Што е, не ме научи досега? Не сфати дека не сум опасна кога зборувам, туку кога се дистанцирам и молчам? Џабе е сега сешто ќе напишеш зошто довербата е изгубена и никогаш нема да се вратиме на старо. Затоа памти ме по последната средба зошто ако некогаш повторно се видиме во што сумљам, никогаш нема да ме видиш во тоа издание.
Благословена сум оваа година. Господ ме чува и ми дарува здравје. Ми се падна паричката после 4 години и баш на истиот ден ми дојде месечната тетка. Христос се роди. Вистина се роди. За многу години денот.
Сакам да заврне снег, што се празниците без снег... Ништо. Не дека тоа ќе донесе некоја магија, магијата е во нас самите, ама ете така ми дојде дека сакам снег, како да оправив се друго во животот, уште тоа да ми остана
Во две недели решив 90 посто од проблемите што ме мачеа цела 2022. Во право беше мајка ми кога ми викаше "сине, ќе си дојде и твоето кога тогаш, не се разочарувај и откажувај". Му текнало изгледа на Господ дека и јас постојам. Оваа година можеби навистина ќе биде моја година. Среќен Божиќ. ✝️
Се негуваат различни вредности во светов, но вистинските се напишани длабоко во нашите срца, пред Божиќ и после него, пред нас и после нас.
Грди ви се тоа устите полни филери, не забележувате колку ви се грди? Ставајте со усул, каква сатисфакција ви дава сите да знаат дека сте вештачки
Оваа година го открив моето ново хоби, читањето книги. Страница по страница, не можам да престанам да читам и едноставно се изгубив во тој свет на книгите. Признавам дека до лани не бев голем фан на книги, ама требало да ги пронајдам вистинските книги кои ќе го задржат вниманието и да ги почувствувам сите емоции, мистерија, неизвесност, возбуда, страст кои авторите толку вешто ги доловуваат преку секој пишан збор.
Тие што брзо те заменуваат никад не ни биле со тебе. За кој мој тогаш да се замараш. Тури пепел таму. edit: Нешто што прочитав денес : "Слепиот кога ќе прогледа го фрла стапот."
Овој божиќ ќе ми остане забележан. Колку и сум јака , не можам веќе... Со солзи во очи и неисполнета душа. Најблиските вртат грб кога најмалку треба, може така треба морам да ојачам а вака се учи .
Според статистиките може да заклучиме едно - воздухот беше почист баш кога се палеше оган. Колку и смешно да звучи фактот така ни вика статистиката. Така да славете си ги празниците така како што ги славеле вашите татковци, дедовци, прадедовци... Само тоа ќе ни остане, а за изопачени фаци ич к' да не ве боли
Тебе те прати некоја виша сила кај мене, сигурна сум. Те " препознав" меѓу толпа непознати луѓе, иако и тебе прв пат те видов тогаш. Направи да се чуствувам жива повторно, да се сакам себе си и животот воопшто. Можеби никогаш повторно нема да се сретнеме, но јас ќе се сеќавам на тебе вечно.
Од работење со странци највеќе сакам да работам со луѓе од Канада. Културни, фини и не прават никаков проблем. За чудо и со еден лик од Бугарија имавме предобар проект, може да почнеме преговори за добрососедски односи. Затоа овие од Индија и Америка (не сите, повеќето) се со катастрофа култура и многу дрски, тешко да се разбере човек со нив. Додека го завршиш проектот, да пукнеш од нервоза. Сличен народ со нив сме карактерно, тоа заклучив за последниве месеци онлајн работа.
сама си се смеам загреф ако приметите деновиве, деа негде фали буквата к како у претходниот збор, не сум станала неписмена, само типката не ми фаќа секогаш, а не се проверувам нонстоп шо пишувам пошо сум доволно сигурна во себе за својата писменост. Освен коа пишувам пијана овде
Јас сум пола "си ја обожавам природнава боја на коса, ќе ја оставам сега мојата боја, не и правам веќе ништо", пола "сепак ќе ја нијансирам, поинтересно е така".
Цел ден плачам и се траскам од жал. Само на тоа мислам. Нема никогаш да се повтори тоа што се случи. Те молам, нема потреба волку омраза. Разбирам и жал ми е што се чувствуваш лошо, тука сум да си ја поправам грешката Затоа и се појавив. Те замолувам, немој толку да ме напаѓаш. Многу лошо се чувствувам. Тука сум за тебе ради огромната љубов што ја имам. Едноставно, се чувствувам уморно. Немам сила за ништо. Mногу ме боли кога ја читам твојата омраза. Не можам да се правдам веќе. Немам сила навистина, едвај дишам. На крај само ке легнам па ти ако сакаш и со дрва и камења мавај по мене. Го кажувам од умор а не незаинтересираност. Доколку сакаш прифати го моето извинување ( се надевам тоа ќе се случи, со полно срце ти кажувам ) а доколку не сакаш, направи го тоа на мирен начин и безболен те замолувам. Што и да одбереш љубовта ќе остане. Едноставно станувам во една вегетативна состојба. Не можам да се расправам и правдам повеќе. Се надевам ме разбираш. Добра ноќ
Има луѓе на форумов што памтат кој им лајкнал па враќаат, ако им замериш во некоја тема ти замеруваат во друга, ако се скараш ќе најдат да ти промрчат за сосема десето. ОВа не се мои увидени ситуации, туку директно си ги кажуваат по теми. ЛЕЛЕ како толку немате живот бе и мислите дека сте најкул на форум ако се скарате со сите и се контрирате во секоја можна тема