Никогаш нема да научам да не ме допираат зборовите од луѓе кои ми даваат совети како да живеам а самите имаат според мене катастрофален живот. За кој сум сигурна дека нема да го живеам. Ќе ги мислиш дека не би го пикале носот каде што не треба и ќе те демантираат ... Земање на право и храброст за да се кажат некои зборови одсекогаш ќе ги гледам во мојата слабост како карактер, култура и пред се избегнување од конфликти .
Многу е себично твоето однесување,сега се надевам дека ке сфатиш. Човекот претрпе инфаркт од замор,тој 2,5 работи,за да ти почекаш да пораснат до школо па да се вработиш. Зарем не ти беше жал да спие 4 часа и цел ден да е на работа,пола човек се стори. Деца си имала,па сите имаме и си работевме,не чекавме мажот да ни се убива од работа. Сега како,кој? Дали ке се опорави.
Порано за 5,4 км такси во Скопје ми зимаше макс 150. За 8.7 250 негде Сега за 4,6 ми земаа 180 и тоа со попуст од 220-230 Ок
Дали ќе дојде ден кога ќе се разбудам без да се осеќам утепано? Утепана од разочараност во луѓето. Или поарно речено, нелуѓе. За пари и имот, први се. За поддршка никаде ги нема.
Колку подолго те нема, толку поблиска си ми. Можеби, од време на време ќе те видам на кратко, како отсјај, како сенка и понекогаш и тоа ми е доволно за да барем, во мојата замисла за тебе да помислам дека е сѐ во ред кај тебе и си среќна. Јасно ми е дека нема повеќе мостови помеѓу нас. Драга, после тебе ништо не е залудно.
Ја не знам кај прскаат за комарци, ама очигледно пола Скопје е промашено. Пуздер сум. На нозете поготово кај глуждовите, а си носам подолги работи навечер, не ми е уште толку топло. Не за друго. Од чешање модрици си правам некогаш. И кога ставам пократко, ко тепана сум. Па иди објасни се дека не ме тепал некој
Никој не е како што изгледа, сите ќе те изненадат на било кој начин… порано или подоцна .. Единствената личност на која можеш да и веруваш си ти !
Јас vs сите проблеми што ме следат: https://www.tiktok.com/@explore_anywhere/video/7248241615792311578?
Фасцинантно ми е како сонцето си изгрева, птици пеат, луѓе се веселат а мене не ми е до ништо. Сакам да престане се додека не решам ситуации .. се е минливо и менливо ама кога ќе помине и ќе биде добро. Сакам се ама и ништо … одамна веќе живеам од момент на момент .. Реалноста е интересна работа, мозокот треба да се тренира.
Вештачката интелигенција (ВИ/AI) е „САМО“ комбинација на линеарна алгебра (математички матрици), инфинитезимално сметање, теорија на веројатност, статистика, „невронски мрежи“ што „учат“ на основа на огромен квант на унифицирани, „прочистени“ и квантизирани податоци, и e МНОГУ, МНОГУ, МНОГУ ДАЛЕКУ од каква било (неповратна) и „замислена“ технолошка сингуларност, барем во овој момент, ама тактичкото нуклеарно оружје, на границата на Белорусија, и касетни бомби што најверојатно ќе се испратат во Украина, се МНОГУ, МНОГУ,. МНОГУ РЕАЛНИ..Но, и ова не е ни оддалеку реално како унишување на целиот животен свет кон кој итаме до точка на неповратност, како последица на човечки генерирани климатски промени (најмногу поради најбогатите земји, кои се цивилизациски „пример за успех“), отприлика за четири-пет децении (освен ако нешто радикално не се направи) и по која, планетата Земја ќе станува само вжештен океан и тоа прогресивно... Секоја ви чест, светски „лидери“...Факинг социопати!. Немојте да ја спасувате „демократијата“ и „православието“, ве молам! Оставете нѐ да живеме.... Злоупотребата на ВИ (која од „уста“ не ја вадите, како некаков нов индустриски скок) и „модерната хибридна војна„ за „одбрана“ (секогаш е само одбрана!) е само цинично и немилосрдно дехумизирање на човекот, порамнување на сите разлики во една квантизирана статистика, геостратигија и пропагандна машина, претвораање на човечката маса во чисто топовско месо и бројки што повторно ќе ве „изберат на избори“ (за доминација на некаква Евроазија, и во името на некаква замислена мултиполарност, мултикултурност, (де) глобализација, било лево или десно, било на Исток или на Запад,... ), а притоа. збунетиот „обичен човек“ кој намерно го изгубивте во океан на информации и го држите да биде што позбунет, само постојано го губи квалитетот на животот, пауперизира, ги губи можностите што претходно ги имал,одржувајќи го во некаков хиперконзумеризам и лажна достапност на можности, и најважно, губи, каков било концепт за осмислено човечко живеење, каков било идеал или вредности, додека прогресивно новите генерации го губат „вниманието“ и емоционалната интелигенција (бесчувствителноста победува!).... Ние ВЕЌЕ живееме во глобална дистопија...не ни треба „Терминатор-„ сценарио за убиствена „интелигентна“ машина...Глупоста, збунетоста и егоизмот ќе нѐ убијат, не интелигенцијата, уште помалку вештачката...
