До девојките кои мислат дека се супериорни што добиваат пораки од машки кои се во врска, дали сте сериозни? Настрана тоа што воопшто не треба да се гордеете со фактот што некое магаре at the bottom of the food chain ве смета за атрактивни. Во таков случај правилната работа е да ја известите девојка му да знае со што си има работа и да пцовиса сам, а не да се фалите и да се ситите. Не уништувате врска, туку ја извлекувате девојката од врска со токсична личност. 2019 е, кога ќе видиме дека друга девојка е mistreated, ѝ помагаме, а не ѝ се смееме и не се фалиме по сториња дека ни пишувал дечко ѝ. Stand with your sisters.
1950: -Сигурно за 70 години ќе постојат коли што летаат, роботи што се исти како луѓето, ќе стапиме во контакт со Марсовци, ќе патуваме слободно низ вселената, ќе се населиме на друга планета... 2019 - Вести на денот: 1. Екс пермиерот Груевски избегал од државата сокриен во гепек. 2. Душко никако не и простува на Карлеуша за голите слики. 3. Дваесет и едногодишина девојка сака да биде бебе па на себе носи пелени, цуцла и плишано мече. 4. Видете ја Марија Шерифовиќ за прв пат во костим за капење. 5. Нема да им верувате на сопствените очи: Погледнете што прави кучето пред секој оброк.
По одвратна музика од 2 бона јас немам слушнато во живот, дури и тие смешните музички пародии што доаѓаат од балканскиот јутуб ми е по мерак да слушам.
Моментот кога ги фрлаш патиките и боса трчаш по искосена ливада како безгрижно дете Ми се вратија многу летни спомени од детството. Застанав за момент на сред ливада и длабоко вдишував од свежиот мирис. Очекував да слушнам како баба вика да земам од свежите овошки, а после и дедо да викне да се собереме сите внуци за да нѐ шета во шума. Викаше: -Деца, земете шише вода и стапче. Мора секогаш стапче да имате со вас за ако наидете на животинче да го избркате, а без вода никаде не се оди. Ми текнува дека имаше едно шарено стапче изделкано специјално за мене за шетање. Секогаш на влезот од шумата ме држеше цврсто за едната рака, а во другата рака го држев шареното магично стапче. Мислев дека стапчето има супер моќи и кога го држам сум моќна. Покрај дедо и моќното стапче бев најбезбедна во цел свет. Со помош на бујната детска фантазија местото ни изгледаше ко бајка. Со братучедите бевме витези кои се обидуваат да ја спасат принцезата заробена длабоко во шумата Стапчињата ни беа сабји. Веќе беше свеж воздухот, сонцето зајдуваше, но уште беше дење. Заедно со едно селско кученце трчкавме низ шума сите внуци, а дедо ни кажуваше дека и тој шетал со дедо му по истите места. Во близина се слушаше по некоја птица, а малите бубачки ни досадуваа цел пат. Местото и ден денес ми е посебно. Така сеќавајќи се на мигови од детството осетив неколку капки дожд по лице...па уште неколку...па почна силно да врне. Обожавам дожд. Летен свеж дожд. Сега пак слушам како дождот ми чука на прозор. Мир, тишина и Хари Потер е спремен да го читам пред спиење. Книгата ме потсетува на моето магично детство. Навистина сум им преблагодарна на домашните луѓе за преубавите безгрижни детски денови
Читам по темите за образование како некој рандом си прашува за некој факултет и одма коментари "боже глупости, што ќе го студираш тоа", "ау, воопшто не чини, не си губи времето". Сериозно?! Секоја струка и факултет си има своја тежина и убавина. Кои сте па вие да се мешате вака. И не само тука, туку и во живо кога ќе слушнам "глупости запишал тој, па ќе ми се праи нешто, ајде бе правници со лопата да ги ринеш, шо факултет е тоа, секој го заврши". Колку деца ради вакви коментари од дома и околината учеле нешто сосем трето и се после цел живот несреќни во професијата и работата. Ајде приватни факултети не чинеа, ајде и УГД не чинел ама сега и на УКИМ почна само 3 факултети да треба да се учат, се друго не чини? Епа ајде сите во државата ќе учиме само тие 3 струки според вас перспективни, па нека нема ништо друго. Среќа, па веќе овие мислења се демоде и ретко кој ги слуша мислењава.
Разграничете колегијален однос и флерт. Ми се згади да одам на работа од вас, да помине месецов и си одам!! Пи*ка ви матер!!!!!
Понекогаш бог ни задава такви искушенија што е потребно многу сила, истрајност и бистар ум за да се надминат.
