Го сакам овој мир. Си ја сакам слободата. Се осеќам многу благословена бидејки баш никој немам во животов кој ми се меша и прави проблеми. Сакам засекогаш да ни е вака.. ❤️
Исто како што има казни/обвиненија/што и да за напишани закани и клевети кон некого, сериозно треба да почне да се санкционира и за мислења/коментари искажани за животните. Ова веќе станува алармантно колку психички болен и пореметен народ живее овде. Страв ме фаќа озбилно.
Болката ги менува луѓето, после тоа настапува друга фаза во нив, пронајдувајќи се себеси а тоа резултира со тоа што по малце веруваат, повеќе размислуваат за околностите, стануваат ладни и лесно ги бришат луѓето кои им се непотребни особено оние кои во себе носат злоба, манипулаторство и немаат достоинство.
Животот е премногу краток за да се грижиме за сите работи што ни се случиле во минатото.Едноставно,така требало да биде и нема враќање назад.
Planira li nekoj da gi trgne glutnicive kucinja vo Aerodrom?? Uzas, ova da ti bilo urbana naselba, deponija!
Си изнакупив саксии, повторно, и нови цветчиња секако. Едвај чекам утре да распослам земјата и хумусот и да се занимавам со нив, само сонце да има, тоа е рај за мене. Следна недела нова тура цвеќиња чекам, уште од сега им се радувам. Клише или не, за мене сепак среќата е во малите нешта.
Ми фалиш, а некако чувствувам дека се оддалечуваш од мене. Времето ќе покаже или е време да збориме? Само знам дека не сакам да те изгубам како пријател/другар што и да си ми.
Јас за 1ви Мај сум дупло платена Обичен ден што дигате толку тензија, секој ден може да ви е 1ви. Лани државата со повратокот на данок ни даде чекови за тие што работеле за празници, викенди и после 18 часот. Се надевам и годинава ќе има
Станата рано после квалитетно долго спиење, си правам доручек, после и кафе (кафето после јадење најдобро оди). Убаво сончево утро, ако сакате излети и пикник, подобро отидете денес отколку утре, од утре најавуваат врнежи. 1 мај нема врска со излети уствари, ама ајде, слободно време зошто да не се искористи за нешто фино.
Луѓе што при он-лајн комуникација, во реално време, не почнуваат со „здраво“, „добар ден“, „хај,“ (или каков било показател за почеток на разговорот) и не се одјавуваат со “пријатно“ , „се читаме“ , „чао“ (или каков било показател за крај на комуникацијата) - немајќи никаков обѕир дека другиот или можеби нешто прави во моментот па не е доволно да му наметне разговор без никаков вовед, односно, допишувачот ги чека да одговорат, откако размениле неколку реченици или пораки, без да се одјават - ми личат на деца што мислат дека кога ќе затворат очи никој не ги гледа, како да си правеле муабет со самите себе и штом ја смениле мислата или ја добиле информацијата другиот исчезнал, или никогаш не постоел, подготвен да се материјализира во мислите, во моментот кога тие повторно ќе помислат на него..„Бев зафатен“ како одговор, не помага..Не, не си зафатен, некултурен си. ТОЧКА. Особено што постојано ви се повторува...
Јас не сум јас кога не би дала храна на улични мачиња . Животни незгрижени или луѓе ,неправди кои ме погодуваат многу.
Многу сум среќна што конечно дојде Мај.Омилен месец ми е ,не за џабе тогаш ми е роденден.Ми мириса на лето.Овај период едвај го чекав.
Криво ми е што не ви плескам се во лице и што и покрај се пак се секирам како вие ќе се осетите, па ве штедам на мој рачун. Никој од вас не се прашува како ми е мене, а да не се лажеме, не ви е ни гајле .
Продава приказни дека е од вредна и успешна фамилија, а живее на имот кој е стекнат со нечесни пари во времето на комунизмот кога се крадело на големо. Плус, членови на фамилијата имаат повеќе имоти, а немаат доволно моќни професии и плати. И мисли дека никој не знае колку се извалкани.
Се испобришав, се живо и диво од инста и фб што ми праи тригер со анксиозноста… и не бе не можеш едноставно да избегаш од лоши вести…
Какви добрососедски односи постигнаа кога цел Интернет е преплавен со национализам, омраза, негирање и секакви бљувотини? Една објава за Македонија нема без одвратни и жални коментари од соседиве со кои ќе градиме добрососедски односи. Никогаш не било вака. На кој му дадовте власт..