Ми се пикна под кожа и ете си после толку време уште тука, трпеливо ме слушаш за се што имам да кажам.
Добредојде Сатурн. Влези не се собуј. Ајде да научиме она што не научивме пред 30 год. Само те молам, кармата од предците остај ја пред врата. Доволно туѓи гревови перев.
Спојлер: експлицитен речник и содржина Од тој ''чекање месаја комплекс'' да дојде ве спаси, ве седне на белиот коњ, ви ги почистии го*ата што се насобраа што дозволивте да бидат се*ени и сами ги се*евте додатно додека си го живееввте the best life и сте таму кај што сте. Зошто за толку сте способни и за тоа само знаете. И сега не се дише од го*на, епа не се дише. Господо, тражили сте, изволте. Клиначки далаверии.
Сакам да кажам дека сум изморена ама онака ептен изморена од акните со кои се борам со години. До сега сменив едно 4-5 рутини кои никогаш не чинат помалку од 100евра, пиев апчиња (кои имаат ефект само кога ги пиеш, нели), мачкав разни киселини, бев на 10 различни начини на исхрана и let me tell you, ништо не даде долгорочен ефект. И еве ме сега јадам црно чоколадо и ми се плаче, што од тоа што сум изморена од оваа борба, што од тоа што ова е се освен чоколадо и направи да се осеќам уште помизерна (извинете сите вие што сте љубители на црно чоколадо ама ова нема вкус на ништо). И она што ме фрустрира најмногу е тоа што има мажи околу мене што едвај го мијат лицето, користат ист шампон за кола, коса и садови, јадат што сакаат и кога сакаат и кожата им е почиста од се на свет?????
Како го одбележувате 8ми март? Преземате некои чекори во корист на жената или со пиење и јадење се прославува? just curious.
Подарување цвеќе за 8-март на жена која не сака цвеќе е погрешна практика со која се инвалидира нејзината вредност. Не секоја жена сака цвеќиња. И онака поентата на празников не е давање поклони. Тие кои не го сфаќаат ова се лица со заостанати сфаќања и секој/а треба да се држи подалеку од нив.
Луѓе, секогаш може за нешто да се најде и да се даде негативна критика, дури и за славење празник, ама не бидете такви. Секогаш има нешто позитивно и денов го славиме баш поради тоа. Убави мисли = убав живот.
Убав сончев ден ,искористете ги даровите од природата .Насмејте се ,кажете убав збор или подарете некому нешто .Времето минува ,час по час минал денот ,ден по ден година и важно е што сме оставиле зад нас за да најдеме пред нас ,што сме направиле корисно за утре да се гордееме со нашите дела . Малите гестови се големи работа , прегратка,поклон,јавување по телефон на некому ќе му значи како целиот свет да му е во раце . Среќен осми март!
Читам Пике ќе правел свадба со швалерката, а со Шакира никогаш не се земаа. Лекција: не потценувајте моќ на бракот, вонбрачна заедница не е тоа тоа, вака при неверство во брак ќе му земете барем се до последна пара и нека се мачи и влечка по судови, а не преку ноќ да прекине се како ништо да не било. Документ е ама значаен. Вонбрачна заедница одма се прекинува, најлесна разделба. Опасна жена излезе, но во право е, сака да си се заштити, а и такви мажи како Пике само такви жени и заслужуваат. Може и сите треба да учиме да бидеме така "опасни" и да си се заштитиме и ставиме себеси на прво место. Жал ми е за Шакира, се надевам ќе најде некој што ќе ја сака и цени како што заслужува.
Супер што ставате цвеќиња на стори, клише цитати и накитени поклони, уште само да не ви извира мизогинија со секој искажан збор секој друг ден и таман сме.
Прв пат оваа година добив поклон за 8 март. Ружа ама и се израдував. Никој не ми купувал ништо и не ми давал, претходните дечковци и за роденден и Валентајн не ми посетуваа внимание како што заслужувам, не па за 8 март. Убаво било чувството. Не сфаќам зошто го хејтаат луѓето празникот, поклоните или општо вакви празници и поклони со поводи. Секој сака внимание и да се почувствува убаво, со повод или без секако е убаво некој да се сети на себе и да ти посвети дел од своето време и внимание Помалку омраза за вакви денови, за околината, за мажи, за жени, за јавни фаци, водат до повеќе среќа во животот.
Вчера добив коментар во смисла како изгледало дека ми било лесно во животот и не сум знаела што е анксиозност и паника вистински, а баш претходната таа вечер имав црни мисли што ќе биди ако престанам да постојам и ја пројдов цела вечер во плачење. Често до толку сум анксиозна што физички осеќам болка и имам чувство како да е готово со мене. Само затоа што некој не зборува пред тебе за своите struggles како ти што зборуваш не значи дека сѐ му е скоцкано во животот. Зошто воопшто потреба од ставање на кантар на кој му е потешко? Или пуста потреба да се издигнеш некако над другиот.
И јас мрчам за еден тон работи, ама, отековте веќе со тоа како да се "слави" 8ми март. Оставете ги луѓето нека се веселат (или барем нека мислат дека се веселат) оставете ги да си подарат нешто, да си кажат убав збор, а од наредниот ден секако ќе бидеме стоки невидени пак. И да, ни требаат милион права, имаме милион обврски, дискриминации и чуда, ама не сте ништо "уау и ин" што години наназад правите мајтап на "попростите" женички кои не ја сфаќаат смислата на празникот
Изгледа дека сите што се жалеа на осми март само испарија во воздух откако цел ден пишуваа дека не треба да чекаме до некој празник за да си честитаме. Епа го разбирам тоа и се сложувам, ама ако сите само зборуваа за промена и ништо не правеа, како очекувате нешто да се смени? Ама не сте вие криви. И не сум саркастична, сигурна сум дека си имате доволно проблеми за да се грижите за другите. Не го мислам ова како навреда, некогаш е добро да се ставите себеси на прво место. Па затоа, еве еден поздрав од мене. Знам дека некој ова ќе го прочита во многу полоша позиција од мојата, од многу различни причини. И иако не можам ништо да направам, ви посакувам сѐ најдобро и ви кажувам дека и колку безнадежна да личи ситуацијата, бидете храбри и не се предавајте. Го можете тоа. Посилни сте отколку што мислите. Тоа е сѐ што сакав да кажам
Да ми је знати кога станав угледна домаќинка за пожелети тип и тоа од се срце, и од кога сум го имала во мене... Уште да сменам мислење на тема брак и отидов скроз. Во меѓувреме боемот во мене добар е, сеуште се држи... Инер, Инер универзум без крај, колку ли тајни уште криеш во тебе...
Колку се нервирав во средно кога за викенд дома ќе седам, а сега уживам кога седам дома по пижами и си гледам серии. Станувам возрасна личност?
You work 8 hours to live 4. You work 6 days to enjoy 1. You work 8 hours to eat in 15 minutes. You work 8 hours sleep 5. You work all year only to take a week or two off. You work all your life so you can retire in your old age. And to think only of your last sighs. Eventually you will realize that life is nothing but a parody of yourself practicing your own forgetfulness. We have become so accustomed to material, social slavery that we no longer see the chains... Life is a short journey, live it!