Вечерва седам со мојата тивка болка, надевајќи се на подобар ден. Проклето нека е. Сакам некому да кажам, не можам. Ни сама пред себе не се осмелувам. Отсекогаш своите најтемни мисли ги чувам за себе. Прво за лична заштита, а второ бидејќи мислам дека многумина би ме осудиле не знаејќи колку бавно и тешко минуваат моите денови.
Ми стигна известување дека ми е 5та годишнина тука. Пред 5 години бев наивна, понесигурна и поплашлива. Да можам да се вратам назад во тоа време ќе си ја залепам една тешка. Овие 5 години животов ми даде многу гадни падни-стани моменти. Лузните и болките стојат. Кошмарите се појавуваат. Но, не се газам себеси повеќе. И тоа ми е најбитно.
-Да си најдеш девојка уште тоа ти фали, добро? - Добро -велам- ама зашто? Мене вака ми е сосем добро... -Зашто заслужуваш.Ектроверт си, жив дух имаш, немој да си сам, дели ја со некој енергијата...расчисти со минатото и гледај кон иднината... Во ред реков...а што друго да кажам...понекогаш е полесно да излажам само да ги направам среќни тие што цврсто веруваат во мене отколку да им кажам дека се помалку верувам дека ќе ја најдам "онаа вистинската" Бела лага...
Има денови кога го памтам твојот лик, има денови кога бледее. Сеќавањата танцуваат низ моите мемории, но ветувањето е сеуште неисполнето. Не би бил ти ни горд ни среќен да ме видиш денес, го знам тоа. Сешто реков дека нема да бидам станав. Дозволив времето да ме обои во бледи нијанси и реконструира до степен на непрепознатливост. Да беше тука ќе беше поинаку, но, ете не си. Ми недостасува сѐ. Викендите, доручекот, твојата насмевка, прегратки. Таа љубов и заштита што со никого не ја почувствував. Фалиш.
Премногу токсичност има на форумот, дури сега ги разбирам некои зошто се оддалечија. Многу исфрустрираност без потреба, дури и неразбирливо ми е, не е потребен толкав хејт, не е убаво, неубаво е на душа да си толку огорчен спрема некој што не ни го познаваш. Живејте си свој живот, како не ви е мачно да се замарате толку со социјални мрежи, или немате што да правите во својот живот па се окупирате 24/7 со туѓиот
Значи закажување на фризер и нови нокти ми се махинален рестарт во животот ,ми дава мотивација за живуркање де ми фали и педикир ќе се частам и тоа
Имаше една епизода во изворната серија "Twilight Zone" (Зона на самракот), онаа на Род Серлинг. Во неа, земјината глобална температурата се покачува постепено, Земјата излегла од својата вообичаена орбита, и прогресивно се доближува до Сонцето... Станува сѐ потопло и потопло, океаните почнуваат да испаруваат, сите се збогуваат, вознемирено ја следат прогназата на ТВ за тоа колку брзо Земјата ќе се стопи во Сонцето. Постои една мачна и вознемирувачка атмосфера за неизбежниот крај на живиот свет... Но, потоа, на крајот на епизодата има пресврт, сосема неочекувано, Земјата наместо да се стопи со Сонцето , него го поминува и почнува да се оддалечува од него, постепено, а потоа и побрзо, и сѐ почнува да се замрзнува и се очекува самиот крај, но, сега, во спротивна насока ...Имам чувство дека ние живееме во тој јо-јо меѓупростор на премногу и премалку, никогаш погодено, или е престудено или е претопло, никогаш толку колку што треба... И ова е совршена метафора за нашето човечко постоење, вечна проколнатост да се чувствува секогаш нешто што не е како што треба, а потребно е тоа да е нешто повеќе или нешто помалку, со надеж дека ќе се претвори во својата спротивност, без да се забележи севпукната тенденција од отсуството на тоа „токму колку што треба“... Секогаш помислам на епизодата во едно вакво нечовечко време...За тие што ова не го чувствуваат и успеале да го живеат тоа „токму како што треба да е “ искрено се радувам...
Никогаш нема да разберам зошто владее толку многу некултура и завист во денешно време. Знаат дека си се мачел, си направил и си скоцкал се и нема шанси да ти кажат честитки браво . Ама битно кога им требаш одма ќе те побараат .