Колку е интересно како повеќето се замараат да дознаат работи за мене, се ги интересира, али нема од каде затоа што не сите се ставаме на социјални мрежи, многу работи си ги чуваме во приватноста. Колку помалку знаат толку повеќе се интересираат, па кога нема да дојдат до информација директно си прашуваат без никаков страм. Како не ви е мачно да се замарате со туѓи животи, гледајте вашиот оџак да чади, али не, се што е туѓо е поинтересно.
Убаво еден период прекинав да се пуштам толку тука, не знам што пак почнав да сум активна и да си го губам времето залудно. Време е за пауза од тука или за целосно исклучување, ќе видам како ќе ми биде желба. Поздрав
Нема подосадно нешто од реклами и известувања за попусти и акции во форма на mail или пораки на viber.
Старост ли е или од толку многу зборење од мајка ми Ама гледам серија и мајката се кара со ќерка и искача по неа надвор со мокра коса, а надвор снег и ладно време и се што мислев наредните неколку сцени беше - леле женава излезе со мокра коса , после ќе ја боли глава од ладното
Што е со денешниве деца кои за све што не им се свиѓа велат дека е ретардирано? Родителите не ги бива. Зошто ги прават кога не ги воспитуваат?
Ми се оди на плажа. Ми се бања во базент. Ми се оди на море. Ми се пие коктел. Ми се јаде лубеница. Ми се ЛЕТО Ајт овоа никаквото време, сиктер више.
Разочарано од себеси, значи сама се јадам одвнатре, за одлуки кои сум мислела дека се добри и по 100ти пат си велам - немој да се слушаш себеси. Па нели гледаш само погрешни одлуки правиш и поминуваш денови во каење..
Деморализирано од сегашнава ситуација со плативе на функционериве.Ми е страв да не им го замрзнат па да неможат да им покачуваат
Она кога ќе станеш рано и цел ден ќе си го искористиш корисно, плус имаш многу време за се. Priceless
Колку човек се менува и станува расположен кога е меѓу свои луѓе. Депресивната и носталгично нервозна жена ја замени онаа старата расположена убава жена,која го сака животот. Некогаш толку малку фали. Не е до парите, не е ни до можностите колку што е до луѓето околу тебе. Ако ги немаш се е џабе.