Многу сте директни вие и без влакна на јазик, сакате искреност... се додека не е во прашање некој што ви се умилкува и со кого ви оди муабетот awww bff
Кога ќе надојдат несреќи, војни, убиства и секакво зло, тоа, драги мои, не е затоа што нема Бог. Тоа е затоа што човекот во себе го нема Бог.
Ми зборат за прослави, а мене ми се плаче. Тера месецот кој ме боде, потоа ќе дојде месецот кој ме тера да посакувам да не ги отворев очите повторно. Ако одам, ќе треба да зборам и да се смеам. Периодов не го можам тоа.
Баш кога си спиен 3 часа само, изгледаш утепано, набрзина си излегол од дома за да не касниш, косата ти е никаква, е тогаш ќе ги сретнеш сите луѓе што со години не си ги видел.
Слепа верба во системот едно големо НЕ! Никогаш не оди против, но, немој ниту покорно да климаш со главата согласувајќи се со сешто ти е посеано. Првата реченица од професорот по уставно право и криминологија, која ми е ѕвезда водилка низ животот.
Последен поздрав до моја драга личност Трета личност со која не си оддадов последна почит поради мојата посрана работа . . . .. . . . .
Никогаш не сум бил приклоник на „златното правило“ :“ Однесувај се кон другиот онака како што сакаш другиот да се однесува кон тебе“, затоа што ПРЕТПОСТАВУВА дека другиот и јас сме една иста личност, дека тоа што другиот го сака или не го сака, е истото што и јас го сакам или не го сакам. Во „златното“ правило има еден скриен фашизам, бескрајна самобендисаност и убеденост дека сите се како мене. Повеќе верувам во комуникација, договор и многу обиди: да, верувам во разбирање пред претпоставување...
Скопје , во зима, ноќно време, изгледа како ентериер на студио на пост-апокалиптичен хорор-сајфај. Непрегледноста и смогот одаваат впечаток на немање хоризонт, како да си затворен во студио, но, не си сигурен, бидејќи ги нема ни актерите ни режисерот и секако нема никаква приказна, или станува збор за некаква натуралистичка драма без некаков разумен заплет..Нерамномерната осветленост дава впечаток на напуштен зомби град каде само неколкумина преживеале,а забрзаните минувачи, поради студот, како да се нереални холограми кои се проектирани од некоја друга рамнина, надвор од студиото, или имаат глич во биосот, па се нашле на улица...Има само бесконечни редови на маркети, обложавалници, коцкарници и продавници за мобилни телефони, никаква вредност, само купиј за поевтино и продај за поскапо, мобилниот ти служи да побегнеш во лажната достапност на информации и во ограниченоста на „твојот круг“, некаква сигурност дека имаш „живот“, некаква топлина, а апаратите во коцкарниците лажна надеж дека следниот пат ќе свртиш и ќе си ги повратиш парите и ќе го „надитриш“ системот, или ќе бидеш полукав од оној што до таа коцкарница, сакал да купи евтино на големо и да продаде поскапо, или уште подобро, дека следното вртење на апаратот, ќе те однесе во некој паралелен универзум каде ќе го нема овој ентериер, надвор од ова студио, и ќе живееш некаде од другата страна, надвор...
Купување, пакување и подарување новогодишни подароци ми е една од омилените работи. Толку избор има што да се купи и подари за овој повод, креативноста за новогодишни производи е на високо ниво.
Крај на 2023 е, ама хемија и токсикологија и понатаму остануваат најнесфатените науки за просечниот човек.
Последна Нова Месечина од оваа година, да направиме и еден рекап, и со тоа завршуваме. Катарзата е постигната, сите фази на прифаќањето поминати. Спојлер: . Пред некој период беше, некој рече верувал во теорија за селекција Е тогаш од култура и љубов према човештвото ваљда, премолчав, сега веќе кажувам, И ЈАС исто.
Спојлер: . Имаше една мудрост, Некои луѓе се толку сиромашни, се што имаат се нивните пари. Е ова е мудрост навистина, и жива вистина. Сега инспирана од ова би додала, некои луѓе се толку сиромашни, се што имаат се нивните лаги. Ама ова дека ипак Тик-Ток генерација, со таков левел и капацитет на (не) разбирање и (не) мудрување, притоа парадоксално и "мудрување" 24/7 без престан,... Така што ај за колку толку да се сфати. Некои луѓе се толку сиромашни се што имаат е нивната делулу(жаргонски за делузија нели) во коjа што си живеат. Односно, најкратко и јасно, некои луѓе се толку сиромашни се што имаат се нивните глупости.
Крај на 2023, повеќе падови отколку успони. Вложено и посветено време за личности кои не биле тука кога ти било најпотребно. Крај на 2023, најдобро донесена одлука за прекин на нешто што го посакував одамна, да, ми падна една тежина од душата Крај на 2023 со надеж за поубава и посреќна 2024
Порака до себе: Престани да купуваш 100 глупости од препаративна и декоративна козметика, веќе немаш полици каде да ги чуваш работите. Пола работи на крај одат во канта зошто не знаеш да трошиш пари одговорно. Што ќе ти се 50 лакови за нокти, 5 пилинзи за тело, 15 парфеми, 5 лосиони за тело, 30 кармини? Никогаш нема да ги потрошиш, џабе фрлени пари. После пак кукај дека се си истрошила и фрлај производи што нема никогаш да ги дотрошиш или со сила троши ги и нервирај се што рокот им е при крај, наместо со ќеиф да си ги користиш. Во 2024, да прекинеш да купуваш работи што не ти требаат и да се уозбилиш, не си тинејџерка веќе, треба поразумно да трошиш и купуваш работи во животот. А, не вака, при секој стресен ден, одам карминче да си купам и 50 работи што не ги планирав, да сум се расположела или го видов тоа дека го рекламираат на инста, морам и јас да го купам. Расположи се на попаметен начин, не со трошење на секој денар од новчаникот.
Пичка ви материна, секоја година ве изненадува снегот. Од што сте изненадени оставивте туристите со мали деца да ни се заробени на езеро, со тотално непрооден пат Говеда говедосани, 25 сантими снег има, нема метро ипол