За време на оваа gap year што си ја земав за да видам што сакам од животот сфатив дека факултетот бил многу битна работа. Кој што сака нека збори, имало работа и без факултет, можел да се снајде човек и не знам што, факултетот е многу битна работа. Особено некои струки во огласи гледам колку се бараат, 2 недели после дипломирање наоѓаат работа луѓе. Да, некои факултети се тотално непросперитетни ама со некои факултети може многу добро да се живее. Не дека не најдов работа со средно, најдов и новата работа ми е добра, но тоа што го работам јас со средно и тоа со факултет во истово место има разлика. Со средно си потрчко, со факултет ти шефуваат. Работиш дупло повеќе физичка работа, а тие земаат дупло повеќе плата од тебе. И треба, учеле со години, се труделе, не се лутам. Сфатив дека факултет морам да си завршам за моја подобра иднина, без разлика дали тука или во странство ќе одам. Цел живот слушав потценување од околината дека тука не вреди да учиш, да се мачиш, непотребно било во Македонија ама не било така. И мило ми е што го сфатив тоа на 19 години, а не на 40. Имам шанса да си го сменам животот. Криво ми е што во средно не размислував вака. Нестрпливо чекам да дојде октомври и да бидам студент.
Се среќавам со мајка ми на улица.Двете со вирус.Таа се покрива со шалот инстиктивно,да не ме заразела а знае дека сум веќе болна. Мајка,една единствена. Се повеќе верувам во вистинитоста на онаа приказната,кога нероденото бебе го прашува бога,,Кој за мене ќе се грижи боже вака малечко незаштитено на земјата,,? А тој му вика-ќе ти испратам ангел,,Бебенцето,,а како ќе се вика тој земен ангел боже?На тоа бог му одговара,ти ќе го викаш ,,МАЈКА,,!
Зошто толкав страв од природни влакна што ги имаме на нас и што имаат заштитна функција? Морало да си депилирана тасма, морало ова, морало она. Ништо не мора да правиш ако не сакаш. Ништо не морам и си правам како сакам, не трпам болка од интимна депилација зашто општеството нешто сака да ми наметне. И еднаш засекогаш - влакна не значат не хигиена.
Те обожавам, колку се грижиш за мене дури ме плаши на моменти. Се прашувам зашто се грижиш, кога успеа толку да ме засакаш за да бидеш толку грижлив кон мене. П.С. Наредно гледање ќе соберам храброст да ти се заблагодарам во лице, да не е преку телефон како секој пат. Прости што сум дифтар.
Ако не знаеш што чувствуваш кон некого, затвори очи и замисли дека го нема. Никаде. Го нема и нема да го има. Тогаш се ќе ви биде јасно.
Никогаш не е доцна да се запрашате „Дали сум подготвен да го променам мојот живот, дали сум подготвен да се променам себеси?“. Колку и да сме стари, низ што и да сме поминале, секогаш е можно повторно да се родиме. Секој здив е шанса за повторно раѓање.
дали само јас сум си размислувала да си темпирам месец на раѓање на детето за да е роден у знак со кој се слагам?????? не неќам одговор АХАХАХАХ затоа и е овде мислењето се осеќам ко ретард
Да поминуваат работните денови толку брзо како што поминуваат викендите, светот ќе беше поубаво место за живеење.
За премногу повреден човек и пишувањето на мејлови не е лесно. После груби третмани од некои личности се чувствувам лошо и кога употребувам писмена комуникација.Како да ќе ме јаде некој преку екран или ќе ме истепа. Цела деценија не успевам да се навикнам.