Ситуација бр.1: Знаеш дека си загреота кога и намќорестите тетки во служба те сожалуваат. Дијалогот сабајле: - Дечко, што запишуваш ти? Гледам тука ниеден предмет не запишуваш, не презапишуваш, празен семестар, се си положил, што вака? - Да, од летен немам ништо, еден предмет од зимски семестар само ме кочи, празен семестар. - Оо..добро. Очекував дрско однесување како по обичај, ме изненадија со реакцијата. Ситуација бр. 2: Момент на испит кога ти уште се мислиш име и презиме, индекс кои ти се да си ги напишеш во паника. Уште прашањата ги гледаш и на прв поглед ништо не ти текнува, а колегата што седи под тебе веќе реферати изнапишал. Ми направи таква блокада и паника, стомакот ме заболе од стрес, пот ми течеше по лице, тахикардија, едвај дишев и готов бев да побарам помош дека не ми е добро. Мислам дека имав моментално паничен напад, не сум доживеал такво нешто до сега. Се заборавив едни 10 минути додека гледав како пишува и пишува, а јас цел блокиран и во ужасна состојба. После се смирив некако, ми текна 70% материјал, напишав што напишав, ми поминаа и физичките симптоми. Сакав да речам, психичка паника била ужасна работа. Никогаш не сум искусил вакво нешто, преодвратно, мислев полудувам и умирам истовремено. Не знам зошто толкава паника ми направи тоа што некој што не го ни знам решава толку брзо тест.
Брзо се лутам , а уште побрзо ми поминува лутината, особено на луѓе на кои сум "слаба". Но, кога ќе видам дека некој го користи тоа нека му ја мисли. Ако ме фати инает си го на*бал. Токму сега ме има фатено таков инает и не попуштам овој пат за ништо на светов.
Не сум злопамтило бе што ти е, само сретнав една од средно што во прва година нејќеше да ми даде тетратка да напишам планот што пишувале на час кога бев отсутна и не ја поздравив. Секој по заслугите
На форумов му фалат нови теми. Досадно е, не се развива никаква дискусија, а кога се развива се бришат мислења. Се прашувам зошто администраторите не отвораат теми, кога веќе членовите не сакаат да отворат. Најверојатно ќе се разбегаме на друг форум.
Денес многу работи сфатив, предоцна.. Но подобро некогаш отколку никогаш. Сето тоа ме натера да не се каам за одлуките во иднина.
Вклучувањето овде само по потреба е половина здравје. Не негирам дека ми влијае форумов во негативна форма туку и ме кочи. Од спијачиве овде не можеш да дојдеш на ред,затоа надвор од форумов животот е многу поубав.
Да не постоеше брат ми до сега ке бев само нечија меморија. Јас искрено не можам понатаму, секој чекор ми е грешка, ништо немам од животов само грешки. Тежок ми е воздухов што го дишам веќе, како карпа да имам во мене. За што да се трудам да живеам? За уште грешки да правам?
Дали некогаш станува сеедно, ама сосема сеедно за луѓе кои ни значеле премногу? Не би рекла искрено. Никогаш не е сосема сеедно. Само времето прави да не ти е гајле толку. Се изморив од анксиозности за други луѓе, за работи надвор од моја контрола, иако често ми се вртат мисли што би било кога би било. Но не сакам и нема да дозволам повторно тоа цел мир да ми го нарушува. Почнувам да верувам во она "ако треба да биде ќе биде" и да не се опседнувам толку, бидејќи сопствениот мозок знае да нѐ лаже многу со идејата за некој, каков сакаме да е, наспроти каква е личноста во реалноста.
Пред неколку години на овој ден донесов важни одлуки за себе кои ми ги донесоа најубавите речиси 2те години период во мојот живот. Никогаш повторно не сум била среќна како тој педиод. Потоа се прекршив и дојде временски дупло полош период од тоа од 4 години. Денеска нека биде пак ден во кој донесувам важни одлуки за себе кои ќе почнам да ги применувам. Време е да направам нешто за себе. Го сакам денов. Еден од ретките што ми значи и ме потсетува на преубави нешта. Се почувствував како да е некое дежаву, но сакам да е така. Сакам пак да доживеам толку среќни денови. за новиот почеток.
Не знам како може луѓе да фрлаат шминка непотрошена. Ма каков рок, за тоа пари сум давала, додека не се потроши, не фрлам. Ништо не ми биднало до сега.
Да имав моќ да го вратам времето назад, речиси ништо не би направила исто како што правев до денес. Ама не можам да го вратам, и дадена ми е моќта да си речам утре е нов ден, имам нова шанса за подобра јас, имам шанса за поправка на сите грешки, ама не, поинтересно е кога човек сам себе се дозакопува во калта и после кука и се кае. Од друга страна постојат луѓе кои не се каат за ништо, и да, отсекогаш ми беа чудни што не се каат, ама барем не се оптеретуваат лажно, за разлика од нас вечните сонувачи кои сме осудени да ја повторуваме историјата поради нашата глупавост.
Најјаки ми се бумериве во населба што кога ќе ги сретнат моите ги прашуваат глупости за да имаат оговарачки муабет со некои други комшии "Слушна за оваа Пеперминтка, на Пепи ќерката, што нов трач има за неа? Ние со години не ја гледаме, таа богат 50годишен Германец нашла и си отишла таму". Ги прашуваат на моиве "Ќерка ви кај е? Со години ја немаме видено, не сме слушнале ништо за неа. Да не е во странство? Да не се омажила? Нигде ја нема, што така?". И тоа не еден, последниве две години некои 5+ луѓе ваков муабет им имаат направено. Вистина никој ме нема видено, исто како да не постојам. Човек, ајде гледај си ги децата по дома и жената, не ми води мене рачун кога и колку од дома излегувам. Од новости и трач за мене може само да слушнеш дека следно во лудница сум завршила за некоја година. Друго ништо. Досаден ми е животот, досадна сум и јас, никакви новости и скандали од мене не очекувајте за да оговарате. П.С да, домашно растение сум. Освен до факултет и по потреба од дома не излегувам и ме нервираат луѓе, особено вакви оговарачи што ги интересира за другите. Дури и да ве видам по пат, ќе ве одминам. Останете си без информации за оговарање, простаци.
Се изнаслушав жалење за тоа колку е ладно надвор. Ладно е, де.Ама, поминува. Ладното надвор не ми смета колку што ми смета тоа колку се ладни луѓето.Не личат на луѓе, туку на ладни предмети. Ќе дојде пролет, ќе дојде лето.Но, паметот и емпатијата нема да дојдат кај некои луѓе. Комплетно расипано не се оправа.