Мудрост е да знаеш да процениш со кого вреди да разговараш и да влезеш во дискусија а со кој не вреди. Општо, не за форумов.
Просјаци, што ти бараат да им купиш храна, со надеж дека само пари ќе им дадеш. Тој поглед на разочараност кога ќе стварно ќе им купиш јадење е priceless. И ниту фала ни ништо, со лутење си одат. Ах
Преизморена сум. Се врткам и се нервирам. Камо да ми се средат некои работи и да можам да здивнам до лето.
Се мислев дали да го напишам ова овде или да си го задржам за себе. Вчера го разгледував профилот на еден од четворицата што го силувале 14 годишното девојче. Добро, до кое дереџе дојдовме? Зарем веќе во буквална смисла на зборот не можеме на никому да веруваме? Ни на сопствениот пријатели кој можеби го познаваме со години? Значи како може некој да е толку психо, да е подмолен и злобен? Што се случува луѓе, тие деца воопшто не ни изгледаат како силувачи. Млади,шетале искусиле авантури. Немам зборови, страв ме фаќа веќе едно “здраво” некому да кажам а да не знам дали има задни намери да ме силува. Не разбирам,која е потребата да се лупаат во гради, која е потребата некому да се закануваш, некому да го тераш нешто да прави…. Од каде тие фикс идеи,кој им дава силина дека нема да ги откријат? И оваа полиција ако може така да се нарече, што само спие и само сиромашни казнува за банални глупи ситници да земе да почне да сфаќа сѐ здраво за готово,а не да се оградува нонстоп од сѐ. Дно сме,дно!!! Затоа што нема ред, нема големи казни, нема смртни казни затоа сме на ова дно. И тие што коментираат по фб по три акала им фали во глава. Три!!! Се тоа треба да се лечи во Бардовци. Психопати. Малку им е куќен притвор и притвор, куќен притвор татко му има милион врски и ќе го теши со “Си направил што си направил, ќе фати тато врски”. Кои црни врски? Кои, за утре на некој недужна да и го направи тоа? Уште една да страда, уште една да има уништен живот. До кога “татини врски” ќе ги вади мочковците од сите злодела? Ми се повраќа,вистина ми се повраќа. Кога ќе ти дојде такво чувство во стомак, кога гледам со кого сум делела воздух, со кого сум газела по тлото македонско. Психопати, за нив само најболна смртна казна знаете како, да лежат на стол и секоја девојка да им збризува по 0.5мл отров. Заслужиле. 14 годишно девојче неоформено уште целосно, неискусно и го уништија животот. И до родителите е, им дозволувате сѐ, сакала некоја се пронашла сакала не, гајле ми е, им дозволувате. Мене мајка ми ме учела и спремала на сѐ, и дека има зли чичковци и лоши момци, немав ни телефон, ни интернет дома. Не ги контролирате, ги испуштате од раце. 14 години е нормално да има дечко, не! Не е нормално и точка. Дете е, не е созреана за љубов, не ни знаат што е љубов бре. Платонско и симпатизерско бладање не е љубов. Исто не е љубов “го видов и го засакав”,”многу го сакам не можам без него”,”го сакам фин е, од прв дејт -фин е.” Во држава каде дното е врв,а врвот дно бидете внимателни!
Предноста на тоа да си сингл за Валентајн: не трошиш пари на мечки, цвеќиња и разноразни лигави тракатанци во форма на срце. За тие пари ќе одиш во кафана со другари, ќе се изнајадеш и изнапиеш и ќе си поминеш предобро. Предностите на сингл животот.
колку злоба имав во мене овој ПМС, мислам дека не знаев дека иам капацитет за толку, затоа и сакав да ме снема, пошо овде како шо знае некој да ми стапне на нерв, цел форум од гомно подоле ќе ве напраев, освен тие шо се знам лично секако. и уште ја неам доизвадено...страшно. оган плукам ебате
Сакам да ти се јавам, да ти слушнам глас. Ми фалиш иако те слушнав вчера на кратко. Многу се приврзав за тебе и тоа ме плаши.
Можеби Србите во многу сегменти се понапредни од нас но има еден многу јак момент кај што ние сме понапредни а тоа е во машко женските односи. Кај нас не сум приметила жената да е потчинета, можда само во руралните средини во некои забаталени села а кај Србите у просек скоро секоја жена е потчинета на мажот.
Чао Јануари беше убав и исполнет Ми се допаѓа како ми започна годинава, ветува многу Нај убавите празници ми се овој месец Средби со нај блиските, топло домче а ние си разменуваме подароци и си муабетиме на празнични трпези Паричката се падна кај мене па верувам ова ќе биде моја година(во годините кога ми се паѓаше, си памтев доста убави работи ми се случуваа) Родендени, мноогу дружби со пријатели, гости дома..оо колку ми фалеле честите дружби со луѓе кои ми значат посебно е она чувство кога ќе си исполнет после средбата со некој кој ти значи, муабет на маса, касни, некое винце во рака или Бејлис насмевка на лице и душата полна Секој следен месец нека е ваков
Седам и се превртувам од смеење. Уште слушам дека треба да ќутам. Со години не се откажуваат од тој глупав став. Како не се приметуваат колку просто делуваат? Нека пукнат, бе. Џабе им е. Кој пробува да ме уќути си го добива.
Само во 4 сабајле со ококорени жар-црвени очи имам време да ве посетам тука. Умрев за спиење. Се осеќам како да ќе се претворам во Кристијан Бејл во неговата најкомплицирана улога. Чао
Дошле на Фемина форум и им пречат теми за мајчинство, бебиња, снаи и свекрви. Па одете на Црнобело ако не.
Колку убаво ми почна месецов. Сонцево дополнително ми прави радост, се чувствува дека крајот на зимава се ближи. Се надевам дека цел месец ќе е вака прекрасен.
Само во Македонија кога те фалат клиентите, шефот те мрази и ти бара грешка во секој кажан збор. Никогаш нема да не биде. Премногу гнев има собрано во овој народ.