Нејасно ми е која е поентата на сликање со отворена уста на секоја слика. Полни усни и филери ако е поентата да се прикажат, се гледаат и кога ви е затворена устата на сликите. Ако е финта да биде сексуљаво, исто не е, грдо личи. Многу глупаво, не знам зошто таква поза за сликање е популарна меѓу младите девојки Едно време беше дак фејс, сега отворени усти.
Обично никогаш не се каам за работите што сум ги направила и одлуките кои сум ги донела во определен временски период од мојот живот, но во последниве месец дена ужасно се каам за една моја непромислена одлука од пред 6 години. импулсивна, брза, нетактична. Сега гледам што сум направила и која е последицата. Еве ова е тоа што го велат старите од главата си патиме.
И да ви го стават сонцето на едната рака и месечината на друга, никогаш не се откажувајте од вашиот пат или вашата цел.
Koga citam sto im se desava na nekoi luge,kakvi tragedii se slucuvat po doktorski greski,kolku lugeto se srekjni za edni novi patiki...svakam oti ponekogas se nerviram i kukam za banalni raboti...
сакам да кажам збор два НЕЕДУЦИРАНИ СТВОРЕЊА, ПРЕКИНЕТЕ ДА ПИЕТЕ ПЛАН Б ПОСЛЕ СЕКОЈ -ЕСКОЈ ВТОР НЕЗАШТИТЕН ОДНОС. АМАН Темана за план Б, КРЦА од неедуцирани створења, ако мислите дека после секој незаштитен секс, ќе добиете дете, guess what? USE A PROTECTION, дупла ако толку ви прпа, или не се ебете аман. Секоја втора у темана, ,,имав незаштитен однос се напив план Б'' Секоја од нас ако пиеше план Б после незаштитен секс, ќе ги испразневме рафтовите.
Какви глупи и небитни анонимуси објавуваат по порталите и им даваат на значај. Изгледа се е сведено на плаќање пари да те објават. Ма на се ќе ставам анлајк и анфолоу од македонски портали, немам намера да читам за некакви си небитни и само вести за црна хроника што те полнат со негативност. Дно од новинарство.
Не ги разбирам некои, ќе си направиш убав муабет на крајот ќе ти прија денот и на крајот ќе те отследат без збор и објаснување. И очекуваат после да ги почитуваш, ами како?
Само трупам дома работи и никогаш не ги искористувам. Затоа се израдував дека конечно се гледа дното на една сенка од палетата. Не сум ја купила за џабе.
Некогаш си викам кога ќе помине, денов, неделава, месецов, времето не поминува. А кога ќе погледнам наназад кога поминаа неколку месеци? Ко пред 2 недели да беше Нова година.
Кога ќе погледне човек се што се случува околу нас, не е на одмет да каже гласно дека повеќето од нас сме стоки од луѓе, дали се работи за возрасна граница од времето на Тито кое толку многу е плукано, дали од новиве генерации, заборавив како ги викаа по ново со таму тие модерните генерациски ознаки
Мислам дека на дно или многу близу ми се жени кои изговараат реченици како „Жената секогаш треба да најде време да се среди (физички)“, „И со новороденче не треба да запостават нокти/фризура“, дека нема изговор да не си издепилирана/ишчешлана......... shut upppp.
Сите се како "леле, зошто луѓе постираат слики на социјални мрежи, на кој го занима кај си, со кој си, што јадеш, пиеш". Затоа кога ќе ставиш слика со дечко, од одмор, 80% следачи стори ти отвориле, дознаваш дека те препраќаат "види оваа нов имала, види го каков и е овој дечко, кој е, што е, отвори да го дознаеме од каде е, што работи, што студирал". Најопасни се тие па што не постираат ништо и само гледаат што ставаат другите, последна објава им е слика од свадба некоја од 2018, а за сите се знаат што ставиле и оговараат трачеви и муабети по кафиња за секого. П.С ако толку не ве занимаат социјални мрежи, што имате профили, деактивирајте се. Мене ме интересира, гледам што ставаат луѓе, ставам исто и јас слики. Барем не глумам светица дека не ме интересира кој што постирал.
Кога веќе ми манијачиш профил пази што стискаш, вака дознав колку често ми посветувате внимание со сестриштето твое. Значи викендашки вака, главна окупација сум ви. Посоветувај ја сестра ти да си мисли на маж и до неа, глупи едни, не на маж ми. Години се поминати, треба да преболи веќе. Фамилијарно ми посветувате внимание. Шо убо. Било је лепо док је трајало, нати блокче сега, убаво ми рече маж ми, блокирај ги болни се тие, ја не си го послушав, нема шо да ме гледате мене. Извините што ќе ви ги расипам викендите, имате ваљда други теми за трачарење.
Изгледа една од ретките сум што е Хајли Бибер тим. Преку глава од Селена и нејзиното вечно глумење на жртва. Добар маркетинг за собирање поени од средношколки. Никогаш не сум и била обожавател, а сега уште поантипатична ми е.
Прегорда сум на себе што некои постапки сама ги прекратувам, што сама ги согледувам и ги отстранувам. Сега се смеам искрено од срце, со слободоумни мисли и чиста душа.