Форумџика на годината

Сакам да кажам... (без цитирања)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од RainBow, 5 февруари 2019.

  1. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.036
    Допаѓања:
    14.484
    Пол:
    Женски
    Ако се биде како што треба во Ноември здравје, ќе одам во Германија на прошетка и многу сум среќна:inlove:
     
    На anggell, SummerGirl, quattro и 5 други им се допаѓа ова.
  2. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.502
    Допаѓања:
    5.577
    Пол:
    Женски
    Има еден свет. Свет за кој вие не знаете, и не можете да поимате. Еден свет така чист, толку вистински за вас лажните. Има едни луѓе, толку вистински што не би знаеле и умееле вие со нив, освен со вашите прљави раце навлезени во калливиот лавиринт до глава, да пробате да ги повлечете безуспешно и нив во неа.
    Ама не сте вие за таму тргнати. Тој свет не го заслужувате, но тој свет ќе си функционира и со вас и без вас. На друго место сте тргнати вие. Таму кај што заслужувате.
    За подобро и не сте.
     
    На SummerGirl, Sophitas, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.520
    Пол:
    Женски
    Држава на неработници...
    80% гледаат само како друг да им заврши работа, како да избегнат работа и како само кафенце да се испие и цигарче да се испуши со жалење како било многу тешко на работа. Да, тешко е цел ден глупи муабети да правиш и 6 кафе паузи во денот да имаш, плус секој месец да спојуваш викенди да одиш некаде, а деновите што ги спојуваш друг да ги работи за тебе.
    Низ тие кафе паузи и тие го вртат истиот муабет - "маци, никој не работи во државава, се е нефункционално".
    Колективно ужасно општество. Како после да имаш желба да се вложуваш и работиш како еден човек работа за 5 луѓе, кога сите други гледаат како само полесно да се помине денот и да се избегнат обврските?
     
    На simoncelicius, SummerGirl, izabela.nik и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Kaja991

    Kaja991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2020
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    4.290
    Пол:
    Женски
    Жива се изедов, се осеќам разочарано од се. Пепел ми е душата, и психички и физички сум отепана. Мислев дека се шо праев се ценело и човекот знај да цени, дека иднината е за нас 3. Се осеќам избркано од домот кај шо растеше детето, неподржана од него кој очигледно е за сите освен за нас. Како ке простам? Не ме навреди со збор ме навреди со постапка. Не ме удри со рака, ме удри со неподржување. ако е вака и понатаму како ќе живеам до таква особа? Заборајв како е да со разочаран до степен да немаш желба ни да дишиш. Ќе помини и ова. Само знам дека ќе има белег на нашиот брак. Ама ако.
     
    На sino.o.oka, SummerGirl, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.389
    Допаѓања:
    126.464
    Пол:
    Женски
    Денот на годишнина од смртта на Тоше.
    Беше ангел на земјата, па стана ангел на небото.
    Добрите дела вечно ќе му се памтат.
    Помладите генерации треба да учат од тоа, а не од денешните лоши примери.
     
    На Anie93, hermosa, st-el и 3 други им се допаѓа ова.
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    13.152
    Пол:
    Женски
    Колку мислења не сум напишала во одредени теми, (а знам дека ќе бидат од корист некому) само зашто сме срање ко личности. Не дека не ми е денов, баш сум расположена. Си го сакам надвор дождот, си го сакам и мирисот од питата што ми се пече. Она што не сакам е кога гледам пресамоуверени личности, а кога треба да се покажат обично се безрбетници.

    :coffee:
     
    На sino.o.oka, SummerGirl, minne992 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.121
    Пол:
    Женски
    Поранешна другарка што ја имам отследено од секаде и со која немам комуницирано од 2020-та ме означи во глупиот гивауеј на Стефан Лазаров. Не знам дали може некој пониско да падне од ова. :D
     
    На sino.o.oka, simoncelicius, Selena01 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Среќен роденден на едно мало човече
    Радост среќа и безгрижно детство
    07_2.jpg

    Не можев да честитам, на игнор сум
    Па морам вака јавно :) стокичке моја
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Coolll

    Coolll Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2022
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Нема позбеснато, по исфрустрирано нешто, по да проба да боцне и да навреди од ружна женторина дефинетли.
     
