Разумот ме напушта со брзина на светлината кога ќе сфатам дека ми се допаѓа некој. И после страдам, епа страдам..
Толкава крава станав и уште не се научив да не ми паѓа незгодно кога во раце од маркет до дома влечам 10ка трослојна тоалет хартија
Сакам нов почеток, нови луѓе. Да патувам на различни дестинации. Ветувам дека ако финансиски се стабилизирам годинава ќе се потрудам бар мал дел од парите да ги донирам во хуманитарни акции, додека друг дел да вложам во патувања. Бидејќи утре единствено тоа ќе ми остане во сеќавање, а премногу долго одложував, време е тоа да се промени бидејќи животот се случува еднаш и сега!
Почна да се чисти само ѓубрето, 2023 уелком! Ќе поминат неколку ноќи без сон, овертинкање и себе обвинување, ама ќе се соберам по не знам кој пат и нема да се откажам од самата себе. За неколку дена патувам, ќе облечам купачи у јануари И и колку да се осеќам моментално као лепешка, ова е единствената работа што ми дава надеж дека ќе успеам побрзо да заборавам. До тогаш, ќе си дозволам прописно да истагувам, веќе се збогував со апетитот, испушив кутија цигари за 7 неполни саати, пуштив и по некоја солза и ќе биде во ред! Фала животе што по не знам кој пат ми покажа дека патам секој пат кога ќе приоритизирам друга особа. Со нови сили, до следно читање, чувајте се
Нова година, нови предизвици и исти стравови. Камо да тргне на подобро. Немам доволно позитива во животов, а ми треба.
Така во последно време ми влијаат други луѓе...негативно. Постојано ми зборуваат да сум го користела времево со син ми, кога ќе пораснел, едвај да ќе ми се јавува, син, машко било тоа, нема да се замарал со мајка. Не знам зошто осеќаат потреба вакви муабети да ми кажуваат, па година ипол е детево. Сакам да биде независен утре ама си викам, што ако стварно биде така, да не ми се ни јави да ми каже како е? Или секој муабет со мене да му е замарање? Сфаќам јас дека зависи од односот ама ме плашат луѓево ебаго
Само навечер имам време за себе и некогаш намерно не спијам за да поуживам повеќе со самата себе. Бебе спие, маж спие, па конечно да пролистам социјални мрежи, да си средам нешто, себеси да се средам. Смешно звучи, но само во 2, 3 часот вечер се депилирам и чупам веѓи пример, друго време немам во денот.
Кога ќе ми речат насмеана си цело време, среќна, не сфаќаат дека само забите ми се големи и ме боли да ја затворам устата! Ми велат и силна си (да, имам гооолема зелена модринка и личам на Хулк). Ни среќна ни силна, а чувствувам притисок дека мора секогаш да бидам. Ми се оди на планина и ми се вика на цел глас. Спојлер
Положив уште еден испит. Добар старт, 2023. Во летото го паднав и се јадев неколку месеци. Јас дома пред да одам на испитот исплашена да не го паднам пак (вечна паничарка) : Јас откако ќе положам (секогаш иста реакција, на цел глас):
Често слушаме дека секој ја сака вистината во лице, но понекогаш и лагата звучи убаво ако осетиш дека другата страна ќе се чувствува подобро
Накитени со злато од глава до пети, облека и обувки од скап бренд, абе нема прст на раката што нема прстен на него, вратот од ѓердани им се превиткува... И потоа ќе те удри миризба. Мирис на леш, да ми простите. Е па немам разбирање за ваквите и крај. Основна хигиена е во прашање, не е немање пари за основни хигиенски средства.
Зборовите кажани од срцето, влегуваат право во срцето, а оние кои се кажани од јазикот не стигнуваат подалеку од ушите. Убавите цветови не даваат и убаво овошје.
Јас: "нема да го трошам оброкот, ќе си ги зачувам парите" 5 mins later: *нарачува 4 фустани, парфеми, ташна, бизон, камила..