Една на која животот и поминува во потсмев и гаслајтинг, деновиве најголем борец против булинг "стана". ОК, тоа ти што го праиш не е битно, битно тоа на ТВ што ти го преџвакаа го препозна. Браво за умница.
Кај се видело во главен град 40 минути автобус да чекаш и тоа фреквентна линија што по правило на секои 15 минути стои на распоред. Неспособна и неорганизирана држава.
Она кога ни на форум не си анонимен (за секој) па не бива ни да се пофалиш ни да се пожалиш за нешто.
Се додека го исмејувате,омаловажувате и го правите другиот помалку вреден од вас, за да си го храните егото и се додека се служите со термини како глупа си, не вредиш ништо, те знаеме каква си нема да ја разберете тежината на зборот “булинг”. И најинтересното е што сите сте против булинг а сите го правите истото кога некој ќе ви рече нешто што не ви се допаѓа. По некоја логика не смее човек да се променува и издигне над вас. Не за џабе рекле каде и да си стој подалеку од сопствениот народ.
Многу чуден сон ноќеска имав уште не ми излага од глава. Сум се смирила со бившиот А. јас сум се развела од маж ми а тој од жена му. Кај него сум во негов град дома, мајка му почината ја нема. Мебел стар престар. Решил заедно се да реновираме, сме почнале буквално да ја рушиме куќата и се од ново да сме граделе. Бил изменет, келав со тетоважа на глава, набилдан. Цело време ми идеше да го прашам зошто јас? Зошто мене ме одбрал да ми се врати? Ама молчев и продолжував со корнење на пархетот од дома. Цела бев прашалници, некако не паѓаше муабет зошто јас, туку цело време акцентот му беше дека јас и тој ке изградиме нешто ново и заедно. Се прашував дали стварно сакам да му се вратам, морав да се оддалечам за да сфатам што правам. Се оддалечив од куќата негова, цела разрушена и уште не ми беше што правам таму пак со тој човек и решив да си заминам зашто ми текна каков третман имав добиено од него. Сон ко сон, ке те остави без сон...
Колку и да ми е тешко, сеуште избирам да верувам дека се ми сѐ случува со причина. Му верувам на Универзумот и знам дека постои нешто поголемо од сите нас. Тоа што е мое ќе си дојде. Тоа што не е, нема смисла да го држам со сила.
Колку сум ладнокрвна..ни сама неможам да се препознаам во одредени ситуации. Толку ноншалантно се однесувам..и јас се чудам. Одеедени персони на патот да лежат ,би ги прескокнала без грам совест. Почнува да ме плаши оваа емоционална дисфункција
Посакувам силата што ја имам за време на ПМС да ја имам цело време. Можам да отерам секој и сè во мајчину без око да ми трепне.
Генерално тарот ми е забава ама ко ќе дневната карта на “гатачот“ и дневната карта моја се поклопат и заедно прат смисла, шо е многу често, онака shivers осеќам.
Не знам зошто одма мора да се смени презимето на Фб... зошто е тоа битно одма регистрација и презимето во секунда на Фб да се смени
Еден од поубавите „комплименти“ што ги добивам периодов ми се: Изгледаш помладо за годините. Кога сум била средно до трета година многу сум се замарала со ова, зошто сум била како дете мало, сум се обидувала на некаков начин да личам возрасна за годините, да се вклопам во средината со врсниците. Денес не ми е гајле за тоа, зрелоста не е мерило со изгледот, дури пак за некои годините. И не знам зошто воопшто некои луѓе се замараат и упорно без срам прашуваат за години. Ако тогаш сум личела на 10 години помладо, сега последниве години се намалија на седум. Години се мои си се. И ќе бидам и дете во душа
Измиј го лицето....стави ја лажната насмевка на него...за пред "лугето". Исправи ја милион пати симнатата глава до земја, и цврсто продолжи како ништо да не било. ДО КОГА ?????
Баш ми е смешна темата Дали сум бремена. Па тоа датуми пишуваат, симптоми опишуваат, ситуации што, како било. Што знам, јас ако мислам дали сум или не сум бремена, тест ќе направам и на преглед ќе отидам. Овде не гледаат на гравчиња и да кажат Си или Не си.