Јас веќе отидов на Youtube, побарав Лазаров, отидов на ABOUT, најдолу на знаменцето, кликнав на report user, избрав hate speech опција. *** Обично гледам да ги имам предвид сите страни во една ситуација и убаво да ги измерам работите пред некако да реагирам,особено јавно, ама МРАЗАМ (со големи букви намерно) и нема да имам никакво разбирање кон поединци што прават кликбејт со тоа што ќе го извадат најмизерното од човечкиот вид и ќе ИСМЕВААТ , ПОНИЖУВААТ, НАВРЕДУВААТ други поединци, и ќе проектираат некаква си замислена „супериорност“ на „одбраните“ (во кои спаѓаа тој и неговата „публика“, за која подеднакво не му е грижа, и спонзори) преку исмејување на луѓе кои имаат или очигледни „проблеми“ или се нашле во незавидна ситуација .... Да „навлекуваш“виртуелна публика (најчесто адолесценти) со тоа што ИМПЛИЦИТНО , но и директно ќе оправдуваш нечија несреќа , или како во конкретната ситуација ќе оправдуваш сексуално насилство (па нека се случило и пред два века) и со тоа да се фалиш , гордееш, или веселиш, е под секое разбирливо ниво , што може да се нарече човечко... Тебе и на твојот „популарен“ „гостин“ со кој сакаш да направиш „екслузива“, ТРЕБА да ви забранат пристап до каков било медиум, глобален или локален, ДОСТА НЕ ТРУЕВТИ СО ВАШИОТ ПРОСТАЧКИ ЕЛИТИЗАМ . Па, згора на тоа, како реакција се претставува како ЖРТВА на истата таа омраза што тој ја покренал и изглумува “дека не е од овде“ , бил „изваден од контекст“, “никаде не рекол дека оправдува“ ...Колку треба да бидеш несреќно човечко суштество да заработуваш на несреќата на другите луѓе, и да ти се важни само прегледите, простачките коментари и кликови... М. И.З.Е.Р.И.Ј.А, пример за човечко де-волуција.
https://a1on.mk/macedonia/niknuva-b...TEiU25NGMAmBuyLbGDvb-FIiIGWxU&mibextid=l066kq Не ви е страв од Господ бе? Абе ќе ве казни. Секој ден се молам да казнува вакви велепредавници.
Кога бев во тој болнички кревет мислев дека ми е најтешко. Сега сумирајќи што доживеав од другата половина на 2019 наваму, сфаќам дека тие денови на тој кревет ми биле најдобриот одмор во животов.
Нема поубави денови од тие во кои толку ти е добро исполнет денот што само максимум пола саат одвојуваш за седење на интернет.
Какви маки и хорори претрпува некоја личност... И се појавува шупак кој без грам памет се смее на тоа што таа личност го има доживеано наместо да го осуди виновникот. И никнуваат други шупаци кои го поддржуваат без да размислат колку е тоа болно и дека може секому да му се случи. Скапано општество.
Колку перфектно убава и романтична вечер. Не можам да се заситам од чувството кое ми го пружа денот и постоењето во ова време, плус со ново-пронајдена музика, добра средина..да си среќен што си жив
Мислев дека сме поблиски. Да беше обратна ситуација, ти најверојатно ќе беше првата што ќе дознаеше. Знам дека е нешто твое, ама толку прилики ти дадов да ми кажеш, а ти ме лажеше. Зошто? Мислеше дека ќе љубоморам? Или едноставно не ти беше битно да споделиш со мене? Многу сум среќна за тебе. Скоро исто колку што би била среќна за мене. Заслужуваш се најдобро, ама ме повреди што го скри тоа од мене. Очигледно не сум ти била ни приближно важна колку што ми беше ти на мене. Не сакам да се одалечиме ама чувствувам дека сега ќе биде неизбежно ....
Драга Фемина, Патриотиве се правдаат како не се националисти само си ја сакаат својата држава ја па обратно не сум патриот али тежок нацист сум у превод дискриминатор на нации.
Порано мислев дека сме посиромашен народ ама гледам тука дека постојано луѓе си купуваат работи и живеат на повисок стандард, па изгледа ја само сиромашно имам пораснато. Признавам goals ми е и мене да ми е толку добра платата што ќе можам да си купувам секој втор ден нова облека и шминки, да имам и голем шкаф и соба кај што ќе ги чувам работите. Ех, да паѓаа пари од небо убаво ќе беше, знам и јас како да ги трошам парите и да се луксузирам, само да ги имав уште.
Дали е држава таму каде што: Болни од цистична фиброза буквално молат за лек и уште го немаат иако еден почина. Доктори немаат плата. Секој ден има дојави за бомби во училиштата. Хакираат цел систем за здравство. Деца на функционери се well...пак функционери ?? Сакам да си одам од оваа лудница, глутница. Од овој хаос и безвредие, од ова ѓубре, народ, власт, крадење, умирање, воздух. И пак ќе се најдат будали што ќе гласаат за било која партија и ќе дремат во она штабовите како вошки. Ќе дојде ден ќе не убедуваат „ама ова направивме за вас“. Да, направивте цел народ да пати ради вас амебично-себични и алчни особи.
Пуштив од сабајле две машини да се исперат сите патики и пролетни палтенца, ги собрав џемперите и си ги извадив пролетните алишта. Еве, времево одма се расипа.
Bolni ne se odi na gosti,nitu pak se vika gosti ako ste bolni,aman zosto ne razmisluvate deka sekoj nemoze da vadi bolovanje,i da se makne po bolnici....