@Серотин членките почнаа и парталите да ги продаваат по групите на фб (доколку следиш) и да им ја искористуваат ситуацијата. Буквално ѓубре продаваат и велат дека ќе ги донираат парите. Не е за цитирање ама морав да споделам зашто сум гневна кое дно станавме како карактери.
Интернетов е супер за луѓето што во животот надвор од него никој не ги ебе ни два посто, да може негде да просипаат памет и да глумат нешто. Само да чита и да се смее човек какви постојат.
На секое уклучување на форумов, кое станува и поретко, се' повеќе работи читам налик на оние на Фејсбук, за кои велите ,,Не читај, само ќе се изнервираш''.
Јас кога бев тинејџерка: Кога ќе бидам во 20тите години ќе бидам самостојна, богата, ќе го шетам светот и ќе си купувам самата што ќе посакам, од никого нема да барам ништо. Јас на неполни 24: За доручек во јогуртот кога ќе биде испиен ставам малку вода и го протресувам за да го допијам целосно целото шише. И млекото кога ќе е испиено го сечам со ножици од страна за да не се фрлат последните 10 капки млеко. Не сум сиромашна, економична сум
Хоби ми е да гледам патувања што ги објавуваат туристичките агенции и хотелски соби на booking и airbnb на места на кои во скоро време нема да патувам. Вака се релаксирам и си пуштам мозок на одмор.
Кога мачката ја нема,глувците оро играат .Секој гледа да те преигра во македонштинава,и си мисли дека е од сите најпаметен и се знае
Мразам да позајмувам книги, па да мора да молам да ми ја вратат. Не се сеќавам на кој ја дадов и ми се плачи.
Уште еден понеделник кој го започнав ептен онака полна со ентузијазам дека денес е денот Д за диета, јер милиони пати сум започнала ригорозно диетско патување, ама при први турбуленции сум се откажувала, ама барем занесот ќе ми потраел неколку денови, а сега само саати и минути. Тоа е. Срања се случуваат
Факт е дека парите ме прават среќна, дека премногу им давам значење , оти ми значи тоа да имам пари. Можам цел живот да глумам дека не ми се важни, ама оти тоа да го правам? Останатите демек се гадат од мене , демек материјалист. Да материјалист сум , сакам пари за да можам на син ми и себе си да овосможам убав живот.Сиромаштијата е проклетство, сите врати ги затвора.
Не ми се верува дека постојат луѓе што го хејтаат Валентајн и тие што си слават. Толку ли сте огорчени и празни во животот?
Пред мене седат маж, жена и дете. Детево се зајде од плачење не сака да седи, сака да стои. Значи и двајцата толкав инат водат, му соблекла патики и јакна и не му дава да стои, не и не. Де пушти го нека стои, покажи му кај да се држи. Дете е, е*аго.
Господ напомош на тој што седи до мене во бус цели 3 саати. Мојот мјузик тејст му е врежан со дерења во мозок.
Sekoj covek ima dva zivoti, i zapocnuva da go zivee vtoriot zivot koga ke sfatiti deka ima samo ednen