Пред скоро месец на улица видов деца на околу 13-14 години со цигари. Пред 3 дена девојчиња на автобуска низ смеа си коментираа како некоја имала мака со стомакот. Денес еден тинејџер лошо застанат на скалите во автобусот го клоцаше другарот и можеше да го бутне, а со него и други патници. Кога се расипаа младите волку? Кога почнаа родителите да потфрлаат волку? Не дека немаше вакви деца и родители и порано. Имаше. Но, сега се повеќе. Тешко на светов со вакви.
Ми фали времето кога како деца игравме разни игри надвор - криенка, брканица, сакате ли војна, народна, долга магарица, ластик, карти, и др. За жал, со технологијава тоа се изгуби. Ја нема веќе таа дружба. Денешниве деца немаат такво детство.
Видов некоја реклама на телевизор за Ѕвезде гранда и се прашувам до кога на Балканов ќе се тера таа пластична кич "убавина"? Секоја втора гради со силикони, филери во уста без усул - duck face, надградба на коса до задник и пржлосани плавуши со глуп подтон на плава нијанса што личи неприродно, нокти - канџи, шминката - да блешти што повеќе. Облеката приказна за себе: демоде кратки и тесни фустанчиња и штикли од 15cm што се носеа пред 10+ години, но на Балканот модата е заостаната некаде во 2010. Млади девојки во рани 20ти, со толку лоша шминка, облека и корекции личат на добро одржани жени во 40ти. Не изгледаат на млади девојки, личат на теткици. Што ќе ви се ботокси на 23-24 години? Се изгледа толку евтино, кич и смешно, никаква елеганција и природна убавина. На Балканот како народи во глобала сме природно убави народи, не ми е јасно зошто се изобличуваат девојките и зошто се промовира ваква неприродна пластика на Балкан.
Многу е лошо кога заради едно парче земја роднини не разговараат. Секогаш мора да има некој кој се лакоми за да земе повеќе или за да земе се.
Добро бе, дали и дома место у шоља мочате на плочки? Не пуштате вода? Хартијата си ја фрлате онака лабаво доле? Не не сфаќам... Па машкото вц да е почисто од женското???? Аман бе жени аман... П.с. и утре кога ќе кажете дека не е исчистено, нема хигиена, прљаво било, гнсно било, смрдело... Еве сетете се на овој пост, па сетете се дека тие ваши мочки(што ако се туѓи ќе ви сметаат) ги брише некој, секој ден... За вие да не кажете не е чисто!!! Вир бе вир од мочка...
Има денови кога велам фала Богу што сум се родила како женско. Ама, кога треба да добијам и добивам менструација, си велам оти не се родив како машко. Офкам, се нервирам. Ме боли, се виткам. Едвај мрдам или ич не можам. Моите баби од рајот (жени кои со добиено копале бавчи и ниви и трчале по децата):
Многу ми е тешко секој пат кога правам чистка на плакарот. Колку и да не ги носам веќе некои работи, ме потсетуваат на некои моменти од минатото и како да сум емоционално поврзана со нив. Не знам зошто сум ваква. Сепак, горда сум на себе што конечно денеска се ослободив од некои парчиња облека што со години ми фаќаа место. Време е да се направи простор за нови и поубави нешта.
Среќна сум што пред година ипол кога почнав на прво работно место по струка до сега на второ работно место, имам плата поголема за 10.000 денари. Трошоците се многу поголеми да, но се осеќам дека моментално се наоѓам во таква позиција каде што од пролет платата ќе има простор да расте.
Ми фалат секојдневни мубети со тебе, слушање по телефон, ми фали тоа да те гушнам силно и да не те пуштам 5 минути пред да си одиш. Сакам да ти се јавам ама ме фаќа страв дека ти сметам. Иако кажа кога сакам да те барам.
Завчера попладне излегов да се прошетам и да си купам ситници. Влегов во Офис Плус и што видов... Една група на деца правеа преголема врева, трчаа низ дуќанот и им попречуваа на други муштерии. Фаќаа куп ствари и зборуваа глупости за други деца. Зборуваа како за животни, како да беше нешто смешно. Продавачката со фин тон им велеше да се стишат. Не ја послушаа. Дојдоа до касата и продолжија со лошото прегласно зборување. Страшно е да се чујат такви гнасни коментари од секого, но најмногу од толку млади луѓе. Злобни луѓе во најава. И после некој ќе рече зошто не нè бива. Еве зошто. Затоа што родителите не умеат да бидат родители, па децата од мали се расипуваат и се претвораат во чудовишта. А, едноставно е. Ако не знаеш да го воспиташ правилно, тогаш е поарно да не го ни ствараш. Инаку, јадни и невини ќе страдаат поради вакви.
Сакам да се вратам на 18 години . Би сакала да беше мој сега..со мене да беше у врска .мене да ме сакаше Би сакала моите заби да си беа уште...а не мостови и навлаки. Многу невозможни работи сум сакала бре јас ццц.
Многу ми е интересно како кога ќе објавиш цитат на Инстаграм на стори или нешто слично добива -3 прегледи, а кога објавиш слика со некого наеднаш гледаш 500 прегледи бувнале, никнуваат ко печурки ликови што многу ретко или никогаш не си ги сретнала да ти отвораат.
Знам дека никогаш нема да се случи во светот ова зошто луѓето се опседнати со следење туѓи животи, ама попаметно нешто не сум видела на тикток подолго време.
Иднината ни зависи од она што го правиме во сегашноста. Точно дека не знаеме колку ќе ни трае животот. Го имаме само овој момент но тоа не значи дека не треба да размислуваме и носиме одлуки кои ќе влијаат на нашиот живот во наредна година, две, пет, десет... Да не биде во својата старост да се каете за она што (не) сте го направиле во својата младост.