Некои луѓе и на празник ќе те изнервираат Бог да чува сте Бог да чува и да брани Еден ден да се немало осет да му се невиди. Ја на сите им идам по и еднаш нешто ќе побарам и секако НЕ МОЖЕ. Епа кај мене не може иде на repeat отсега. Па да видиме
Сериозно До коа ќе се делите вака бе луѓето вода у очи немаат. Пожелно би било да е православна. После ќе зборите како религијата ги дели луѓето, а уствари сами се делите бидејќи сте прости
Како се нервирам кога ќе видам како девојките се понижуваат. Не мислат за сопственото здравје, оти на некој му било нешто поубаво па им угодуваат. Секое влакно од глава ми се крева кога ќе видам дека се пие хормонско апче како да е бонбона. Малку повеќе почитувајте и ценете се себеси, оти вие сте одговорни за вашето здравје
Доле 100 идиотски коментари околу цената 98.000/58=1689€ квадрат На оваа инфлација Плус сѐ ганц ново, и фулл наместено. Тоа не го гледаат многу луѓе. Само цена и квадратура…Бог да чува
Низ населба со денови луташе една женка куче, не беше агресивна, играше со децата, ама постојано испушташе тажни и чудни крици, мислам дека скоро е породена, затоа што така личеше според градите и веројатно и ги имаат исфрлено малите или само неа ја имаат испуштено, па ептен беше збунета и растревожена поради тоа. Жал ми беше кога ќе ја видев, ама немав како да и помогнам, деновиве не сум ја видела, ама се надевам дека барем малку и се стишила болката. За жал, и животните добро осеќаат на своја кожа колку многу е суров животот. Ама и кај нив и кај нас, мајката има голема животна улога, а со тоа и еден тон тежина....
Колку е само лесно да се истури бесот и нервозата врз некој, незнаејќи колкава тежина носи истиот. Не го правете тоа, бидејќи во овој свет на хаос незнаете кого ќе го скршите.
во милион Фб групи сум, и едно нешто НИКАД не сфатив. Кога нудите работа, коа барате работа, коа продавате нешто, т.е било каков оглас, толку не знаете или ве мрзи да го напишете у целост? Еве конкретно сеа видов жена нуди работа и пишала: ,,Се бара негувателка за во старечки дом'' каде? како се вика? плата? услови? ништо не е разјаснето. Од шо ве мрзи да куцате и не знаете да составите неколку сложени и проширени реченици, си отварате работа прво по сто пати да одговарате на исто прашање, второ, некој ако е заинтересиран треба да копа по коментари за да најде целосни инфо. И оние со онлајн дуќани, едни од 5 пишуваат цена на продуктот. Толку ви е кејф да се допишувате по цел ден на Месинџер и Инста? И после забораиле да пратат, грешно пратиле Ја секад коа соопштувам нешто, објавувам нешто, гледам да е кратко, концизно и да ги содржи сите потребни инфо, не да дремам после цел ден на телефон објаснувајќи се со Ојле и Дојле
Не се цитираат постови од тема во која не е дозволено цитирање по други теми. Избришани ви се постовите и од другата СДК. Темава не е отворена за тука да пишувате што не ви се допаѓа по темите, па за другите да не можат да ве цитираат. Прочитајте го воведот, и таквите постови се бришат.
Ме советуваат да се тргнам од уште едно место бидејќи приметувам разлики во односот кон мене. Ми велат дека не вреди да си го губам времето таму. Дека треба да се фокусирам на наоѓање битен човек во мојот живот. Демек тоа ќе ми биде доволно. И сакам да го послушам советот и не сакам. Можам да се повлечам, но прво размислувам дали јавно да проговорам што ме мачи. Дали ќе бидам правилно или погрешно сфатена? Можеби нешто ќе се смени, можеби нема. Тоа не го знам, но знам дека заслужувам одговор.
Најинтересни дискусии ми се оние за родителство и однос кон децата. Па тука секакви примери има, секакви начини на воспитување и најразличен однос родител - дете. Па тука докажувања, моето е правилно, моето е најдобро, ти не знаеш. Како да ви кажам, нема правило. За мене моето си е најдобар избор, моја работа е во каков човек ќе го израснам. Затоа има секакви примероци од луѓе. И со мои деца и со мои внуци ќе правам јас како што си сакам. И ме заболе друг што мисли за тоа. Точка.
PAK istata prikazna,i sega pak li jas da se cuvstvuvam vinovna i jas da recam izvni,eeee nema poveke,ovoj pat mi e seedno dali ke se javis ili ne,teraj zivotot kako sakas,ic ne mi e gajle,nekoi luge zasluzivaat da bidat sami,ednostavno e...
Врв на сељачизам ми е кога ќе купат кола па ќе ја слика за на фб по една слика, па 64253542 сториња. Па нареден ден ќе купи чоколадо Милка и Ред Бул и ќе ги слика внатре на кожно седиште демек еве пукнете од љубомора, не можете да си купите милка денес, а ни кола со кожни седишта. Не, не сме љубоморни брате него ти си сељак.
Да покажаме хуманост кога некому е најтешко, да покажеме сплотеност, душа, срце. Некому 100 денари не му значат ништо на денешницава но некому цел живот. Теодосија е четири годишно детенце кое боледува од ретка болест на тумор и за 3 дена треба да замине на лекување во Турција а потребни се 50.000 евра. Ајде сите заедно за ова мало ангелче