Владата: Не го користете мостот, дур не се извршат анализите се смета за небезбеден. Град Скопје: Постапката за проценката на безбедноста на мостот е во тек и нема да биде пуштен дур не заврши. Експерти: Мостот е оштетен, потребна му е санација која ќе потрае. Народот: Се проаѓа ли, бе? Аууу, зошто не... Ни треба. Што тераат полицајци да пазат да не помине некој? Ај да поминеме, што има врска што не е пуштен. Ете, има луѓе што се на него( небитно што некои од тие не се рандом пешаци ). Не можеме по локалните улички (иако има доволно улички од кои од Транспортен до Ист Гејт и околните објекти се стигнува за 10, 15 и 30 минути, па не им треба мостот).
Не им е ли срам и блам на оние што снимаат за тик ток на лајвовите да просјачат?? "Тапкајте тапкајте" на што ли се сведе човештвово ...
Дали само мене денов ми е многу досаден, времето како да не проаѓа. Цел ден листам социјални мрежи, пукнав од досадување.
It hits different кога кажуваш за голема животна промена што сакаш да ја направиш, со што иди и ризик, а другиот што те слуша ти каже дека верува во тебе, во твојата храброст и те разбира дека многу повеќе ќе си повреден ако воопшто не пробаш отколку да пробаш и не успее. Парите се враќаат, и не е безизлезна ситуација, но времето и шансата не баш. Одлучив да го слушам срцето.
Периодов ми е милина ... Се враќам старата најпозитивната и најдуховитата. Опкружена со оние кои ми значат
Сакам да кажам дека ние металци сме општествено одговорни граѓани. Си се собравме во 6, си завршивме до 12. Еве сега ноќна сќин ќер рутина ќе си прам и сабајле ќе си станам кучето да си шетам и после ко права битолчанка да скостам едно кафе на Широк Сокак. Ама важно добив хехенца "леле секташка си?" во лп (инста). Да бидам искрена од средно го немав слушнато ова. Обично се облеквам ко еднорог да ме посрал па зато. А во средно една сериозно в училишен двор ме застана и ме праша како е да си во секта и дали можела да влези. А, јас? Цела прашалници. А особен поздрав до дечките со фри библии шо беа на некое метро од влезо. Да не ми беше мака ќе си збогатев колекцијата со уште една but y'all probs thought you did God's job and I am so proud of you.
Викендов го поминав тресејќи се оти осеќав дека нема да го положам колоквиумот. Денес разбрав дека е точно, но и дека ми даваат друга шанса оти доволно јасно им е дека ме јадат анкс и паника. Сега додатно ме јаде мислата дали да одам или не. Професорите се префини и не сакам ни да си ја пропуштам, ни да си ја уништам шансава. Лани еден идиот ми предизвика 3 дена да плачам и едвај да станувам од кревет. Годинава луѓе кои се фала Богу тотална контра од тој покажуваат огромно разбирање давајќи ми друга шанса. Си велам, добро е. Не им умрела човечноста на сите.
Сакам да кажам дека се знај дека е лето, иако само врни, кога размислувам за мелатонин оти 3 и пол е кога го пишам ова и не ни зевам за спиење туку сум wide awake. That's my summer special. Спиење доволно колку да се преживее.
Ми треба одмор од се Ми треба мир. Сакам да избегам од се….да сум едноставно сама со себе на некое убаво мирно место каде можам да си ја излечам душата и не ми треба апсолутно никој друг.
Колку помалку слободно време имаме, толку повеќе учиме да го цениме и да го поминуваме што е можно покорисно. Релаксирање од обврските, поминување време во природа, посветување време на хоби што не исполнува, што повеќе излегувања и моменти со најблиските луѓе. Наместо бош муабети на чет на некоја социјална мрежа, скролање со часови напразно на интернет, гледање reels, подобро е да се да се користи времето поквалитетно од само гледање во екран во слободно време кое и онака со задолжителните обврски во животот се помалку го имаме. Една од најдобрите одлуки што ги направив во последно време е да ги користам социјалните мрежи што е можно помалку. План за оваа година ми беше да имам што помалку дневно поминат screen time. Освен 2-3 социјални мрежи што одлучив дека уште имаат по некоја добра страна во животот од нивното што пократко користење во текот на денот, се друго деинсталирав и прекинав да користам. И тука се поретко се приклучувам, некако ја изгубив навиката што порано ја имав да пишувам тука, а и слободното време толку ми дозволува, па одлучив дека и ова место ќе биде дел од социјалните мрежи кои ќе прекинам да ги користам. После многу склопени пријателства и долго изминато време тука, не сакав да прекинам да се вклучувам на форумов без да напишам ништо, па нека стои ова тука. Останете ми поздравени.
Не можам да се расправам со прости луѓе веќе. Абе ти едно му кажуваш и докажуваш а тој не па не. Епа нела биде не, шо да ти кажам.
Какви глупи идиотки трпи државава… Па и неписмени Не знам како не ви е срам. Ни од нас ни од себе како не ви е срам
Конечно ден без дожд. Со недели сонце ни за лек. Полжавите лајк дис. Сите цвеќиња ми ги испасија, како малку да имаат трева. Овој врнежлив пролетно-летен период, што се однесува ко есенско-зимски, е буквална инвазија од полжави, не знаев дека дотолку можат да бидат штетници тие лигави створења