Песниве на Кино ми се mood особено навечер после работа кога сакам да се исклучам од реалноста и да избегам во друг свет сосема сама. They simply hit different and not everyone can feel that.
"Имав две љубови -и двете невозвратени". Омилениот дел од песната "Налеј, налеј" од проектот Македонија е љубовна приказна, проект кој бил замислено да се снима во повеќе епизоди, ама штом дојдоа одродниците на власт, го стопираа проектот, го уништија како и се друго Македонско.
Февруари беше потопол и посончев од први март. Дај нека се оправи времето, сакам сонце, расцветани дрвја, цвеќиња и уживање во природа.
"Ако денес ви дадам една порака што треба да ја имате во вашите срца, таа е оваа: Никогаш, никогаш не се откажувајтe. Ќе има моменти во вашите животи кога ќе сакате да се откажете од се, ќе сакате да си одите дома, но никогаш не се откажувајте. Сум видел толку многу брилијантни луѓе, но тие се откажаа во животот. Тие беа тотално брилијантни, беа врвни во класот, во нивната работа, беа најдобри студенти, беа најдобри во сè. Но тие се откажаа. Сум видел други луѓе кои навистина го немале тој талент или таа способност но тие се меѓу најуспешните луѓе денес во светот затоа што никогаш не се откажале и не помислиле на тоа. Затоа само запомнете го ова, никогаш не престанувајте да се борите за она во што верувате и за луѓето кои се грижат за вас. Носете се достоинствено и гордо." - 45-от претседател на Соединетите Американски Држави
Не знам како увек мене ме застануваат случајни минувачи за насоки низ град а ја изгубена у време и простор со ориентација 0 сум у Скопје цел живот а буквално можам да се изгубам кај мене у маало. Ај за ориентација мање више али што му го изумив роденденот
Конечно се сретнав со најдобрата другарка после две недели. Иако ја знам само пет месеци, се чувствувам како да ја знам цел живот. Тотално ме разбира, поминува низ истото како јас, и иако ги знам другите другарки од 3 години (буквално), никогаш не сум осетила таква приврзаност. Некогаш и ми се гади од нив, како се однесуваат, како да се најдобри во сѐ... Таа е различна. За овие две недели додека беше болна, за малку ќе имав нервен слом. Сериозна сум. Таа ми е како терапија. Поддршка во најтешкото. Иако ја знам толку кратко, се прашувам како живеев претходно без неа.
Се плашам дека полека и јас ќе станам "идна беж мамичка". Вчера прошетав да купам облека за подарок за едно драго бебче, и на сите можни парчиња облека им најдов маана, сите беа со диносауруси, спајдермени, Мики и Мина, сите беа во преживи дреч бои, од жолти шаренила, до зелени, плави и црвени, и сите ми беа премногу џиџанистрав ме фати и срам од самата себе што никако не можев да се одлучам
раскажува прикаски за моралот, требало да го вратиме времето на честа, жените и мажите денес многу биле опуштени никакви ...... опнала туѓ минич на профилна ееех проста раја
Непозната госпожа во поодминати години со ироничен глас: браво за мама бе мали, во зима ти купува сладолед… Во мојата глава ми минуваат билц мисли: што тебе те интересира за туѓо дете, гледај си своја работа, можеби имаш проблеми со видот па не гледаш дека дете в рака држи корнета со шлаг …. Ја одминав со насмевка
Од досада ја зачитав темата "Брачни неверства", ама од почеток. Значи Фемина пред едно 15-тина години. Па читам мислења: "Јас имам дечко, кој е во брак 4 години"- Не, немаш. "Уф ние многу се сакаме, тоа љубов невидена, а инаку жена му се породи пред 4 месеци". "Нашата љубов е огромна, ама рече прво сакал да види дали сум спремна на се, па тогаш ќе се разведе"- Спремна валјда да гаси пожари во Амазон и со голи раце да се бори со мечки "Што има јас да имам грижа на совест, тој е женетиот, ја никој не изневерувам, освен дечко ми што не го сакам" "Иако жена му се породи пред 1 месец, ние се уште сме заедно. Тој на мене ми го прави интересно"- Интересно бе "Ја не се осеќам како швалер. Во брак сум 4 години, и 4 години имам девојка" - И тука сакал да сподели искуство сигурно за колективна годишнина, ама многу ќе го осудувале "Дечко ми еден никаков, не ми подарува внимание, среќа се појави и коњот и принцот што ме спаси, па сега долго време го изневерувам првиот" Најјакиот аргумент: "Па што, денес сите лажат и изневеруваат". No, we don't. Преземи си одговорност бе Секогаш, ама секогаш е вината во изневерувачот. А чекај, не те третирал/а добро? Па остави го/ја бе, simple as that Господ златна уста ви дал, може и за комуникација да ја користите. Луѓе и деца остануваат со трауми П.С Имаше дури и коментари дека и не било нешто голем грев, па и си честитаат на храброста. Ааа и, изневерувачите утре никако не сакале некој нив да ги изневерува А јас сега одам да си ги исплакнам очите со цијанид и никад да не ми текнало да отварам вакви бисери
Се случила несреќа кај сосед. Народот се буни и онлајн и на улица, бара одговорност. Министерот дава оставка. Се случила несреќа кај нас. Народот не се буни или само се сили на тастатура, и не бара одговорност. Министерот не дава оставка, туку продолжува да седи, да си пие кафе и му се смее на народот. Ах, бре Македонче...