Абре човек, те обожавам. Низ продавница бараше харибо бонбони за да ми купиш како да сум ти дете. Те обожавам
Седам и плачам по не знам кои пат, душата ме боли за сé што се случува. Морам да си заминам од околинава за мое добро.Се надевам допрва ќе го доживеете полошо од мене...
Животов деновиве се сведува на добри и лоши вести. Тахикардии кога легнувам да спијам, Умор кога станувам, Мисливе како танго да си играат и никако не ме оставаат на мир. Од друга страна, конечно решив да направам нешто плус за себе и успевам во тоа, Гледам како се менувам на подобро, Подобро за себе. Се вратив во теретана од денес и првпат не е заради физичкиот изглед. Ми треба активност и дистракција од реалноста барем еден саат дневно. Гласна музика на слушалки, чварење во спа и долг, долг туш. Сега легнувам, изморена сум ама задоволна сама од себе, среќна зошто не се откажувам и не одбирам да лежам како да сум болна. Не сум, супер сум и уште подобра ќе бидам. Мора да се бориме сами за себе. За своето здравје, добробит и среќа. Малите работи прават една голема. А што може да е поголемо од животот? добра ноќ, добри луѓе
Како да им докажеш на некои дека немаат сите добар живот? Ни трошка сенс, ни трошка осет.Ко предмети да се, а не луѓе.
Да знаевте толку многу за вашиот живот, колку што знаевте за другите посреќни ќе бевте. Не знам како знаете кој кога се венчал, кога се разведил, па зашто се разведил, па срамота било.
Девојките од темите со кои дискутираме серии ми се најдобро нешто на форумов. Кога ќе си дојдам уморна од работа, нешто изнервирана и ќе си дискутираме серии, се релаксирам и убаво ми доаѓа да правам муабет на бош теми. Фала фемина што постоиш, поубав подфорум од филм и тв нема. Секој ден наоѓам филмови и серии за гледање од тука.
како бе секад најголемите багабонти и шалабајзерки први влагаат у брак, праат деца, а ние нормалните последни остануваме? не сфаќам. мислам сфаќам дека брзаат да си го средат животот на 21-22 години, ама не сфаќам како работи универзумот? Ако си добар, нормален, се понашаш добро, задња рупа. А најголемите шупаци, деца добиваат. Господе ќе ми одговориш? зашо сум последна на листата
Пак те гледам на вести и пак ми се гади. Се ежам секој пат кога ќе ти го кажат името, гаду еден одвратен. Прв си за барање плата, а не работиш како што треба. И на тебе и на твоите колеги од таму треба откази да ви дадат. Само за оние од другото место ми е жал.Ради вас ќе умрев да не беа тие, особено дечкото со милостивиот поглед и златното срце. Само ради него и неговите колеги се надевам дека ќе се среди ситуацијата.
Човек да се чуди мада после години искуство со луѓе и нелуѓе можда и не. Сепак просто неверовано е за што се може и ќе се најде и направи проблем до најмали баналности. Врие од токсичност, енергетски вампиризам и тажни, многу тажни личности. И со лесен пристап до тестатура и тоа. Што понастрана! Life's too short & precious for that s*it.
Едно од нештата што ми е тажно кај мене во моментов е што никаде не се осеќам како дома. Да секако постои семејството, но не е тоа исто со оној копнеж на belonging кој го имам, кога знаеш дека си некаде и не би бил радо на друго место. Кога се' се осеќа just right и лесно и едноставно. Го изгубив тоа чувство и се осеќам изгубена во светов, постојано прашувајќи се дали некогаш и некаде ќе бидам вистински дома?