"Тимшел" Никогаш немаше да дојдеш на топлово само за да ме гушнеш како тоа што го направи она. Ќе најдеше милион изговори, само и само да не ме израдуваш. Те мразам
Сакам многу да пишувам, а секогаш кога ќе отворам тука како да го немам тоа чувство. Сум се променила можеби, не знам или пак уживам моите мисли да ги запишувам се` уште низ листовите, тетратките, чувајќи ги за себе. Сакам ретро работи. Сакам поезија, избирани реченци, напишани на лист хартија. Сета оваа затвореност, сета моја неодлучност кон нештото, напиши, избриши низ страниците го нема. Зошто секогаш си ги гледам мааните кај себе? Знам што сакам, а немам храброст да го направам нештото да излезам од себе, од таа моја малечка планета. Можеби не сакам да излезам, зашто да се менувам, за да бидам сфатена. Ја сакам тишината, спокојот, зеленилото, животните, природата, куќа на планина... Знам, звучам како себична и разгалена. Се фаќа ли среќа? Сакам да пловам низ окенските ширини, да дувам глуварчиња...
Да поминат десет години одговорот ќе ми е ист. Ништо нема да се смени зошто не се сеќавам во животот повеќе да имам осеќано сигурност за нешто. Малце све ова ме плаши, сите препреки, знам нема да е лесно ама пак размислувам со срцето. Се надевам нема превише да ми е повредена душата на крај и Господ нека ме чува само.
Денес е голем празник, се сетив на тебе дедо... Твоите насмевки, зборови, шеги... Едно безгрижно детство со многу спомени... Секогаш му се радуваше на овој ден, празник, ти беше именден, го почитуваше и славеше... Иако поради сплет на околности не се збогувавме како што е редот, на сон ми дојде да ми покажеш каде си сега,твоето вечно почивалиште...Да беше жив ќе ти честитав именден, ама ако, знам дека некаде, онаму горе твојата душа е спокојна и почива во мир.... А мене ми пушта сила, снага храбро да чекорам во иднината...
"Прилепчанке" дали и денес ќе си пројдам убаво со тебе на кафе како и секогаш? Дали намерно пак ќе ме допираш случајно кога ќе ми раскажуваш иако стаувам свесен за тоа отпосле.Или можеби тоа ти е навика? Сакам кога гледам колку си искрена со мене знаејќи дека не се отвараш така лесно со секого.
Синоќа наидов на прекрасно видео ,каде се зборуваше дека џабе е да го имаш и целиот свет ако ја загубиш својата душа.За минливи и распадливи задоволства да ја изгубиш вечноста
Од рајот во пеколот дојдов... Се мачам и не можам да заспијам од жештина, дури и со вклучена клима Некои градови од Зап. Македонија со Господ вечерале, во однос на ова прашање... Охриѓани среќни сте....
Не ги отфрлајте, игнорирајте, не им се лутете на старите луѓе. Еден ден, дај Боже, и вие ќе ги имате нивните години. Нема да ви биде пријатно тогаш, на никој не му е пријатно да биде стар и беспомошен. Притоа да ги вреѓаат, сенилни, неспособни, вакви, онакви. Да бидеме луѓе со срце и душа едни за други.
Докторите и експертите за здравје: внимавајте периодов поради треската од крлежот и ако ве касне, веднаш одете на доктор. Некои мајки: е, дааа бе, што нè плашат сега со ова, ние како сме останале живи. И ги шетаат и седнуваат децата на трева.... #неесекојзародител #треба-да-се-воведе-дозвола-од-психијатар-пред-размножување #Михајлоаманставипопемоџи(или некое што се крсти).
Никогаш се немам осетено волку осамено и нереализирано. Навидум се е ок, а во реалноста ништо не е. Еден полн ормар празнина ми ја заземал душава што се прашувам дали ја имам во мене.