Вервам во омраза на прв поглед. Често зборат луѓе за како не можеле да предвидат каков е некој и слично, а јас сум многу емоционално водено животно и меѓудругото фаќам "вајбс" шо ме прај многу џаџи и непристапна некогаш. И многу почесто фаќам негативни вајбс него позитивни. И зато се смеам дека вервам во "омраза" на прв поглед. И сакам да грешам ама обично сум spot on. Едино нема да се помирам за еден другар шо згрешив. Одамна се знајме. Одамна се дружиме. И веќе неколку месеци е како нов чоек и никој толку ме нема разочарано. Ама океј. Растиме. Ова е дефинитивно некоја нова верзија од него шо ко деца не можев да ја "фатам" оти не ни постоеше. Потсвесно се надевам дека еден ден ќе сфати а спремна сум дека нема да сфати и евентуално ќе скратам скроз контакт пошто почна близината негова да ми е гадна и не можам да контролирам колку ми е гнасен. Се надевам нема никој ваш близок да напрај нешто толку лошо за да напрај да се осеќате вака кон него. Фактот дека не одобрувам шо прај, за разлика од другите, прај да сме во лош однос сега.
Кога читам огласи и колку наведени работи бараат, па тестови па прво, второ, трето интервју, мислиш за во Наса бараат, за плата од 20-25.000.
https://www.fakulteti.mk/mobile/new...ja-eliminiraa-listata-na-chekanje-za-operacii Браво за Ниш! Нека учат нашиве од нив малце .
Најјаки ми се сељандури со фејкови опнати на секоја слика и заматена позадина да не се гледа толку фотошопот. Носење и силување марки, и ,,портрет” моде беше шема одамна.
Да се преброиме колку нема да одиме за Велигден на патување низ Европа или Балканов. Јас еве прв се пријавувам, ќе одам во село кај дедо ми и баба ми. Скромно, празнично, фамилијарно. Природа и чист воздух П.С ретко се пуштам тука и таму слабо фаќа интернетот, па среќни празници Христијани, каде и да сте за Велигден убаво да ви е.
Мир е кога пролетно вечерно ветре ми го гали лицето, си игра со косава, мир е кога ќе погледнам во небо и е полно ѕвезди, ветува дека утрешниот ден ќе биде сончев и ведар. Мир е кога шетам сама, кога излегувам без шминка и со висока чорапа и стара тренерка, ама полна себе. Мир е кога дишеш и едноставно постоиш, во исто време чувствуваш дека те чека нешто убаво. Убаво, сосема заслужено. среќна сум што сум жива и што знам да ценам.
Знам дека успевам во животот во моментот кога гледам како нереализирани лица со евидентен малограѓански карактер ми се исмејуваат, и тоа отворено, на моите за нив недостижни успеси и подвизи. Ама како беше, who laughs last laughs the best?
Кога сум банирана у некоја тема, читам со тешко срце Тешко е да читаш, а да не можеш да пишеш, и како одлепена некоја со мрмљам по дома и одговарам
Најдобро одбрана во однос на луѓето кои мислат дека со тоа што ќе се сѐ погласни од соговорникот или неколку пати го повторуваат истото, а не му даваат на другиот можност да се искаже, и притоа постојано го прекинуваат, секако од страв дека некој може да им даде противаргумент, е едноставно да им речеш: „Да, во право си.“ Ако толку сакаат да живеат во свет каде се право, нема потреба ни да излезат од него. Страшно е што ова станува нулта вредност на комуникацијата и се претвораме во свет на солипсистички аутисти кои зборуваат паралелно, а не едни со други. Сите се во право, сѐ додека не им треба другиот, а кога ќе посакаат да го најдат поради тоа што не се живее сам, нема да успеат во тоа, затоа што едноставно другиот не постои, од другата страна има само уште еден човек, кој е ВО ПРАВО.
Денес верници, сториња еден куп, слики, чуда, цитати, молитви како и секој празник. Ама сегде бе Господ/ Бог ви е со мала буква како толку си го сакате, а не знаете дека се пишува со голема буква бидејќи Господ е еден.
Со тешко срце го исчитав статусот на родилката, стомакот ми се ежеше,морници ме полазија. Каде сте сега вие што ги браневте докторите, што зборевте дека не е лекарска грешка,што зборевте дека не биле на пауза, не дишеле бла бла.. Земете сега, исчитајте го статусот и извинете се ако имате храброст. Или можеби да наведнете глава. Нареден пат пожелно е мудро да си молчите.
Толку многу внимание се обрнува на "дали ова е посно", "дали смеам да изметам денес, дали да пуштам машина..." наместо да се обрне внимание на покајание, прошка и помирување...
Случај Игор П. и навредената г-ѓа. Навредите се поважни од потребниот лек. Трул систем со трул народ. Пу!
Најубаво е радоста да не ја споделуваш никому бидејќи сите се љубоморни и со желба да ти направат нешто лошо.
На истава дата лани ми беше најсреќниот и најубавиот ден што сум го имал. Сега се е тоа меморија. How the tables have turned. Жално
До минатата година на сите им честитав празници, годинава оставив да видам кој би се сетил на мене. До сега само двајца со кои си го имам муабетот, од другиве кои мислев дека ме почитуваат на ист начин како јас нив ни трага ни глас. Нека е така, барем ќе знам кој е кој.