Сакам да се отворам како школка, ама не можам. Не знам само дали некогаш ќе излезам од дното на морето, или пак засекогаш ќе останам таму. Можеби помалку ќе се отворам, ќе ја почувствувам болката, како што ја чувствува бисерот. Но во мене нема бисер, нема ништо...
Таа љубов и посветеност према нерегулирано лицемерие и бахатост многу гадно ќе ви се одбие од глава, и ќе ви биде пресудно. Веќе е.
Славиците денојве дури ја коментираат свадбата на Миро и наоѓаат маани, го мешаат ајварот на печки од сообраќајни знаци
Само здравје и среќа да не прати. И барем по 1 пријател да се наоѓа за секакви времиња и добри и лоши
Знам дека не' има секакви и различни ама некогаш нечии мислења баш знаат да ме остават без зборови. Во негативна смисла. *не се пронаоѓајте, не е конкретно за форумов, иако може и да биде*
Ја гледам оваа темава со непопуларни мислења и си викам, па како ти цел живот си го истера со непопуларниве размислувања арно некој очи не ти извадил.
Не знам за кое животно зборавме со колега и му викам прејако да сум то, прво екстремитети ќе јадам, па стомак како ужинка. И беше ко: "гнасно неќам да јадам екстермитети и црева на животни!" Јадиш. И едното и другото. Јадиш you hypocrite.
Читајќи, деновиве се потсетувам на тврдењата на сега малку подзаборавениот француско-литвански теоретичар на етика, Емануел Левинас, https://en.wikipedia.org/wiki/Emmanuel_Levinas и неговиот став дека грижата за другиот секогаш повлекува извесна асиметрија во КОРИСТ на другата личност. Зошто асиметрија? Затоа што, ако правиш нешто ДОБРО за некој друг (од негова, а не од твоја гледна точка,се подразбира) и очекуваш симетрија (дека тој некако ќе ти врати на твојот гест, во иста мера) тогаш тоа воопшто не е ДОБРО (добродетелство), туку „комерцијализација“, пресметка за поврат од вложеното, капитализација на вложувањето (време, пари, емотивна инвестиција, вклученост, сочувство. итн). Грижата за другата личност (ДРУГИОТ, како концепт) не е само кога јас ќе имам ресурси откако сум ги задоволил сите мои прироритети, кога ќе имам храна, облека, засолниште, време, кога мене ќе ми е добро, па од тоа ќе издвојам и за другиот (иако, , мнозинството ни ова не го прави. “Зошто да давам? Ќе ми се најде за нешто или ќе му дадам некому за тој да ми врати?“) ..Тоа не е етика, тоа е САМО feel-good стратегија за зачувување на своето лице, етичка онанија, или, мета-ниво на комерцијализација, што се провлекува од „првичните“ општества (теорија на размена за зачувување на својот статус, Марсел Мос) до ден денешен (добротворни фондови за помош на „настраданите“ додека попатно правам лукративен договор за обновување на неговата земја) Денес сме сведоци на уште поголемо „козметизирање“ на секаква грижа и помош, ставање етикети за добродетелство само како форма., а во позадина секогаш има по едно: “ќе те чувам ако ми ја препишеш куќата“, „“ќе се омажам со тебе, ако направиме предбрачен договор и ми направиш дете додека заедно старееме и нема да ми кажеш за тоа„ „ќе бидам со тебе ако не ги надминеш сите мои замислени црвени знаменца“, “ќе те лечам ако ми платиш и ми дадеш и дополнително од тоа што ми следи“ , „“ќе ти бидам другар, ако ти ме дружиш, кога јас ќе посакам и ќе ме тешиш кога ќе ми е тешко“, „ќе те честам, ако и ти мене ме честиш“, „ќе те прашам како си, само кога ќе бидеш болен, или кога ќе бидеш болен веќе нема да те дружам“, дури и „ќе ми помогнеш токму толку колку што јас можам да ти вратам, зашто не сакам да бидам свесен дека сме различни“ и ова се смета за здраворазумско размислување на секој чесен човек кој држи до себеси, а не разбира дека во позадина на тоа лежи имплицитен самоинтерес и чиста пресметливост...Етиката се претвора во начин на изигрување на очекувањата на другиот, така што јас/ти ќе имаме корист, без да ја имаме тежината дека тоа сме го направиле од интерес. *** Ве замолувам да експериментирате со границите на „колку можам да дадам, кога нема доволно за мене“, многу повеќе од „како да дадам , а тоа да ми биде од корист“ и пред сѐ многу помалку од „зар јас да бидам будалата што ќе даде повеќе?“... Не, нема мерила колку тоа може да биде, нема концепт, само волја да не се биде пресметлив и да се сочувствува. Не зошто утре и вас ќе ви треба нешто повеќе од тоа што сте дале (зашто и тоа е само солидарна пресметливост) туку пред сѐ зашто ќе бидете повеќе луѓе од тоа што сте сега, а ако не сме луѓе, ќе бидеме само банкарски сметки. и алгоритми за оптимизирање...Проблемот на таквото размислување е што така, секој ќе стане заменлив со секој друг и без секого ќе се може, зашто ќе има униформност на пресметката, единствено пресметката на апстрактни ново ќе остане да постои, а ние ќе сме само аргументи во функцијата на пресметливост... Јас не сакам да живеам во таков свет, не знам за вас (Не, не се извинувам за долгиот текст. Намерно е непресметан!)
