овие две недели на Фемина.
Во 2023 си посакувам да бидам опкружена со две групи на луѓе: Првите се оние кои сакам да ми одговорат кога ги барам на мобилен, наместо секогаш да се прејавуваат по неколку ебени дена, а во меѓувреме може се работи за нешто сериозно, ама јебига, за некои навики кои траат со години, нема одвикнување Вторите се оние кои сакам помалку да ме гњават постојано за без врска муабети оти оделе сами по улица, готвеле ручек, чистеле низ дома, ќе ме стават на звучник и ај ќе се надвикуваме оти не сакаат сами да останат со себе Конечно нека сфатат дека не сака секој да спие на мобилен.