    На Mateica и Gosh им се допаѓа ова.
  10. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.502
    Допаѓања:
    5.577
    Пол:
    Женски
    Дај му нешто, било што, 1000 начини ќе измисли како да го изврти, го по*ере, на своја штета највеќе, и се тоа додека мисли дека успеал нешто паметно да направи, цел горд на себе. #волавиринтотнабудалите
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.799
    Допаѓања:
    169.876
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека одредена категорија луѓе ми се одбивни. То не е тајна. На претходното место каде работев мислам дека најдобро можеше да се сети дека толерирав личност, а дека немам почит и под поинакви околности дека би било поинаку. Толку лаички да кажиш дека некој е нарцисоиден без уствари да се видиш во огледало, да кажиш дека некој ти мисли лошо само тебе, ваљда тргајќи од сопствените чувства, да немаш толеранција кон различности, а то буквално да е критериум за работата и да имаш различност дома. Можам да набројвам вака ама се се сведва на страшни проекции. Па користење комплицирани реченици со луѓе вон струката за да се истакниш над нив, кога јасно е кажано дека мора да си способен да комуницираш на ниво на соговорникот. Башка шо, колку поќе комплицираш не те прај попаметен. Само по obnoxious. Ако работиш со луѓе, ако сакаш да целиш да си вистински подобар - почни од себе. Постои терапија, впрочем, не можиш да ја држиш ако немаш расчистено со себе оти секогаш ќе ти смета на проценката, Славице. Не, не е дека другите "нЕ мОжАт Да СфАтАт". Немаш поинаков увид од обичниот смртник. Само мислиш дека имаш. И то е најопасно - пошто никогаш нема да мислиш дека вистински треба да се надградиш. И ова ете ми исплива пак оти слична, ако не и иста, личност гледам (и толерирам!) и онака под други околности знам дека од одма ќе пресечев некако.

    И ко ќе велам толерирам нешто, то е ко шо толерирам лактоза. Ми се лоши и повраќам ама ја конзумирам и толерирам. :D
     
    На pdb123, simoncelicius, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.520
    Пол:
    Женски
    Кога некој низ муабет ќе се пожали на каснење на јсп автобуси, гужви во автобус, а соговорникот ќе врати со "купи си кола, раат да си бидеш, што се замараш со јсп, јас два пати дали сум се возел/а со автобус" е еквивалентно на "ако немаат леб, нека јадат колачи".
    Една држава мора да има функционален јавен превоз, не е решението сите коли да имаат. Да, кола е убава работа, иако со недостигот на паркинг места кај нас и гужвите низ град и со тоа пак ќе се нервираш.
    Бензинот е премногу скап, поправки на кола, регистрација, не секој родител може тоа да му го дозволи на детето студент, некој може и не сака да вози и мал милион причини зошто некој доаѓа со автобус на факултет/работа.
    Некои луѓе не гледаат подалеку од носот и наоѓаат вакви извонредни решенија.
     
    На Anyshka, Осе, pdb123 и 16 други им се допаѓа ова.
  13. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    2.621
    Пол:
    Женски
    Денес уште еднаш се уверив дека човек сам на себе е најголем пријател и најголем непријател …

    Се што еден човек има и од физички изглед, и од кариера, и од семејство може да пропадне поради сопствена грешка …
     
    На Осе, diskreten32, simoncelicius и 7 други им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.213
    Допаѓања:
    36.716
    Пол:
    Женски
    Гледајќи Божиќни филмови се потсетив на еден период кога се беше поинаку. Кога луѓето со радост се спремаа за Нова Година и за празниците. Купуваа украси и разни други ситници. Плоштадот беше полн со тезги. Да не можеш да се разминеш. Па и честитки се продаваа. Сега го нема тоа. Лошата економска состојба си го направи своето. Ја нема таа еуфорија.
     
