Купување сувенирчиња, чоколади и бонбониери од патување за подарок е како единица мерка за блискост со некого.
Интересен феномен е како луѓе те бришат од социјални мрежи кога веќе не им требаш, а до вчера те замарале во пораки кога имале корист од тебе. Се е веќе видено, тешка мизерија.
Е зошто јас да им удоволувам на сите? Е не може веќе така. Нема веќе добра пријателка бла бла бла, НЕМА. Ќе си видат сега убаво, да видат како е така да се понашаш на некој. Па после нека му ја мислат. Ако не ми помагаш кога ми требаш, не ме тешиш или барем ТИ Е ГАЈЛЕ, за секое можно постигнување ми наоѓаш маана, сега и јас ќе бидам искрена. И ќе ти кажам што мислам. И не сум ти веќе милениче, па да ми викаш кога ќе те подбуцнам треба веднаш да дојдеш. Веќе не ме контролираш. И гајле ми е како ќе се чувствуваш, како што и на тебе не ти беше гајле за мене. И што сакаш зборувај, зошто да се плашам од тебе? Дека пријателите ќе ме остават? Дека ТИ ќе ме оставиш? Имаше шанса. Сега ќе ти кажам СЀ во лице. СЀ. И што ќе ми направиш? Ќе ми се налутиш? Нема веќе да се дружиш со мене? Не ми требаш ни ти ни таа. Глупости, ме користиш за да дознаеш кој што зборува за тебе, какви озборувања има... А кога таа ќе дознае, има да видиш. Ќе ве уништам двете, разбираш? ЌЕ ВЕ УНИШТАМ. Тоа е сѐ што сакав да кажам.
Најјако ми е кога ми е досадно и си вртам по форумов и во последно активни теми имаш ова: за у ниедна тема не сум компетентна да пишам (без таа за шминкери)
Не сакам негативни луѓе и луѓе што нон стоп се жалат. Мислам дека на многумина им е тешко е да излезат од менталитетот на жртва. So I just stay away from them
Големите реки течат тивко, мудриот човек не го подигнува својот глас, затоа што човек без воспитување и срам е како тело без душа.
Како стареам, се повеќе ќутам. Ќутам со пријателки, ќутам во дискусии, дома, на работа, во караници. Не дека немам што да кажам, имам многу но после 3 2 реда напред назад, не ми се објаснува. Не ми се расправа со луѓе со кои не се разбираме. Немам нерви да објаснувам и докажувам поента и давам примери зошто така мислам. Некогаш дури и "не се согласувам" или "јас не размислувам така" се доволни. Не треба секогаш на широко и долго да објаснувам и да се оправдувам зошто не се согласувам. А можеби и мрзливост некоја ме фатило со тек на годиниве да мудрувам на луѓе со кои не сум на иста бранова должина.
24 ќе правам за некое време, мислев на овие години никој нема да ми треба и се сам ќе правам како самостален човек. Реалност: уште ја барам мајка ми да видам кај ги ставила алиштата што не можам да ги најдам, не па нешто друго. Амерички филмови не лажеле кога сме биле деца.
Колку и да се обидува човек разумно да ги потроши парите пак ќе ги потроши каде што треба и каде што не треба .Најважно е да се купи неопходното но на ситници ќе ти фати окото и отиде празен џебот
СДК Добро обраќајте внимание со кого сте опкружени секојдневно и внимателно бирајте кој ќе биде во ваше друштво. Бидејќи понекогаш човек може да помине цел живот погрешно мислејќи дека е анксиозен, несигурен или дека нешто му фали.