Имам нови мали победи. Мали, но значајни. Вредеа непроспиените ноќи. Трудот е високо ценет и самодовербата е на повисоко ниво. Нека тера така. Ми годи.
Ја гледав рекламата за кампањата на Макпетрол за справување со булингот. Се сепнав. Тие зборови ми се добро познати. Ги слушав и ги слушам со години. Многу болат. Ама, не се само децата. И возрасните грешат. Од такви возрасни и испаѓаат такви деца. Луѓето не се луѓе. Гледаат само за себе, газат други без срам. Плукаат, викаат, саботираат, се закануваат... Имаат предрасуди. Ти ја гледаат облеката, не душата. Ти го гледаат изгледот на лицето, не срцето. Им кажуваш што имаш претрпено и зошто не ти е лесно да комуницираш. Во десното уво им влегува, од левото уво им излегува. Седнуваш да разговараш. Кажуваш што мислиш за нешто, а чопоративно те напаѓаат кога не се согласуваш со нив. Иако постои официјален документ кој ти дава право да си кажеш мислење, се наоѓа некој да ти го гази тоа право. Не им текнува да те прашаат дали ти се чувствуваш повредено кога те коментираат. Луѓето си земаат слобода да кажат сешто за тебе, а тебе ти ржат и за еден збор. Се наоѓаш во опасна ситуација или нешто те плаши, а го игнорираат тоа. Носат заклучоци за тебе иако не те познаваат доволно. Ретки се оние кои навистина те сакаат и ценат. Тие те крепат. Ти даваат сила да продолжиш. И се заблагодаруваш на Бога што барем некои се трудат. Јасно е дека не постојат совршени луѓе, но сите можеме подобро!
Новиве правила на облекување во училиштата што почнаа да никнуваат по пример на рандом прилепско школо се чисто олицетворение на беснотиите што произлегуваат од луѓе во втор пубертет. И онака само 5-10% од средношколците всушност имаат долги нокти, носат тренерки (понекогаш), а пирсеви нема буквално никој. Ама тоа не е битно, битно е што мора некако овие што раководат да си го нахранат егото. И додека во училиштата царуваат проблеми како булинг, ментални болести, врсничко насилство, корупција во секоја можна дупка, комплетно убиство на љубопитност и креативност, рамнодушност кон наука и учење од страна на ученици и професори, тие решија дека вреди да се почне да се решава сево ова со... *spins wheel* забрана на искинати фармерки. Југословенци, бумеришта, старудии, опрајте се на време или симнете им се од кур на младите луѓе. Живеам за денот кога ќе заминат во историјата сите вакви професоришта и директоришта. Спојлер Важноста на себеекспресија, можност за изразување својственост, креативност и уникатност преку облека е конверзација која директорите на училиштата не се ни способни да ја разберат, а не па да ја применат. Дно.
Цените на стотици артикли се зголемија преку ноќ. Платите на функционерите ќе се зголемиле за 400 евра. Заклучок: Ако сакаш да се најадеш убаво, биди функционер.
Нема апсолутно никаква потреба од отрештена музика вон нормална граница за добра атмосфера освен бахатост и распи*деност. Лебот станува луксуз бе дебили, и тек ќе станува, не па ова вашево, ку*чење нерегулирано. Стоко проста, празна, нарцисоидна, уфилмана, распи*дена, неподнослива мислите дека вака вечно ќе терате, неј летате ? Уште еден потсетник да не ве жалам.
Да промовираш свесност за ментално здравје за себе и другите, а од друга страна да пишуваш како некој не заслужува да живее некако не оди заедно.