    На Кена Рис, Anyshka, Осе и 11 други им се допаѓа ова.
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    9.094
    Пол:
    Женски
    Не сакам да живеам во овој свет.Свет во кој има толку тага,страдање,болести,неправди,војни .До кога се прашувам ,до кога? Животот требаше да биде убав и среќен за сите луѓе
     
    На Осе, mal.ecka, sureinlove и 3 други им се допаѓа ова.
  16. sureinlove

    sureinlove Активен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    133
    Лошо не учеле, не е егзистенцијата тешка. Тешкотиите на бремето доаѓаат ради носење погрешни одлуки, правци и луѓе.
    Особено избори во кои по секоја цена се решава да се остани на место каде е ладно и не ветува љубов и напредок.
    Викаат има убави работи под ова сино небо, ама тоа важи само ако имаш со кого да ги споделиш, така?
    Вака и милиони евра со ветен престој на Бахами се џаба ако меѓу куп луѓе си осамен и не чувствуваш припадност. Ни со себе ни со личноста која те сака ..
    Тешко е кога токму тоа ќе го видиш во очите на тие што најмногу ги сакаш, и во момент кога со некоја наизглед наивна реченица ќе дадат потврда колку се алчни, и колку небитни ситници би ги ставиле пред квалитетно време минато со тебе. Иако се колнеле дека не им значи толку хедонизмот нели. :)
    Уште пострашно е кога преминот кон нешто што треба да претставува подобро, за нив е еквивалент на прободување со сабја.
    А ништо па пострашно нема од се тоа заедно да го видиш во нивни очи и одлучиш да останеш, чак и со нарушено ментално здравје поради страв ако одиш на друго место ќе биде уште попразно отколку таму каде си, иако имаш бар грам свест дека треба да пресечеш.
    Живот ..
     
    Последна измена: 31 октомври 2023
    На hermosa, SummerGirl, st-el и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. in.fi.ni.ty

    in.fi.ni.ty Нов член

    Се зачлени на:
    25 август 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам... ми фали минатото. Не ми е лошо сега ама...

    ...сакам да сум дете и да седнам во училишна клупа како ученичка, да пишувам, цртам, бојам, да пишувам домашно, да си дојдам од школо и да одспијам па да излезам на игралиште, да јадам сончоглед по улица и едноставно да сум во кожата на јас дете бидејки ми фали цело детство, ми фалат дури и тешките времиња од детството..

    ...сакам и да сум во средно кога се осекав најлошо во своја кожа а сепак имало убави мигови и сега се би дала барем уште еден ден да одам накај школо поспана и да се секирам дали ке бидам испрашана. Ми фали времето кога излегувавме во средно и имаше секакви дешавки, ми фали кога си одевме за Македонија и да ја осекам таа еуфорија леле за викенд во мкд излевање, дружење итд.

    ...сакам и ми фали и кога студирав а од тој дел ми фали многу да станам, да пијам кафе, да се спремам и одам на предавања па да влезам во предавална со кафе и голема мапа и да се осекам битна бидејки сум примерна студентка. Ми фали да учам за испит и таа еуфорија кога чекам и конечно ке објават резултати. Ми фали кога после предавања одевме на кафе секој ден со другарками на исто место во исто време и праевме исти муабети по 2 саати кукавме кој пишал кој не пишал кој ке ни пише итд.

    ...ми фали и кога конечно почнав да работам по струка па таа гордост, таа радост, тоа чуство кога работиш нешто што сакаш (уште го работам ама од друго место и со други луге), ми фали животот од лани.

    .... ми фали животот од пред да се омажам и имам дете иако сега ми е многу убаво а и ке ми биде уште поубаво ама ете....

    од секогаш со мислите сум во минатото. Навечер легнувам и заспивам така што бирам дел од животот и ги замислувам тие мигови како ги живеам пак. Еден ден и денешниот ке го замислувам и сум свесна дека не ја уживам доволно сегашноста и еден ден ке ми фали. Ете тоа сакав да кажам.

    Лека ноќ :l:
     
    На pdb123, Anie93, Bratot и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    15.954
    Пол:
    Машки
    Молови сме имале одамна, памет сме немале да го задржиме тоа што го имаме.
    742.jpg
     
    На GymGirl❤, Sophitas, Anyshka и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.094
    Допаѓања:
    3.163
    Пол:
    Машки
    fun fact

    човечкиот мозок процесира 11 милиони битови во секунда (несвесно се разбира)
    свесниот ум процесира само 40-50 битови во секунда...
     
    На Herrera, marsilia, INNERBEAUTY и 2 други им се допаѓа ова.
  20. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.520
    Пол:
    Женски
    Колку часа и да спијам на вакво време сум како утепана. Нула енергија, очите сами ми се затвораат, не ми се прави ништо.
    "Завидувам" на луѓе што имаат енергија на вакви дождливи, тмурни и депресивни есенски денови.
     
    На GymGirl❤, SummerGirl и Kumanovkaa им се допаѓа ова.