Кога и да почувствувам тага и депресивно расположение си легнувам за да избегам од реалноста. Знам дека не е сјаен избор и решение, но моментално помага. Спиев два часа и еве станав подобро од кога бев попладнето. За денеска решен проблем, за утре ќе видиме. Порано плачев и само добивав потечени очи, ова ми е подобро бегство од животот.
Преку глава ми се дојдени дома што чуваат глупости од дедо Ное, алишта што ги носеле кога била тинејџери и нејќат да ги фрлат зошто им било жал. Искинати глупости, ќе се нашле, крпи ќе биле за чистење, нека стојат. Затрупале шкафови со глупости, место нема нови работи кај да се чуваат. Со душа чекам да си имам свој стан каде се ќе биде убаво подредено, минималистички и нема да се чуваат глупости од жал и носталгија за времето на Тито . Сакам да сум си сама свој газда. Ќе почекаш Ен, ќе почекаш јбг.
Znaev deka ke dojdi mojot den,deka ke se javis i ke mi cimolis na tel,ete pak si vinoven,ama ovoj pat po moi pravila ke igrame,mene ke me slusas inace nema nisto,i ne mi e ni gajle dali ke ima voopsto,veke si zaminav...
https://www.bbc.com/travel/article/20180617-why-the-finns-dont-want-to-be-happy Why the Finns don’t want to be happy (Статијава е од 2018, кога Финците биле повторно најсреќна нација на светот, но, е разумно да претпоставиме дека нивното мислење важи и за оваа година.) Значи што треба да резимираме за среќата на Финците, најсреќната нација оваа година, и неколку години наназад. Среќата не е експресија на внатрешно чувство, тука чувство на 1) Доверливост 2) Чувство на безбедност 3) Способност да се грижиш за другиот и некој да се грижи за тебе 3) Отвореност кон други култури и можност да бидеш пречекан и вдомен 4) Стоицизам, тивко трпење на „животот“ 5) Релативна нераслоеност на општеството. 6) Одличен образовен систем. (Знаеме дека најмногу PHD има за педагогија во основно училиште) 7) Пристоен БДП.... и најбитно Pantsdrunk, (Да можеш да седиш дома по долна облека и да си пивкаш на раат и да не мора да излегуваш надвор.) Самите Финци се зачудени од тоа дека се избрани за најсреќна нација на светот, дури се потсмеваат на оваа статистика. *** И на прашањето на новинарите што имаат да кажат политичарите за тоа дека Македонија е најниско на листата на земји од регионот, тие одговараат, парафразирам: - Ковачевски: „Ќе бидеме среќни кога ќе влеземе во ЕУ“ - Апасиев: „Македонија е на дното, фала Таче“ - Мицковски: „Избори веднаш“ А, ни тие ни новинарите ниту се заинтересираа да видат како се мери таа скала, кои се параметрите, на што се однесува, од што зависи, што се подразбира под „среќа“, какви се трендовите, зошто Финците се „најсреќни“ и зошто мислат дека „не им е потребна среќа“ туку Pantsdrunk https://en.wikipedia.org/wiki/Pantsdrunk *** Мизерно е колку медиумите придонесуваат кон нашето чувство на несреќа всушност и колку се „хранат“ на „негативни“ емоции, а притоа, „најважната порака“ е дека сме биле на „дното“ и целата „статистика“ е искористена (злоупотребена) за нечија „политичка стратегија“. Е, па видете мои драги членови на форумот дали „вреди“ да се биде (не)среќен и сите ние да ја играме „нивната игра“. Бидете пркосни и бидете среќни, без разлика, направете си мали задоволства кои зависат само од вас, повремено и редовно, угледајте се на Финците.
Една на инста, удави со 60 слики во еден ден од досадно место каде ја прошетал спонзорот. Дај олабави, не покажувај непрошетаност. Бар убави да беа сликите.
Ќе си излезеш во бели патики, ќе фати да врне со часови, улиците ќе станат катастрофа и цели патики ќе ти се направат од бели, црни. Плус, на пешачки додека чекаш да преминеш улица ќе те направат лом коли што возат како да се на трки формула 1. Просечен врнежлив ден кај нас.
Ќе напишат реферат од глупости во темине и бришат со брзина на светлината кога ќе прочитаат што истрескале Мислат никој не видел Ќе ве дотепа љубомората кон убави жени.
Nema nisto poubavo koga gledas deka denes ke e 18 stepeni sonce a ti si na rabota do 14h.... odma planovi so koleski kaj da se odi na kafe na setanje....
Маж ми: Гледам брзо куцаш по телефонот, што е, пак нешто со некои жени се расправаш на розевата апликација? Цело време ми вика да баталам местово, бед инфлуенс на расположение ми било
Слушнав што се случило. Жал ми е, ама сметам дека рајот не е место за тебе и за таквите како тебе. Оние кои посакаа да имаш мир на она место или не те познаваа доволно или не те видоа во одвратно издание. Мака ми е кога се величаат гадови и тешки себичњаци.