Сакам да прашам, дали некогаш ќе успеам да воведам ред во исхрана и зошто не? И како да му кажам на мозков дека не му се јаде благо туку само си замислува дека му се јаде?
И боговите молчат пред вистината. Дојде време кога простите се сметаат за паметни а паметните за луди
Ме занима ако вонземјаниве наводно што постојат, да беа транс или нешто контроверзни малце, дали повеќе ќе ни беше гајле за нив. Или имаат добар PR. Забегало се.
Кога она што ти го кажал еден човек за друг се поклопува со она што ти го вели интуицијата: Кога го слушам истиот изговор по милијардити пат:
На сите девојки, сакам 3 работи да ви кажам: 1. Никогаш не стапувајте во брак со личност со која не можете да комуницирате и да се отворите за буквално се'. 2. Никогаш не стапувајте во брак со личност која била насилна кон вас. Еднаш ако крене рака, пак ќе го направи тоа. И не, нема да се промени. 3. Никогаш не стапувајте во брак со љубоморна и посесивна личност. Три златни правила за среќа.
Ова прво беше за во СДК ама ми текна на напнатите шо пак ќе ја утнат поентата, а јас, не сум расположена Постот од претходната страна, иако поќе го сфатив ко импликација дека џабе феминисти ко негде во светот сепак се експлоатираат луѓе и жените се помалку платени - ме потсети на основата на веганизмот. Оти веганизам не е начин на исхрана, о не. Веганизам е целењето кон минимална штета на живи суштества и иако поќето мислиме дека е само за животни, не е лимитирано и за нив. Туку вклучува и луѓе. И баш е фино ако видиме преку "луди вегани" и да видиме во идеологијата шо е про живот и против страдање и да научиме работа- две за како да се туркаме чекор напред при секоја можност и кога ќе станиме свесни за нешто - да целиме кон максимална исправка на тоа нешто (во рамки на НАШИ можности иако можи реално и да не смени многу некогаш), а не да е нешто пролазно на кое ќе замижиме.
Излегов сосема неформално да пијам кафе. Сам. Со продавачката што купив чоколадо на мерење почнавме да си се жалиме и кукаме за животот, ми рече "помини утре, втора сум, ќе си помуабетиме пак" Во кладилница слична ситуација ама као ај ако фатиш да частиш пиво, ако не пак пројди ќе пиеме до 15-ти сум тука, после давам отказ за пиво бар имаме пари Си размислив... За пиво, кафе и убав муабет не треба многу пари, треба време (кое се помалку го имаме ама ако се сака се се може бар така не учеа) и желба (која од распадот на Југославија луѓето се помалку ја имаат за дружење олд скул) Затоа им се радувам на вакви искрени душички
Понекогаш се чувствувам како да живеам во некоја епизода од “Friends”. Т.е и во таков период од животот сум, каде што колку и глупости и драми да се случуваат, ќе се собереме со пријателите и животот повторно добива смисла. Рандом собиранки во кафич, солзи од среќа, солзи од тага, солзи од нервози. Преќинувања, смирувања и нови почетоци ама битно е дека имам пријатели со кои можам да споделам се. Пријателите се непроценливо богатство, сакајте ги, почитувајте ги и ценете ги.
Добро бе, зошто е толку тешко некои луѓе да си стојат на зборот? Правите договор за средба, те вртат по тавани, да да сигурно се гледаме во толку саат и во последен час ти откажуваат. Им позајмуваш нешто, те убедуваат дека уредно ќе ти биде вратено тогаш и тогаш, ама те зезнуваат, па ги молиш да ти вратат тоа што ти должат и уште ќе го кренат носот и ти ќе бидеш крив И секогаш велам дека добро го научив испитот, дека ќе го положам, ама повторно и повторно паѓам
Целите се концепт за напредок. . Ако не потрошиш дел од твоето време и енергија за да постигнеш вредна цел, тогаш ја трошиш целта. Ја трошиш целта, го трошиш и напредокот. На тој начин човек однапред си лишува од напредок и останува заглавен во непријатната сегашност. Тогаш секако дека ќе биде тешко. Никој нема да ни олесни ако не си олесниме сами. А чекорите се: Вредна цел; Вложување време и енергија во целта; Напредок; Замислената иднина станува реалност; Ова на многу лесен начин станува не возможно преку размислување и чекање подобро време. Не постои подобро време од сега и нема потреба за размислување дали исправната акција е исправна кога знаеш дека е. Почни сега.
Баш ми падна тешко, помислив на тебе Не те мразам иако не ни одеше и не бевме еден за друг. Ќе си поплачам
Ми дојде ред да го полагам најтешкиот испит на факултет. Земав, се истресов мислејќи со денови дали ќе поминам. Фул паника. Вчера дури ми се слоши и роднини мораа да ме пазат. Јас денес откако дознав дека сум го положила испитот со weird dance во соба дур никој не гледа:
На почеток, даваш колку што ти иде од душата. После, даваш колку што заслужува другата страна. Правило за секој човек, во пријателство или врска.