Мислам дека одамна сум немала толкав брн аут период. Така си ја викам сезонската. Обично зима спијам, отепана сум, ама си спијам барем. Сега можам да речам дека немам спиено од ланска зима, покрај работна недела ефективно си ги напрајв со обврски и викендите и преѓе ко ми текна дека заборајв дека имам обврска и утре ( за која не сум спремна) ми се приплака. Прво оти мора да станам рано за да спремам се шо треба, а не можам да спијам до касно, стандард. Второ, оти од ко почнав доучвањево, ретко кога имам и викенд слободен. Имам потреба да се изнаспијам оти телово ме боли за спиење. Ама не можам ко ќе треба, а ко ќе сакам сум зафатена. Имам потреба да седам со себе еден цел ден без контакт со друго живо суштество. Барем ден. Сакам да можам да станам без кафе, ништо да не ме боли ако скокнам дупло еспресо или "happy juice". Сакам сега да легнам и да заспијам ко од пушка, без "помош". Сакам да најдам уживање пак во готвењето за да можам да го негувам телово како шо заслужва ама мотивација имам само за да земам + перница од плакар за покомотно да лежам то малку време шо го имам за себе пред да треба да одам или прам нешто пак. Преѓе излегов и ја изгубив и та малку енергија шо ми имаше останато. И са ќе лежам и мислам до сабајле оти то ми остана. Надежно, добра ноќ.
Дојдов да кажам колку сум уморна, психички и физички, ама горе долу @theowndemon доловила како се чувствувам. Навечер легнувам утепана и пак не можам да спијам, сабајле толку многу ми се спие што едвај функционирам. Ми треба пауза ептен од се, ама не можам да си ја дозволам зошто обврските ме чекаат. И така.. ќе си чекам пролет и надежно поенергични денови.
Периодов многу се зближив со едно девојче од средно. Се дружевме во средно така неколку девојчиња ама она беше поблиска со друга, со мене така повеќе познанички. Периодов сме во некоја слична ситуација, многу се зближивме и почнав да ја сметам за блиска другарка последниве месеци. Многу добро ми доаѓа муабет со неа, двете ќе си ги кажеме маките, ќе си дадеме совет, ќе излеземе на кафе повремено. Со многу малку луѓе се дружам и пријатно се изненадив што периодов се зближивме повеќе со неа, а не бевме толку блиски кога учевме заедно. Секој период своја приказна, некогаш со некои луѓе многу си одговарате за друштво. Се е со причина и се во свое време си се случува најверојатно. Друго што приметив, кога ќе отспијам убаво со саати, мозоков ми е многу посреќен и многу посигурно и подобро се чувствувам. Деновите кога за да завршам некои други работи кратам од сон, сум раздразлива, подепресивна, потажна, склона на плачење. Можеби само повеќе грижа за себе и здравјето ќе ми решат 80% проблеми во животот. Се случува некогаш и нешто добро. Ме радува тоа што имам со кого да споделам мисли и да е тука за мене за поддршка. Многу бев разочарана што луѓе со кои со години се дружев почнаа да намалуваат контакт зошто немав што да кажам ново и добро за себе, таков период ми беше, се затворив во себе и никој не ме разбираше. Добро е да си искрен и да си тоа што си пред некого.
Ми се оди на некоја планина, на чист воздух, да уживам со топол пијалок во рака додека ја гледам уметноста на снегулките. Рај...
Во последните два дена моите мисли се со луѓето од Турција и Сирија... Ужасни сцени и фотографии видов овие денови. И кога само ќе помислам на Алепо, и што сѐ помина тој град, откако го порамнија „големите сили“ „спасувајќи го“, или на таткото што ја држи за рака починатата ќерка од Турција, или на спасената благодарание на „Твитер“, или на сите оние што не можат да бидат спасени, а се слушаат од под рушевините . Во моменти на вакви природни катастрофи помислувам колку луѓето се немоќни и мали, на големината и возможноста за колективна солидарност (која секако треба да е присутна и кога нема вакви катастрофи), и на моќта на технологијата за споделување и спасување. Се надевам повеќе луѓе ќе бидат спасени до последен момент и студениот бран ќе биде, барем за некој ден, одложен. Ако има некој што има роднини, пријатели, во Турција на форумов, се надевам се на сигурно. Моето сочувство до сите засегнати од тој регион... Ве молам донирајте или помогнете на кој било начин, најлесно е на мобилен...До тие што се пријавиле како доброволци, на која било основа и ќе одите во Турција лично, секоја чест, ви симнувам капа. *** – Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија. – донација од 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1. – За донации на средства во странска валута: NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11 SWIFT CODE: KOBSMK2X IBAN CODE: MK07300701000001228
Знаев. Знаев уште синоќа, кога не врати на пораката. Само не сакав да поверувам дека е тоа, некако пребрзо се случи се. Не знам ни што да кажам...ни беше јасно дека сите договарања, дружби, планови, ќе бидат толку, дека нема ништо веќе да биде како што е, само не сакавме никој гласно да го изговориме тоа. Се лажевме и се надевавме, верувавме во чудо. Ми беше единствена вистинска другарка... чајчето ќе ти го донесам на Вечниот дом. Летај со ангелите... Ангелу.
Колку брзо лета времето... Некогаш тоа е награда, а некогаш е казна... И како и да гледа човек, од многу работи нема бегање, колку и да ги одложуваме, на крајот тие неуморно и неизбежно чекаат на нас.
Вчера читам статија како еден човек ,мислам Македонец беше,нуди сместување на некоја самохрана мајка од Турција.Човеков изјави дека му треба "помош"за стари години,некој да му купува лекови ,ахаа. Мнолгу луѓе ќе пробаат да искористат лошава ситуација на турциве,да ги изманипулираат.Се знае типот што си бара,млада жена која ќе нема каде да се пожали,а не дека сака да помогне.Тешко на таа што ќе наседне на детскава приказна,поради тоа што нема друг избор.
Колку сакам да сум поактивна тука и онлајн генерално ама времето не ми дозволува. Каде попрво да трчам. Ама, животот е преубав сега. Од ден на ден трае и се пренесува. Домино
Денов е се поголем, конечно се разденува малку порано и утрата се поубави. Сонце и светлина како решение за се.
Имало многу земјотреси и жртви, не велам ако имало помалку жртви дека е за занемарување, но ова што се случи/случува во Турција и Сирија ќе го памтам како една од најголемите катастрофи што се случиле во мојов животен век. Престрашно, ужасно, секој ден сум на штрек дека и овде ќе стресе. И во сето тоа страдање, има трошка светлина и надеж - спасени животи и толку солидарност и сплотеност меѓу луѓето.
Пола и повеќе од трговците фаќаат луѓе на фора, дека сите пари што ќе ги дадете за нивен производ , ќе бидат донирани..Размислите малце дали стварно е така, никој трговец нема да се откаже од месечна заработка, за да биде хуман. Апла измама за наивни луѓе.
Многу ми е криво што на 30 години уште не научив да ги проценувам луѓето.. не ме боли тоа што јадеш вафли за мене туку тоа што долгоо време мислев дека си ми другарка и рака во оган ставав за тебе. Сега од овој аспект јас не сум лута на тебе туму на себе си што не те проценив каква си
Депре период. Пикната под 2 јоргани и Јутуб ми е на најгласно. Ме фаќа смеа ко ќе ми текне дека ко помлада го нејќев бендов. И каков бум ми беше кога почнаа секоја година да вадат рилејтабл песни. И ежењето од поемотивните изведби на пејачот. Јас деновиве: