Која и да ми се присвиѓа излегува дека или е во врска или скоро раскинала долга врска и е полна со недоверба и споредби прави на сите мажи со претходниот. Сите квалитетни девојки се веќе зафатени или јас немам среќа периодов?
Многу се плашам да дојде време кога некои нешта,некои луѓе и некои спомени треба да исчезнат.Чувствуваш некоја болка во градите,сите чувства ти се измешани и посакуваш само да викаш.Иако знаеш дека никој нема да те слушне. Се плашам да го продолжам животот зашто знам дека нешто сигурно ќе се смени,дека нема да биде се како порано.
Ова! Ќе го објавев во друга тема ама тука повеќе ќе го видите. Апсолутно, треба да се размисли малку. Колкав голем благослов е што живееме, што дишиме, што имаме се' она што го имаме, макар и ситница (иако, всушност, ништо не е ситница туку голем благослов), имаме луѓе кои не' сакаат и ги сакаме, здрави сме. Што треба повеќе? Треба само срце благодарно и разум кој сфаќа, толку. Тоа е доброто. А тоа што некој на кој сте му направиле добро, ви возвратил лошо, тоа нема врска со вас.
Некаде прочитав дека во секое женско дете "лежи" интуицијата на една мајка. И колку само е точно, уште од најрана возраст женските деца играат со мечиња и кукли глумејќи дека им се мајки, повеќето се однесуваат заштитнички кон браќата без разлика дали се помали или поголеми од нив. И подоцна, низ животот целата таа "мајчинска" грижа се манифестира на многу други начини, не мора строго да биде во форма на мајка-дете, може во грижата и заштитничкиот однос кон послабите и ранливите, кон старите и болни родители, кон домашните миленичиња и слично. И не дека не постојат и такви личности кои немаат мајчински страсти и инстинкти, ама сметам дека во многу поголем број ни работи нас интуицијата, без разлика на преференциите и кој како е остварен, за разлика од повеќето мажи кои немаат интуиција ни за сопствените деца, а не пак за други рандом луѓе на кои треба да им покажат љубов и грижа.
Знаеш дека е недела сабајле кога слушаш од сабајле разни звукови на правосмукалка од кај комшиите или од кај тебе дома.
Простувањето е за Господ. Јас не можам да простам нечии постапки. Секој пат кога простував, се зафркнував. Е, повеќе нема.
Досадни се овие што мрчат за празникот. Се нешто им смета, Валентајн не бил наш празник, Прочка бил лицемерие, Осми март бил лицемерие, за 1 април пак ќе хејтаат зошто луѓе си се маскираат и се така за нешто да се мрчи и плука. Малку во животот позитива да наоѓате бар во нешто? Со такво мрчење и негатива не е ни чудо зошто се несреќни тие луѓе.
Нема да остане туку- така овојпат. Знам дека не очекувате, ама и така сакам да си го добиете. Од позади.
Бидејќи не знаеме кога ќе умреме, животот го сфаќаме како неисцрпен бунар. А сепак сè се случува само само во одреден број, а во всушност, тоа е многу малку. Уште колку пати ќе се сетите на одредено попладне од вашето детство, попладне кое е толку длабок дел од вашето битие што не можете ни да го замислите животот без него? Можеби четири,пет пати..или повеќе? Можеби нема ни толку. Уште колку пати ќе ја гледате полната месечина како изгрева на небото? Можеби само дваесет. А сепак сето тоа изгледа неограничено..
После бројни ситуации изминативе години ништо не може да ме изненади. Помладата верзија би доживеала распад на личност, постарата јок. Сѐ во свое време. Селекција, филтер, ослободување. Конечно!
Велевме дека долг бил јануари и не поминувал, дојде и февруари, па утре март, ќе ситниме трет месец од годината, и дури да се свести човек каде е, да се преиспита што направил, месец за месец, дошла староста на врата
Нормални луѓе гледаат епизода-две во ден. Јас од сабајле изгледав цели 7 епизоди. Дијагноза - binge-watcher
Egoto ne e reciprocitet na uspesite. Toa sto si delusional, si se umislil/a i letas u oblacu samo pokazuva kakov karakter si.