Почнаа договорите за генерациска средба? Убаво. Не бев ниту на првата, нема ниту сега. Штета што такви луѓе сме се погодиле во класот, наместо со мерак да се видиме, да се собереме и да си направиме муабет и за некогаш и за сега, ние се збираме чисто од љубопитност за да има што да се оговара после, кој со кого се омажил/оженил, дали има деца, кај живее, кај работи, ако нешто сте пропуштиле да не разберете, сега му е време да прашате. Не, фала, за така не идам. А знам дека ќе прашувате и за мене и за сите што нема да бидат присутни. Плус, со повеќето и на улица ни ,,здраво'' немаме, ќе сме се збирале на генерациска. Со кои сакам да се видам, ќе излеземе на кафе. На прсти од една рака се бројат.
Љубовта е лек за многу работи, ама понекогаш знае да биде и отров. Наше е во какви дози ќе ја даваме и ќе ја примаме
Ги ценам и поновите пријателства во животот ама како пријателствата што ми траат 6-10+ години во животот немам повредно нешто. Луѓе што биле тука со мене кога сум растела, ме знаат во сите животни фази, најискрено и најреално ќе ми кажат совет и ќе ме сослушаат. Најсигурно се чувствувам со луѓе што се во мојот живот со години, им верувам, најубаво и најпријатно ми е во муабет со нив, да бидам искрено тоа што сум.
Колку помалку си на социјални мрежи, толку повеќе среќен во животот ќе се чувствуваш. Непишано правило некако.
Зошто глумите филозофи кога не знаете три реченици да составите како што треба? Во три реченици, пет пати иста фраза. Реченицата изгледа како "Сакам да кажам нешто - ама не знам како?!". Хаос, а од друга страна мудрување.
Слушам на вести, деца генерација 2007ма силувале девојче 2010та. Што стана со децава денес? На 15, 16 години да успееш да се смуваш со симпатијата, да ја држиш за рака и да прошеташ низ кеј ни беше доживљај, какво силување, какви насилства, што е станато? Не сум ни толку стар ама сум запрепастен од децава и црната хроника низ државава.
Пријатно изненадување е да влезеш во автобус и шоферот да пушта радио со поп песни. Па, да речеш фала Богу оти нема да те заболи главата како што ти се дешава од сељачки турбофолк.
Кога и да се пуштам тука се вознемирувам што се има, какви мажи постојат и токсични работи. Отвори на фб исто само црна хроника и политика, на инста нереален живот... Стварно социјалниве мрежи се дно. Ми треба да се тргнам од нив што повеќе. Убаво порано не читав ништо, колку повеќе знаеш, повеќе лошо си прави човек на себеси... Интернет детоксикација ми треба, ќе се мрдне човек ако чита само негативности.
Шок ме удира кога ќе се сетам колку работи сум направила за кои претходно сум кажувала "нема шанси". Арно рекле, никогаш не вели никогаш. Сега некој ќе рола очи и ќе си вели, ова ти е типична особа без став ох, ноу, и таквите со јасен и константен став, кад-тад, животот ги треска од земја и по сплет на околности прават отстапки комплицирано е упм
Кармата е кучка! Секое лошо што се го нанеле некому, ќе се врати, и тоа дупло! Правете добро луѓенца, само добро секому, дури и на тие што не заслужуваат!