Пола жени од форумов имаат проблем со осамосталени жени, жени кои живеат сами со мажите во посебен стан, жени кои имаат различно мислење. Другата половина е обратната од горенаведените. Колку е смешно толку е и трагично.
FELINETROVERT!! - a person who prefers the company of cats over humans. konecno suitable definicija za mene!
Си прајме со другарка ми "женски муабети", за менструација. И шо апликација користиме, колку дена ни трај, колку е редовно, варијација, пцос, цисти, каснење, каснење ради стрес, ти реков ми рече. Такви работи. Јас имам генерално точен циклус. "Нормална" варијација, се смеевме дека ПМС секогаш во ист ден го сеќавам. Менструацијата можи ден ќе подрани, ден ќе закасни ама ПМС е секогаш на ден 18. Па отворив календарчето за последниот циклус и израчунав колку дена имам "слободни" без менструација, без овулација и без ПМС оти сите овие "поинаку" ми влијаат на продуктивност и расположение. 7 дена. Во просек има 4 недели во месец, три недели од нив или крварам (4 дена шо е фер ама имам циклус на кусата страна и пример месецов ќе крварам два пати и така од тие 4 недели една цела е то), или сум во овулација ( не мислам на денот каде потенцијално имаме кремпс ама кој не верва има и овулација кремпс само не знам оти некогаш "на старост" ги осеќам, поубо ми беше без нив - туку деновите до тој ден исто така каде се зголемва исцедок и има други промени во расположение, frankly, подобри од ПМС промените for sure ) или најлошо од се, ПМС. и после ќе речат лесно е да си жена. Ко не "праеле" требало да размислат колку поубо ќе беше годишен настан да ни е циклусот, а не вака. Туку доста пишам да претрчам до продавница, не дека е способно да ме изненади, ама сакам да сум спремна. Да не ме прочита еден од Твитер само, ќе ме искара дека се луксузирам со влошки и тампони имало едни 10ка за 3 банки на линк од памтивек ко 10ка да е доволна за менвање на 8 сати дење и ноќни влошки башка. То дека по та цена добра влошка нема е друг муабет. Едит. Ми текна дека и да не излезам по влошки и утре се да е затворено ќе зајмам од мајка ми. Од ко почна да влегва во менопауза секогаш има резерва оти... Не се знај кога ќе дојди пак. Абе и ко ќе не остава е мачно. Нема рает. Кој не праел нека си дај отказ и нека напрај моделот помалку штетен по физичкото и менталното здравје.
Имам многу теми за пишување, од една страна сум личност што има се да каже, а на крај се си преќутува.. па така и тука. Со доаѓањево на летово, не знам што е поубаво летна или зимска депресија. Само позитивно. Секоја година садам од семе, мали чили пиперчиња. Оваа година, а пролетта беше и малку поладна, реков подоцна ќе ги насадам, татко ми зеде ќе садел заедно со другиот расад. И така му дадов две пиперчиња, од едно претежно има 5-6 семчиња, ако се фатат, толку коренчиња, дека помали беа. Епа од овие две пиперчиња ништо не излезе, не знам каде садел, што садел. И така нема оваа година чили пиперчиња. Не дека немам суви имам, ги чувам, еве и едно во ќесенце мало го чувам за еден од форумов.
Посебен круг во пеколот за сите оние кои пуштаат прегласна музика над законски дозволениот лимит. Аир да не видат! Има луѓе на кои им смета врева (луѓе со нарушувања, бебиња кои и дење треба да спијат, ученици и студенти кои треба да учат, луѓе кои работат од дома и луѓе отепани од работа кои имаат потреба од сон). А, ради вакви идиоти не можат ни да учат, ни да работат, ни да седат раат или да спијат. Грам осет да се немало...
Čitam nekoi pišuvat vo temata sto bi mu kažale? I ženski upatuvat razni ljubovni emotivni poraki kon bivsite ili segasni deckovci. Od edna strana mi krivo zatoa sto ne znam kako e da bidam sakan na toj način, ni edna ne me e sakala, ne sum imal koj znae kolku ali ni edna ne me e sakala taka. Može i zatoa deluvam sea kako loš, siledžija, grubo.. Krivo mi e so e taka.. Sakam i jas mene nekoja da ne saka na takov način
Веројатно еден од најголемите цивилизациски порази на човештвото, (и особено современието) е тоа што егоизмот се подразбира како здраворазумска и почетна (default) вредност на постоењето (сѐ се мери преку неа, и колку помалку се проблематизира толку таа важи како аксиома), или за јас да вредам (или групата на која припаѓам) да вреди (обично во сопствените очи) мора другиот да се обесчовечи, да се понижи, или да е нешто многу подолу од мене, односно, од нас, зашто, така колку и да сум ист со другиот, вредам само на основа на тој базичен принцип на не-вреднувањето, само зошто јас сум ЈАС и ние сме НИЕ.
Од денешен спорт, издвојувам: превртување очи зад грб на една кокошка која често ми се обраќа надркана, јер е во сјебан период. Еве, мене, пак рози и еднорози, ми паѓаат од сите страни, топ ми е животов И не, не сте јаки п*чки, со тоа што немате влакна на јазик и што уживате се и сешто да му кажувате на човек, со факинг изговорот дека се сте кажувале во лице, директни сте биле. Не сте директни, само сте невоспитани
Да ги пофалам вработените од Поликлиниката „8-ми септември“ од Скопје, за нивната професионалност и посветеност.Откако завршив на хирургија, пред еден и пол месец, како последица на несреќа, па сѐ до ден денешен, кога ја завршувам правата недела на физиотерапија сум позитивно изненаден... Се разбира, не се сите љубезни, на сите не им е „денот“ секој ден, не се „швајцарска клиника“ во однос на условите, но, не можам а да не сум им благодарен...Генералниот впечаток ми е позитивен. Се надевам дека барем ќе го задржат ова ниво или ќе биде уште подобро...И се надевам дека и вие ќе имате слично искуство, веќе ако имате потреба од здравствени услуги.
Она кога мозокот и потсвеста те дупат и ти ги испраќаат на сон луѓе од кои бегаш со сите сили, луѓе кои во реалноста си ги испратила у курац за твое добро Која е пораката на сонот? Беше факинг реален
Тапа е дека се разделивме ама па ете ќе го пребродам и ова. За среќа енергијата ми ја препознава секој, како баркод...па полесно ми е со подршка. Да останев со тебе ќе бев некој кој има се, само нема идентитет. Знаеш дека не ти посакувам лошо.
Па, ме почитуваат и сакаат оние кои се сомневав дека ме, но кога ќе почнам и јас вистински да се сакам и почитувам м ?
Сите почнуваат диети во есенско-зимски период, за да бидат тип-топ до на лето, само јас јадам ко мечка и после цело лето се нервирам дека дебела, епа дебела. И, така, насред тие маки, во жешкото казнувај се, измачувај се со диети, и пак се за џабе. Добро бе, кај ја наоѓате волјата за слабеење? Мислаааам, не мора да ми кажете, нема да ве послуша овој мој факинг мозок, а и темава не е за цитирање Амаааа, ми е криво што сум мечка без осет, а најмногу се нервирам кога ќе видам жени со по 3 деца родени, и се бетер од манекенки во телата, а јас ко прасенце, ни на родено, ни на бутур
Без навреда ама не мора сите да сме замотани од глава до пети на 40+. Ако носам шорц, не сум к и не мора да ме гледате така. Не сум дужна да трпам жешко. Ние како да ве гледаме вас со фејковите од Феризај?