Како инстантно да препознаеш медиокритетски малограѓански сељак: њушка во туѓи дворови, го пика носот кај што не му е место, дели полуписмени совети, мисли дека се' знае.
Да сакав тмурно и облачно време ќе одев во Лондон. Се е пореметено значи, ни пролет видовме, ни ништо.
Dojdeni se odamna u nedojdijava Dođu, tako, vremena, kada pamet zašuti, budala progovori, a fukara se obogati! Ne da progovori, tuku usta ne zatvori.
Некогаш ми фалат старите убави денови од животот. Не дека и сега ми е лошо, само некогаш се беше поинаку. Како да животот после пандемијата многу е поразличен и никогаш нема да е тоа што беше.
Мудроста доаѓа од обрнување внимание и слушање на мудрите луѓе. Љубовта доаѓа од постојаниот стремеж да се најде доброто во другите и да се стават другите пред себеси. Храброста се развива со одлучност да се сруши секоја бариера која стои на патот на човекот без оглед на околностите. А најважно од се е тоа што секој има обврска, пред да изговори нешто e да ја измери важноста и вистината на своите зборови, бидејќи не искажаниот збор е твој роб, а искажаните нема да можат да ги стигнат дури и најбрзите коњи.
Дали знаете што останува од човекот кога ќе го повредите, изневерите или оставите? Тој останува само со празнина каде што била неговата надеж и љубов. Знаете ли што останува од човекот кога го оставаат, изневеруваат, болат или лажат? Останува само лушпа од тело без душа. И тогаш можеби многумина ќе го сакаат, но тој не ќе може нив. Нема да може, нема да може да им врати на никакви чувста и емоции. После можеби многумина само ќе му ја кажат вистината, но нема да може да ги слуша. Сите порано или подоцна заминуваат, повредуваат, лажат или ќе изневерат, но после тоа ќе нема никаква виша сила нешто да закрпи и залечи, можеби ќе успее но ќе има лузни. А луѓето ќе зборуваат дека нее како порано, не се грижи, не помага никому како порано. На сето тоа само со блага насмевка на лицето тивко ќе одговара дека никој не му помогнал кога во него умрело она што кога најмногу него му требаше. Затоа одамна не бара и помош. Единствено пријател е само со тишината во која се слушаат само отчукувањата на срцето.
Не е фб за секого, ама за жал фб стана достапен и до баби и прабаби кои воопшто не ги разбираат опасностите кои ги носат социјалните мрежи
Не сум некој обожавател на социјални мрежи и ги користам што е можно помалку ама фала на форумов што ми се нашол многу пати. Вчера кога прашав нешто, неколку луѓе одма пишаа и ми помогнаа со информацијата премногу. Брат ми денес доби работа по струка, прва после дипломирање и долго неуспешно барање работа со месеци после дипломската. На крајот вреди упорноста и маките се исплатат. Нека пие форумот од мене денес пиво.
Некои роднини се стварно без осет. Дојди по некоја работа во Скопје, да не е џабе идењето, лупни се кај Сноуфлејк и маж и на гости што не си ги видела со години. Аман веќе, што убаво си бев расположена, ми расипавте раатот.
Најлошото чуство е и покрај толку луѓе околу себе да се осеќаш осамено. Да немаш на кого да си ја потпреш главата и да се ги кажеш проблемите, без разлика ако од негова страна тоа му звучи глупаво и смешно, да те прегрне и да рече "ќе помине", да биде покрај тебе и кога си најсреќен и кога си најтажен.
Го чистам домот за роденденот утре. Ама, повеќе чувствувам тага отколку радост. Некои ќе дојдат, некои ќе фалат. Животе, не си фер.
Колку одам повисоко, толку побрзо ме стасува уморот. Од една страна, едвај чекам да заврши оваа етапа што се ближи до крајот. Од друга страна, како пак да се плашам дека оној момент кога конечно се ќе заврши, нема да издржам долго и повторно ќе почнам нешто слично на ова сега. И пак ќе се лажам самиот себеси дека е крај...