Не знам која е потребата од мрчење за победата на Вардар. И јас не пратам спорт, ни се разбирам у тоа ама мило ми е што победил тим што ја претставува нашата држава. Зошто би мрчела, не ме интересира спорт, нема да ги пречекувам ама ми е мило за победата. Просто е. Толку ли сте незадоволни и со комплекси, па дури и за вакви успеси наоѓате маани и негативности? Искрено жал ми е.
СДК, колку повеќе мине време, се' повеќе сфаќам дека не припаѓам таму каде што сум сега. Имам многу да понудам, а не знам од кај да почнам. Очигледно, од нула - пак. Можда треба да сменам професија. Васпитачка у градинка, пекар, и клинички нутриционизам... уште да не требаше да се студира 7 години за последното и добро ќе беше. Можда треба да си родам две-три деца и да престанам со бесни глисти. Понеделник уште не завршил, а ги наредив состаноците за до петок. Знаете шо се случува кога имаш состанок, рецимо, во 14ч? Од сабајле дремеш и чекаш да дојде 14ч иако реално не мора така да правиш... ама како инаку ќе си правиш селф-саботаж?? Успат, во саботата изедов толку многу шеќер (севкупен шеќер дечки, броиме, оке је, под контрола е све), што до денеска сум мамурна. Мислам, не мораше и палачинка и два реда чоколадо и чинија овошна салата. Од друга страна пак не мораше да изодам 14 км на трет ден добиено, но каков би бил животот без моите смотани предизвици? А да... кога бев мала и играв Симс, секогаш ги терав да живеат досаден живот како шо живеам ја денес. Си легнуваа навечер навреме, утрото стануваа, вежбаа, се тушираа, јадеа, одеа на работа и после готвеа додека не дојдеше време за спиење. Сите Симсови ми беа фини, у стабилни врски, успешни у кариера, дома цакум-пакум, со деца, со све... На крај, толку ми здосадуваше сето тоа, шо редовно ги давев у базенот. Сублиминална порака упатена до идната јас - прај шо ќе правиш, за да не посакаш да се удавиш во некој базен. Ок е, сама ќе се испратам, фала на пажња.
Еден од најдобрите филинзи на светот е кога за нешто си се секирал 3 дена и после ќе ти кажат дека беспотребно си се секирал и инстантно во моментот добиваш едно релаксирачко чувство шо не се опишува.
Јас пак моите Симсови ги терав да живеат развртнички, изневеруваа, беа бремени од други и така натаму и наваму, имав обавезно две три фамилии и сите ми беа базирани на луѓе кои ги знаев, не знам зошто така ме тераше, реално не сум таква особа, па сега се замислив дали може од мала сум имала други замисли за животов. Си одам наредна недела дома, едвај чекам, бројам денови. Замислувам што се ќе правам кога ќе бидам дома. Ми се јадат тиганици и прженица од мама.
СДК, деновиве размислувам за една стара љубов. Сеуште бевме тинејџери, да не кажам деца, но се родија чувства од моја страна, а и од негова. Млади и незрели, не тргнаа работите, секој продолжи по свој пат. Од тогаш поминаа 6 ипол години, не го среќавам често. Се сретнавме пред неколку дека и од тогаш настапија мислите. Не го мислам како некој кој сеуште го сакам, тука како некој што сум го сакала и покрај тоа што бев многу млада. Сега сум во среќна врска речиси 5 години, но се прашувам, што би било кога би се сретнале сега, со истата љубов и повеќе зрелост. Дали работите би се одвивале по друг начин? Некои прашања ќе останат засекогаш неодговорени, а можеби е и подобро така.
Воопшто не сум патриот,моиве гледаат Вардар нели шампиони ова она еуфорија дома ,само мене некако не ме погодува во срце .Не сум патриот ,тоа е Друго сакам да се искажам ,не е животот како ние што сакаме ,ете тоа го размислував ,некои работи се некако однапред осудени на пропаст .Тоа ми пречеше уште од тинејџерка
Поголема мотивација од "ајде, да учиме овие денови максимално, зашо крајот ни го краси делото и успешно да завршиме со ова полагање матура и одиме да шетаме и уживаме пошо ќе биде заслужено" нема. Не знам што ќе правев да си ја немав најдобрата другарка да се тешиме у вакви ситуации. Една е ама вреди за 100.
Сдк нешто и за Вардар. Од дете пратам спорт од дете пратам музика. Во таква фамилија сум порасната и горда сум на тоа. Дали е Тамара или Столе не е важно. Пред да осудиме било кој подобро би било да се ставиме на нивно место. Секој што постигнал нешто големо е УСПЕХ. Јас во мојата спортска кариера достигнав претпоследно место со мојата екипа. Ама ние бевме среќни и исполнети на секоја утакмица. Кој доживеал - го знае чувството. Кој не доживеал - дај боже да доживее. Не судете никому.
СДК... Во личниот избор терминот правилен треба да биде толку индивидуално третиран колку што секој е различен.
Не знам веќе какви зборови да бирам пред да кажам нешто. Се' не е тоа тоа. Се' не сум доволно добра.. И никогаш нема да бидам.
Да се иселиме цела Македонија во некој град во Германија, каде што ќе живеат Македонци тој град ќе функционира исто како овде. Ќе функционира бедно. Затоа што ние не знаеме да живееме културно,ние сме див народ.
Луѓево како да си ја заборавиле уникатноста некаде. Една ќе се офарба во друштво плава, по неа сите исто. Или некоја ќе се ишиша и уште 3 по неа. Зошто некако стана страшно да носиш или направиш нешто прв што другите не го прават? Мора ли сите да изгледаме исто, со дебели веѓи, со плава коса, со напумпани усни, облечени во истите парчиња што се модерни демек. Кој ги диктира тие правила? Веќе секоја почна да наликува една на друга...
Јас кога бев помала - кога некој би сфатил дека си паметна, ќе те цени и ќе го вреднува тоа. Јас сега - ако некој сфати дека си паметна, ќе трие раце и ќе гледа во секоја можна прилика да го искористува твојот интелект за свои цели и лични придобивки. Значи... со некоЈ лујџе нема оправање.
Велат дека се што е слатко-кратко трае...колку е само точно. Се прашувам зошто тоа требало да биде така, зошто сме ограничени со време, со рок на траење, зошто мора да постои и болка, страдање, зло, и секакви животни неправди? Зошто едноставно не постои копче за делит или за рестарт во животот?
Мора ли на балканов ако се случи нешто лошо,тоа да е карма и обавезно се плаќале туѓи гревови?Значи ситуацијата е развод и ми викат па на тој и тој му се врати ,мајка му го напуштила татко му сега него сопругата го остави,тоа е демек проклетство кое се вратило на потомците .До кога со глупости и такви непромислени сфаќања?