"Попустите" во Македонија се загреота. Напишале за Блек Фрајдеј - до 40% попуст на одредени парчиња од колекцијата. Одиш таму, намалени некои летни маички на прерамки од пред 2 сезони останати, а се друго изгор скапо. Толку е тешко на цела колекција или сметка да се стави 20-30% попуст од сумата или некоја акција како што беа некаде плати 2, земи 3, а не само на одредени 5 парчиња попуст, па уште и толкави наслови ставени мислиш бог знае што цени намалиле? И 20% на се е малку ама се исплати повеќе од тие до 40% попуст на одредени парчиња што никој не им ги ни купува, само да се лаже народ. Турканиците што беа во одредени продавници како нешто бесплатно да се дели, а не како да се намалени парчињата смешни 200, максимум 300 денари ме остава без коментар. Сиромашен народ сме, секој гледа да заштеди бар и 500 денари, а "брендовиве" со смешните попусти како да ни се потсмеваат... Се е жално во државава наша. Дури и еден обичен Блек Фрајдеј.
Постајат различни луѓе, карактери, гледишта, разбирања и не(до)разбирања, а потоа постојат луѓе што се полни со с*ања и оние што не се.
Гледам тв. Во емисија за Италија зборуваат за тамошен град. На жителите им скиснало од мафијата која владеела таму и решиле сами да преземат нешто кога власта и полицијата не се замарале. Си направиле здружение и и направиле планови за справување. Во Обединетото Кралство тек сега почнаа да ги сфаќаат штетните ефекти од една мафија. Во Севернава упорно се молчи и покрај милијарда злодела на мафијашите во Собранието.
Балкан, вукојебина каде понижуваш сиромави, просјаци, роми, ментално оболени баби, деца што просат на улица, ги прашуваш глупи прашања, што после факс, дали имаш женска, наброј ми пет животни, додека ги снимаш со мобилниот у фаца, а одоздола малограѓани и малограѓанки ги дркаат на тебе, и на нивната малограѓанска, паразитска супериорност, спрема општествениот отпадок, оние кои се отуѓени затоа што немаат, и никогаш нит ќе немаат. Балкан, каде вистинските гомна се исмеваат испод видеа на мачени души, кои се толку интелигентни, генијални, и во сета нивна болка, толку ненормални, затоа што се премногу нормални. ,, Moj zivot je cardak. Ni na nebu, ni na zemlji. Imagination - Depression.,, Пу јазк.
Ги гледам нашиве генерации со 30,35+ и се повеќе сфаќам оти сме олд тајмери. Затоа внучка кога ќе ми спомни тик ток кожа ми се ежи. Не можи да разберам како им е тоа бе интересно, озбилно? Ништо поразличен од фејсбук според мене, можи плус со одредени бенефиции ама горе доле тое едно исто, само разликата е во платформите.
Не значи дека некој треба да се пронајде во нешто за да искоментира и даде критика. Има нешто што се вика објективно мислење. Не си засегнат и не рипаш, само појаснуваш некои работи така од страна, непристрасно гледано.
Декември, ме гушиш 5 години по ред. Други ти се радуваат, а јас не можам. Кошмар си ми. Болка си ми. Празници идат, а јас се кршам. Ме потсетуваш дека ги нема двајца од блиските. Ме потсетуваш колку смртта може ненадејно да се приближи. Само што дојде, сакам да си одиш.
мислев ако доволно се потрудам,на крај ќе видиш каде грешиш, поправиш и почниме од почеток. Сега гледам секој сон е претворен во илузија а ти не си она што мислев дека си и тоа боли неопишливо мн. Еј до толку ли неможиш да процениш и дојдиш во ситуација кога е потребно твоето присуство ? според мене нема многу што да си кажиме освен полека да свириме крај .
Дали и вие си купувате новогодишни благи во форма на дедо мраз и сите такви слични благи за овој период наменети за детски пакетчиња, иако сте 20+ години?
Денеска му е роденден на човекот што го сакам највеќе на цел свет. Мојот херој. Мојот столб. Мој идол. Цел живот да сакам да ти го дадам што ме направи личност како што сум сега, нема да можам. Ти ме научи на многу работи, а мал дел од тие работи е да си го сакаш и цениш семејството, да работиш чесно, да не се откажуваш од твоите сонови, дека ти си чист пример за тоа - цел живот си се борел да успееш, па фала Богу успеа во твоите 50те години, а сега ми полниш 54! Со мерак те гледам како уживаш сега во твојот живот, заедно со мама! Конечно дојде и твоето време татичко, сега му е мајката!!! Среќен, најсреќен да ми ти роденденот татичко, да си ми жив и здрав секогаш!! п.с - знам дека ја чекаш најубавата вест да ја слушнеш, ама јас силно верувам дека ќе ја слушниш за многу брзо, Aмин!!
Не знам како може да чека некој од advent календар ден по ден да ги отвора прозорчињата. Ако не ги отворам одма сите да видам што ставиле во календарот, ќе го мислам само тоа. Немам трпение да чекам цел месец.
На крајот на годината, на женски форум... Категории: 1: Најпопуларна членка, 2: Членка со најдобар вкус, 3: Најпаметна членка, 4: Најзабавна форумџика, 5: Најдобра другарка , 6: Членка со најдобра душа, 7: Најдиректна, 8: Најпаничарка , 9: Најдрска 10: Најмузикална... итн, итн, итн..... сите останати членки и категории... 101: Мажи.
ПОЧИВАЈ ВО МИР ВАЊА...НЕ ЗНАМ ДАЛИ ТОА ШТО НЕКОЈ БИ ОДГОВАРАЛ И КОЛКУ ТОА БИ ТРЕБАЛО ДА БИДЕ, БИ СМЕНИЛО НЕШТО ПРЕМНОГУ, АМА НИЕДНО ДЕТЕ НЕ ЗАСЛУЖУВА ДА ЖИВЕЕ ВО СВЕТ КАДЕ МОНСТРУМИ ШТО НЕ ЗАСЛУЖУВААТ ДА СЕ НАРЕЧАТ ЛУЃЕ ПОСЕГНУВААТ ПО ЖИВОТ НА ЕДНО ДЕТЕ, ПОРАДИ ПОСТАПКИТЕ НА „ВОЗРАСНИТЕ“, ЗНАМ САМО ДЕКА Е НИВНА ОДГОВОРНОСТА ДА БИДЕ ПОИНАКОВ... ДУША