Го маткале пациентот цел месец, доаѓал за џабе, не можел да го најде докторот. Доаѓа, се нервира , вика и го наоѓаат магично докторот. Во ходник му кажува што треба. Му вика каков е другиот резултат, пациентот му вика еве подоле е резултатот. Му се дере да не го заебава дека него го извикале да дојде само за него, требало да знае и да му каже... Пак во ходник му кажува што да пие терапија... А уствари докторот цел саат се шета во ходник, пие кафе и си прави муабет со сестрите . Стварно многу работа има, му одземаат драгоцено време .... Да, и докторите се луѓе, но да маткаш ти пациент со кардиолошки проблем, некој кој излегува од работа да оди на преглед, за на крај да кажеш "остај го бре, ова се се некои специфични случаеви" стварно е греота. И да , секоја чест на оние доктори што стварно си ја сакаат работата, не гледаат " од високо" на другите , посебно на пациенти, што не се однесуваат дрско со пациенти, само затоа што им се изладило кафето.. Ретки се
Најлошо е некој со зборови да ти вели дека се соочува со истото како ти и дека те разбира, а со постапките не е поразличен од оние кои отворено ти се потсмеваат и те вреѓаат.
Толку многу сум уморна што веќе ниту знам што зборувам ниту знам што правам. Изгледам изгубено. Само кој да разбере…
Ќе се изненадите колкумина што мислите дека ви се пријатели, дека не ви мислат добро ниту ве почитуваат. Затоа бирам со кој колку ќе сум блиска, не сакам такви луѓе, лажни пријателства. Сеедно ако некој ме смета за затворена, јас си се почитувам себеси и својот мир. Не сум за секој и не е секој за мене, подалеку од се' лажно.
Сакам да сум толку среќна во животот некогаш што нема да ми текнува да висам на нет или скролам по социјални мрежи често. Да сум преокупирана цело време со работи кои ме прават среќна а социјалните мрежи главно да ми се сведуваат на контакти со луѓе што ми се важни. Не знам, можеби е до периодот низ кој врвам што не ми се допаѓа и сонот кој толку сакам да го исполнам што мислам дека ќе ме направи пресреќна. Се осеќам заглавено во еден loop и не знам како да излезам, ниту околностите прават да ми е полесно.
Најјаки ми се овие што се знаат и по се плукаат, ништо не чинело, они се знаеле што и како треба, никој друг не знае и не чини. Што не станавте некои научници или доктори на науки ако сте толку паметни? Што не станавте некој пример за другите па да држите предавања? Буквално секад најутепаните најпаметни се прават.
Работи после рано станвање и работа шо ме држат разбудена се: "шо друго заборавам?" оти рандом добив меморија дека утре сум закажана на фризер и среќна сум само дека ПРЕД терминот ми текна. За разлика од времиња кога заборавав да се појавам на состанок, да излезам или да се појавам на закажан термин воопшто. На памет ми падна едно фани хаха црн хумор, и памтев дека го кажав ко пред некој ден. Еве по 40тина минути ми текна каде. На работа имам сретнато луѓе шо ме знат, јас еве и месеци покасно уште не можам да се сетам од каде воопшто ме знат и зошто очекуват и јас да ги знам. Никогаш не сум памела многу, ама колку посвесна станвам за то поќе се осеќам ко памет да губам. Освен ко ќе ми кажва трачој другарка ми. Блед поглед добва дур ми вели: "абе ти кажав, се возбуди" и после ми го кажва пак и е the best shit ever. Пошто и та пак се возбудва, и јас ко еднаш сум уживала во муабетот, и го заборам, дефинитивно ми е супер ко ќе го слушам пак. Се осеќам како Невил во Хари Потер. Имам топка шо свети ко ќе зборам нешто. И после не знам шо беше то ама свесна сум дека заборајв.
Најјако ми е кога ќе ме блокираат/ограничат на соц.мрежи особи што ми се тотално небитни та дури ни сториња не им гледам. А они кутрите ме блокираат. Незнам само на кои дроги се..
Беше смешно ама стана реалност. Стварно дошла работна сила од надвор тука во Мк. Со платен смештај, е сега не слушнав дали со оброк. Како и да е, а тука на интервју за 20илјадарки ќе те цедат како лимон, па 100прашања, па ситуации да решавате, па тестови ако ти даде 50е плус од платата. Па нема да му се бендиса ако имаш многу надоградување, сертификати, сменари, па и со ништо да си пак нема да му се бендисаш, а тој шо ти го прави интервјуто ако едвај научил да пишува. Па не си зборувам, па многу си зборувал. Ама ако се јави чичо или тетин, нема потреба од никаква класификација и логички ситуации, оти тогаш си кандидат по мера.
Дај бе нека укинат фејсбук у државава. Инстантно се напнувам кога читам коментари на фејсбук. Не мислам дека толкав процент на простатилук има тука - а коментарите баш тоа ми го укажуваат.
Бев во темана музика....некои песни се во ред, ама некои.... И се чудам како некои од вас можат да слушаат мрачни, безенергични песни, ко рамна линија... И без никаква емоција башка... Ама ајде за вкусовите не се расправа...
Од времево ме фати таква мигрена со денови што конечно 2 испиени аналгин ме оправија едвај колку да функционирам без да морам да лежам