Не знам кога ќе се научат луѓево дека стазата на кеј е за спортски активности(читај џогирање и возење точак) а не за прошетка на потесно и пошироко семејство Следен пат ќе си вградам камионска свирка па ќе видат
Кога денот ќе почне со Јухууу како утрински поздрав во утринска емисија на една од македонските национални телевизии... И после лебди прашален облак околу аурата, зошто негодување??? За почеток Добро утро и позитивна енергија за убава работна недела...
Си станав кај 9 ипол за на работа и само слушам ми викаш дојди да те погушкам уште малку, и со љубов се стуткав одма во тебе, инаку супер ми е дента ми даваш голема енергија за се. Фала ти што постоиш.
Дојдов до заклучок дека периодите од годината кога треба да се организираат одмори ме оптеретуваат. Срам ми е да признам пред луѓето околу мене и затоа дојдов овде за да не ми се пише грев. Ме мрзи да бирам. Ме мрзи да избирам. Ме мрзи да планирам. Ме мрзи да се прилагодувам. Ме мрзи да се спогодувам. Све ме мрзи освен да се спакувам и да отидам. Мега небитно ми е каде. Знам само со кого и сакам тој Кого да ми одбере, да ми стави на ајнцер и да ми каже во колку саат да бидам спремна. Ветувам дека нема да доцнам.
Никогаш не ми стана јасно која е разликата меѓу глупавост и наивност?! Како и да е, и во двата случаи таквиот човек е длабоко заебан, секогаш и во секое време
Ако денес видовте еден кретен односно идиот кој тргна прегазена мачка од коловозот, а од другата страна на улицата му избега автобусот да знаете дека тоа бев јас. За иронијата да биде поголема морав уште половина час да седам на автобуската станица и да ги слушам коментарите од луѓето од типот дека тоа не била моја работа. Така и ми треба кога се правам паметен, а од друга страна кога ќе размислам зарем требаше да оставам возачите да ги разнесуваат внатрешните органи и крвта на мачката низ коловозот?
Да станеш сабајле а вечерта си ги ставил за перење сите патики шо ги носеш, да да баш јас, и најдов едни стари адидас шо сум ги носела дека боса требаше да идам на работа, и како за среќа испаднаа толку згодни си скокам во нив. Среќа у несреќа, арно ги најдов
Значи дефинитивно постојат луѓе кои успеваат да го извлечат најлошото од тебе колку и да не сакаш ,нивноиот лошотилок дефинитивно те прави да бидеш нешто што не сакаш да бидеш
Пред некој ден ме гледаа како мрдната /бездомник зашто замолив да ми дадат вода во кладилница за дехидрирано куче. Бев пренатоварена да се враќам да купам. Кладилницата е ко кафич, додуше изгледа не е ни кладилница. Она до мана фешн во ново лисиче. Сто пати се покаав што очекував људство. Гнасни сме бе гнасни сме. Тоа е.
Во време кога се е достапно во продажба и за сечија ножност, од прашања без одговор, издвојувам, како е можно некои да не одржуваат лична хигиена и да си дозволат да шират автохтона телесна миризба на која само тие се имуни. Дури и климатизерот, неговата ценета улога во пеколните денови, моќно затајува пред сетилото за мирис кога некој се вбројува во популацијата по своите стекнати не/навики...
Доаѓам дома, се приклучувам по социјалните мрежи и гледам ми стигнала порака со слика...Слика од бебче родено пред 3 саати. Внуче од братучед. Братучед со кој пораснавме заедно од пелени. Заедно проодевме, заедно трчавме, игравме, па дури и заедно учевме. Ми беше најдобар другар. Му помагав математика и го бранев пред мајка му кога правеше бељи. Бебенцето е малечно, нежно, но дебелко момче. Светла косичка на глава, дебли ноџиња и меше. Имаме слика од нас двајца кога сме биле бебиња. Седнати сме еден до друг на кревет. Јас ситна, мала, слаба, изгубена покрај него, а тој покрупно, плаво дете, како дебелко меченце. Не изгледаме за врсници по килажа и големина. Тој изгледа како со месеци да е постар од мене, иако јас сум постара некоја недела. Сигурно сега такво ќе биде и ова мало бебе...Веќе се гледа дека е плаво и крупно како татко му. Се прашувам јас ако би имала дете во иднина, дали би било како мене? Малечко, ситно, слабо? Или сосема спротивно? Кој знае што носи животот. До вчера заедно сме играле и додека трепенеш јас сум заминала на една страна, а тој на друга... Ех денови...колку брзо минувате...